Да сум размислувала и порано иако сум доста млада, но сега пред месец дена го изгубив татко ми и нормално после загубата на блиска личност дека ти надоаѓаат и такви мисли за самиот себе, шта би било кад би било. Мене воопшто не ми е језива темава бидејќи тоа е нормален дел од животот на секој еден жив човек, и мислам дека не постој личност што нема помислено на тоа. Можеби не е убава тема и за поединци е језива, ама не можеме да бегаме од вистината и да мислиме дека нас тоа нема да ни се случи, од тоа и од таму никој ниту избегал, ниту па ќе избега.
Не реков дека треба да се бега, туку да се размислува на убави, позитивни работи. Кога е пишано да се деси, ќе се деси секако па зошто тогаш непотребно да се измачуваме со тоа.
Да. Не сакам кукумафки на гроб. Не сакам ни храна во менза. Кој му се јаде дома нека си јаде, сакам капела, погреб, па у некој џез клуб на точено пиво во мое име и чат пат канапеи да има. Да се збори за глупоштините што сум ги сторила во животот, грешките сама ќе си ги кажам. Да се смеат, да наздрават, не да ми плачат. Животот и без тоа знае да е полн солзи.
Ќе се среди тоа. Ама,рано е.Бог да чува ! Млада сум,си го живеам животот иако ми е претежок.Имам многу време да мислам што како за стари години.
Интересна или не интересна, помалку или повеќе интересна во зависност од годините(за што воопшто не се согласувам со оглед што се повеќе се намалкува возрасната граница на морталитет во последнава деценија) сепак е тема за која секој од нас понекогаш се подзамислил.
Хаха зашо бе измачување, кога ќе подразмислиш можда ќе ти се пројави некоја желба што ќе ја оставиш како аманет, ете како за последен пат како би сакала да те испратат на последното патување.
Jas odamna imam zelba da napisam kniga za se sto mi se slucuvalo vo zivotov,ubavo I neubavo,I sa se izdade orkako ke umram,imam mn rab sto mi gi napravile najbliskite uste od detstvoto,nikogas ne sum zboruvala za toaama ostavile teski posledici na mene,ustvari sakam da gi napravam site niv slavni posle mojata smrt,I da bidat primer za mnogumina takvi
Суморен настан се погребите, особено на млади личности и деца , и воопшто не сум размислувала за својот. На мртвиот ништо не му значи, повеќе е за живите погребот да се збогуваат ритуално. Порадо би да се донира телото во научни цели, отколку веднаш да се стави во земја. Овде каде што живеам , доминира кремација на телата, ради традиција и природни услови.Не знам што прават со пепелта потоа, да живеам со пепелта од мртво тело во близина, не би. Растурање на пепелта или положување на урната некаде ми е подостоинствено.
Не сакам погреб и некој да ми глуми на гробот дека ме сакале па ке ми плачат и палат свеки Сакам да ме кремираат и пепелта да ми ја растурат во Охридското езеро! За мене се глупости тие раздавањата за душа , тоа дури бил жив човекот не му го давале откако ке умре ке му раздавале за душа
Сум размислувала на оваа тема да иако повеќе размислувам дали ќе има некој да ми ја исполни мојата последна желба. Кога би имало и би ми ја исполниле таа желба би било супер. Не би сакала да ми делат храна би сакала само да се сеќаваат за мене на мојот живот и животни случки. Да им оставам спомени и мирен живот за нив.
Сум да разм...на оваа тема . И тоа дека нема да ми дојдат мн и за кратко ќе ме заборават иако сум толку млада . Ме фаќа еза додека го пишувам ова . Можда сега кога ќе заспијам нема да се разбудам .
Ne .iskreno seedno mi e . A i mozi nema da imam normalna starosna smrt pa da razmisluvam na toa . Nema da sum ni prva ni posledna .. Zaludno potroseno vreme i energija e da se razmisluva na takva beznacajna glupost . Pojke razmisluvam kako ke go proziveam zivotot posle site slucki .
Кремирана сакам да бидам,а ако не е можно телото на студенти за учење,или пак органи да се донираат.Не сакам раздавање храна и слично,парите наменети за тоа да се донираат каде има потреба.
Јас сакам лакови за нокти ако на другиот свет нема кој да прави маникир, си ја сакам пеглата за коса и еден убав апарт да си се сликам, а од гардероба по можност во сукњичката моја омилена и кошулата
Темава баш си е на место. Јас сум размислувала за мојот погреб. Верски обреди ни под точка разно. Строго против. Директива кај што треба. Ни ручек, ни раздавање.