Па што знам... некои работи ми идат перфектно во животов, но некои... никако ни да тргнат Би рекла половина среќна, половина не среќна звездичка
Дефинитивно не,Значи секогаш нешто мора да ми се искомплицира,иако имам моменти кога многу ме послужила среќата,па си велам и јас сум имала среќа,ама тоа е многу ретко
Според дефиницијата на Unfaithful18 не сум баш ама според мојата дефиниција мислам дека сум си родена под среќна ѕвезда
Па сметам дека сум родена под среќна ѕвезда - никогаш ништо не ми фалело, не сум се измачила во споредба со други. И тоа го сметам за среќа. За љубовта не сакам да зборувам - немам среќа. Не сеуште
Дефинитивно не сум родена под среќна ѕвезда. Уште од мала само ме спопаѓаат некои лоши работи, среќа во љубовта имам од скоро, инаку ни на тоа поле не сум имала никогаш, ама со проблемите, не знам дали да го наречам тоа среќа. Тие го уништуваат моето расположение, а со тоа јас ја уништувам љубовта и го повредувам мојот сакан-мојата светла точка. Инаку, толку сум гиле баксуз, што цел живот за сите работи го избирам несвесно потешкиот пат.Нешто неверојатно.
јас сум некде н средина помеѓу среќната и несреќната...некогаш среќата баќ знае да ме послужи...ама следен пат па и да се пресметаат со другана ѕвезда...
зошто да биде обично кога може да биде комплицирано а? а не мислите која монотонија ќе биде во вашиот живот доколку е се ок? Јас сум задоволна од мојот живот. И јас под среќно небо сум родена не само под среќна ѕвезда
Денеска сум убедена дека сум родена под среќна звезда Ама во глобала пола среќна пола несреќна звезда си имам
Порано мислев дека сум родена под среќна ѕвезда ама сега сфатив дека се што сум постигнала било исклучиво со мој напор и труд, а не на среќа.
Дека сум родена под среќна ѕвезда тоа не. Но ми се случуваат некој среќни работи од време на време или како што јас си викам во секоја среќа има и по малку несреќа и во секоја несреќа има и по малку среќа. Е баш вака е кај мене!
Воопшто не мислам дека сум родена под среќна ѕвезда.Кога ќе го искоментирам ова мајка ми ми вели:Не се секирај среќата допрва те очекува........аа ај баш да видиме де
^Па сепак не може се да ни биде само убаво и да ни оди како подмачкано нели?Сите имаме среќа во умерена доза!
според мене среќна ѕвезда имаат оние кои претходно имале многу искуства и низ свашта поминале.. засега немам.. ке покаже времето во некои ситуации знам да бидам и среќна и несреќна зависи..