Ако размислам подобро сепак се сведува на тоа дека се што сум постигнала било со труд и воља иако на моменти можеби сум помислувала дека сум со среќна ѕвезда)) Прочитав еден убав коментар на темава и апсолутно го подржувам,дека нема среќен живот туку среќни моменти.
Често велам - кога сакат да се склопат коцките....можеби има и некоја мала среќа ама сепак мислам дека без труд, упорност и јака воља тешко дека ке постигнеш нешто во животот. Нема ништо поубаво кога ке го видиш резултатот на сопствениот труд
Често велам - кога сакат да се склопат коцките....можеби има и некоја мала среќа ама сепак мислам дека без труд, упорност и јака воља тешко дека ке постигнеш нешто во животот. Нема ништо поубаво кога ке го видиш резултатот на с
јас сигурно не сум. не викам дека сум несреќна секогаш има понесреќни но не сум ни под среќна ѕвезда родена. Туркам низ животот, цел живот се борам.
Не,не сум родена под среќна ѕвезда,животов ми приреди многу лоши работи,неправди и што ли не. Но, продолжувам да се борам и секогаш кога ќе ме срушат,отпоново да се кренам. Продолжувам да се смеам и покрај се.. Се што сум постигнала досега било врз основа на мојата упорност,труд и позитивен став и горда сум на тоа.
Не знам дали сум родена под среќна ѕвезда знам дека сум здрава, способна и разумна и секогаш се извлекувам од калта, вака-така си се снаоѓам. Среќата зависи и од мислите, од надежта ако се надеваш на позитевен резултат и имаш позитивен став кон нештата тогаш ќе испаднат онака како што си очекувал, ако не секогаш постои план Б т.е нова опција и нова надеж.
Не сум баш под срекна ѕвезда родена оти било која работа да сакам да ја направам треба прво многу да се измачам па да успеам никогаш од прва нешто не ми успеало,секогаш сум три чекори напред,два назад
Не можам да се пофалам дека сум родена под срекна ѕвезда се со маки,нервози,плачки и ринтајки ги буткам работиве напред.Сум била во ситуации и да молам само да биде работата.Од прва никогаш не ми тргнуваат работите.
Не верувам многу во такви мубает, среќна или несреќна ѕвезда, сеедно! ЈАс мислам дека среќни сме толку колку што заслужуваме, толку колку што можеме сами да се усреќиме, среќни сме толку колку што знаеме да се радуваме на животот, а не верувам дека се’ зависи од ѕведата и не верувам дека некој може да биде среќник или несреќник баш заради ѕведата! Сум забележала дека понекогаш ќе ме затепа малер,ама претпоставувам дека е лош период а не дека е несреќна ѕвезда! Периодот на среќа пак си го објаснувам со тоа дека сум заслужила, дека сум се потрудила и дека ми оди од рака во тоа време... така да според моите верувања нема значение ѕвездата!
Не сум. Кога сум се родила јас,среќната ѕвезда отишла на кафе. Ама тоа е...Затоа мора да се потрудиме самите да ја создадеме таа среќна ѕвезда.
дека сум родена под срекна звезда сум ама или нешто јас одам со главата во зид последно време, или нешто звездичкава почнала да штрајкува незнае што е причината
Јас? Под среќна ѕвезда? -Никако. Жив баксуз сум, роден малер. Доволно сум искусила да знам дека во ниту еден случај не сум ксметлија.
Не баш. Ретко која од работите ми успеале од прва, во се сум вложувала голем труд, често и многу нервози. Понекогаш сум останувала и со празни раце, и покрај сето тоа што сум го вложила, и покрај силната волја за да успеам. За некои работи сум вистински баксуз. Но, таков е животот, а јас не губам надеж и волја.