Сум,тоа знам,ама на моменти кога ми се чини дека цел свет ми се врти на глава заборавам на тоа и се преокупирам со непотребни ср**а. А од друга страна, мојата потсвест си знае дека се е во ред и дека нема место за востанија ,ама ете,импулсивноста ќе си го направи своето , јас ќе збеснам и потоа, ко од шега ,проблемите исчезнале на мистериозен начин, а јас само сум се изнервирала и со прст не сум мрднала за да сторам нешто полезно . Значи , да ,воглавно...
Не верувам во работи како среќна ѕвезда, or something .. Сите заслужуваме среќа и ќе ја добиеме, понекогаш поминуваме по долг и тежок пат за да ја најдеме, за потоа вистински да ја цениме. Може да ми биде подобро во животот... абсолутно. Може да биде полошо... без сомнеж. Ама сега за сега... life's good .
Немам среќа...барем не така на готово да добијам некои работи. За се сум требала да вложам голем труд па да го добијам тоа!
Ма каква среќна ѕвезда какви бакрачии.Додека не си ја испотам г`зицава ништо не постигнувам ,не ми оди подмачкано ништо, за да можам да се тешам дека сум родена под среќна ѕвезда.Се постигнувам со тродупло повеќе труд од некој други во мојата близина.Ама ај тоа е тоа, се навикнав веќе па не се жалам.
Читав некаде дека, според старите африкански пресметки на времето, годината кај нив имала тринаесет месеци, од кои токму тој тринаесетиот месец го сметале за свет месец. Сите родени во овој месец, биле познати врачари на племињата, бидејќи ѕвездата под која се раѓале им давала моќ да ѕиркаат во иднината, во минатото на луѓето, да претчувствуваат и знаат многу повеќе одошто обичните. Но, колку што таа моќ на овие луѓе била голема, толку мала била среќата во нивниот живот, за што повторно била виновна ѕвездата во чија закрила се родени. Па и јас, доколку живеев во тоа време, веројатно ќе бев оној нај несреќниот know-it-all врачар, кој од се што знае, единствено не знае како да ги пререди плочките од црниот пат и да состави нова траекторија.
Дефинитовно не сум... Единствено од набројаново имам среќа во учењето... А и не би го рачунала тоа како „среќа“ учи и знаеш тоа е...
ако се рачуна тоа од колку страња се имам извлечено во животот на среќа па тогаш сум родена под среќна ѕвезда инаку како што велат има некоја ѕвезда мн.е мила сите тоа ми го велат и дека давам позитивна енергија абе убаво се чуствувам така кога ќе ми речат
НЕ,НЕ,НЕ не сум родена под среќна ѕвезда!!!! Од таа моја проклета `среќа` секој ден плачам како мало дете :'(
Ептен, што да кажам...една среќна ѕвезда..од што свети, не гледам. Шала на страна... Порано имав поголема среќа-се спасував од испрашувања, ми се погаѓаа лесни прашања на колоквиуми или се паѓав во полесната група, имав среќа при играње бриџ (џокер влечев баш кога ми требаше хант да направам), фрлав змиски очи на табла во прав момент, инаетот ми успеваше и беше по мое...а сега некако малку ѕвездава касно пали...треба малку повеќе да почекам па да светне. Не дека ми е лошо нешто па сега кукам и жалам, ама за некои работи се изначекав, а некои уште ги чекам.
Па баш и не.. Али кога ќе ми текне дека има полоши од мене.. голи, боси.. Ако не др. барем имам сестра со која можам да се , па после да , па , па после неколку саати . Да оговарам.. Ипак среќна сум со тоа што имам покрив над глава, и уште некои ситници што ме прават . Spoiler малце офф.
Посреќна од мене нема. Секојпат кога ке имам среќа кога би се појавувала една ѕвезда, во минус би отишол цел универзум.
Хахаха добро опишано. Јас мислам дека сум доволно среќна, бидејќи се што сум посакала кога тогаш сум го имала, но секако и сум знаела до кои граници да посакам, да посакав авион сигурно нема да го имам