Дефинитивно не! Среќата не е мој верен придружник али се надевам секогаш дека убавото допрва доаѓа! до тогаш//довидување!
Сега за сега ништо што ми се има случено не ме наведува кон тоа се надевам дека во иднина ќе се семни нешто.
хахаха далеку од тоа сум јас најневозможна ситуација што би се случила,верувајте мене сигурно не би ме промашила до тој степен сум родена под срекна ѕвезда само си се тешам,си викам најдобрите го поминуваат најтешкиот пат,затоа ти се случуваат тебе сите бош ситуации колку да не си признаам апла кој срекник сум,си се лажам одвреме на време,се додека не е крајно заникаде се
Далеку од тоа да сум родена под среќна ѕвезда. Може еднаш или два пати во живот ми се насмевнала среќата од старт инаку се друго во животот го имам поминато по потешкиот пат. Дури им „завидувам“ Spoiler завидувам позитивно на некои луѓе кои среќата ја имаат пред да започнат нешто и се им оди од рака.
Хаха ба не знам за нешто сум за нешто не сум. Во школо имам многу многу среќа, кога не знам а испрашуваат секогаш се спасувам некако с е к о г а ш!Имам мислам дека и во пријателството среќа, што имам многу пријатели покрај мене. А во љубовта неам па ич среќа!
Камо да бев родена под среќна ѕвезда..кај се фатам се се суши..јас и среќната ѕвезда се 2 различни света
Јас за себе мислам дека не сум родена под среќна ѕвезда.. Учам, но немам голем капацитет. Во љубовта: Сум имала многу понуди, но пола од понудите се од погешни личности. Општо за животот мислам дека можам да бидам посреќна, но знам дека има и многу полоши ситуации од моите, па тоа ме теши. Иначе нова сум на сајтот и мислам дека моите совети ќе ви помогнат, а се надевам дека и вашите ќе ми помогнат мене.
Не верувам дека сум родена под среќна звезда,немам среќа во ништо до сега.Таман ке помислам супер се среди све или слично мора да се деси нешто и се да се уништи.Мислам дека под несреќна звезда сум родена