сега за сега мислам дека не сум Ама ајде можи мојата ѕвезда ќе се покажи понатаму има време пуста надеж
На моменти да, на моменти не Не знам, што сум жив баксуз, сум, тоа е веќе многу пати докажано , што секогаш потешкото свесно или несвесно го одбирам или ми се случува, и тоа е точно, и што работите ги учам откога ќе се изгорам, и тоа е точно. Така да, може мојата среќна ѕвезда спие, или ме заборава на моменти
Сите ми викаат дека имам среќа во г* за некои рабоди дефинитвно, особено во игри на среќа. Имам и те како Не се жалам добро е нека продолжи само така
Морам да те исправам кога кажа има и болни луѓе а дали знаеш дека тие луѓе имаат многу среќа, дека имаат таленти но кај нас не се гледа така болен е и крај нели е не е, а имаат и ксмет многу работи им одат од рака така речено.
Па денес да си роден под среќна звезда значи да чичко Грујо ти е кум а компанијата кој тетин, кој сват, кој вујко па може и некој од Америка Се додека вложувам труд и гледам фидбек јас ќе сум среќна во комбинација со добро здравје. Сето останато е пролазно и се прави
Само за љубовта можам да кажам дека сум родена под среќна ѕвезда. За се друго-немам среќа,баксуз сум голем и тоа.Морам да се потрудам за да го остварам
Не баш. На пример учењето ми оди од рака, ама морам да се потрудам. А поле на кое што немам среќа, е за жал љубовта.
Ако станува збор за игри на среќа, училиште и работи каде некој треба да се истакне да, ако е за љубов не
За повеќето работи комотно можам да речам ДА ама за неколку НЕ - за жал една од нив е дел од моето секојдневие(најважнотот), но пак со позитивни мисли и труд во животот ќе се потрудам се да ми биде како под среќна ѕвезда
Ами ДА! Имам среќа и во учење и во љубов. Така да би можело да се речи дека сум родена под среќна ѕвезда
Дефинитивно ДА... како и да е може не ми одат сите работи од рака но сепак.. верувам дека ќе ми одат Оптимист во душа!