Се согласувам,животот не би бил толку интересен ако се ни е на послужавник и ако нема падови и црни периоди...
не мислам, сигурна сум дека сум родена под среќна ѕвезда зошто што и да сум помислила се остварило како некој да ме слуша што сакам
Воопшто не сум. Значи реченицава роден под среќна ѕвезда,порано ја сфаќав како некое клише,без веза,ама увидов дека и не било баш така. Јас сум типичен малер,ако нешто треба да се случи наопаку,мене ќе ме избере да се случи Додека пак на некои им е се како подмачкано.Иако никогаш нели нема ништо иделано,секаде нешто фали,навистина помага да имаш малку помош од животот.
Јас родена под среќна ѕвезда не долази у обзир значи тоа шо ми се има десено мене не му го посакувам ни на најлошиот непријател секако има среќни денови, мигови ама во мојот живот се се помалку таквите
Па и јас не би се сместила во тие "среќните" па посебно во периодов изминат и овај кој треба да го поминам(е) тешко дека ќе видам нешто од таа СРЕЌА..........ама како што би рекла другарка ми има и бетер и стварно е така а и пак се надеваш дека нешто ќе се смени.........сепак надежда последна умира демек ..........ама пак некогаш те фаќа "лудило" и си викаш до кога вака
Па ако гледам добро , имам фамилија која ме сака и почитува , имам покрив над глава и не сум гладен или пак осиромашен да просам на улица , немам болести , нема ни мојата фамилија болести , т.е мајка ми имаше рак али го открија на време и го средија , немам недостатоци , на спортска фаќам еднаш годишно , на училиште секогаш ги фаќам професорите на среќната страна , љубовта иде тешко али тоа е затоа што сум разочаран од жените па не се ни обидувам веќе (тука среќата не ни има врска) , така да останува да сум роден и БЛАГОДАРЕН што сум се родил под среќна звезда ..... вака ми е супер и се надевам нема никогаш да се смени
Дефинитивно Не,и уверена сум во тоа 100%,некогаш ништо не ми иде од рака еве само можам да кажам за едно нешто дека ми иде последните 3 години во љубофта најдолга врска.... А за све остало ме бие малер