1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте сентиментални?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од referentka, 17 јули 2018.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Дали го чувате ситници кои Ве потсетуваат на нешто ?
    Дали некоја песна Ве враќа во некое време?
    Дали чувате авионски билети, карти од кино?
    Го памтите ли првиот бакнеж ?

    Дали имате ,,кутија со спомени,,?

    Некои чуваат предмети, некои се си задржуваат во сеќавањата..


    Јас ги чувам првите чевлиња на децата.
    Мајчините книшки.
    Првите фотографии од ехо.
    Ја чувам фискалната сметка (додуши избледена) од кафичот каде првпат се сретнав со него.
    Ги чувам писменцата со кратки пораки, на секое има датум.
    Незнам зошто ми се, ама секогаш кога ќе ги погледнам, ми се враќаат убави чувства.
    Голем љубител сум на ,,кутии на спомени,,
     
    На mal.ecka, dunika, M&M и 15 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Ем неќам да чувам вакви работи макар и да не ги видам со години, ама кога ќе ги видам немам срце да ги фрлам.
     
    На dunika, KateKane, Rama и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Некаде по дома ми се наоѓаат влажните марамчиња што ми ги дадоа во првиот лет со авион.
    Ко мал имав кутија ситни играчки. Бакугани, мочковци, алки што јас ги плетев и слично. Таа кутија планирав да си ја чувам, ама по грешка завршила во канта кога се селевме. Еве уште ја жалам и затоа одбегнувам да чувам ситници, бидејќи ако еден ден завршат неславно ко кјтијата, долго време ќе не можам да ги прежалам. :lol:
     
    На dunika, M&M, KateKane и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Не сум сентиментална личност, не се врзувам за спомени ниту па за нешто што упатува кон некој. Не чувам предмети, ниту карти/билети или билошто.
    Имам само неколку фотографии како бебе и дете до 5-6 год. кои ги сакам чисто за да имам слика в глава како изгледам од почеток. Сега мразам да се сликам, веќе можам да ставам фаца на мене според возраста за досега поминатото време.
     
    Последна измена од модератор: 17 јули 2018
    На Читател, Rama, КикиМаус и 4 други им се допаѓа ова.
  5. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Ги чувам сите дневници што сум ги пишувала, скрини се на тајно место(fingers). Сакав пред некое време да ги отворам ама дел од нив ми будат лоши сеќавања на кои искрено не сакам воопшто ни да се сетам. Сум планирала и да ги запалам ама па си викам можи еден ден би ги споила во една книга. Се поврзав емотивно некако, и уште пишувам :D
    За други ствари знам да чувам како влезници од концерти , прстен , и секое наредно чистење во собава фрлам се што ќе ми дојде до рака , требало не требало во канта :D
     
    На Rama, cresa-jagoda, Lolo5 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Офф... подобро да бидам кратка на темава зашто ќе ме направите камен.
    Имам кутија со спомени од малиот. Од прво ехо до последно. стапалка негова, раче негово, коса папче...
    Од маж ми немам ништо сочувано. Не знам ни дали сме имале омилена песна но памтам на која игравме на свадба. Исто така и годишнината не си ја памтам ама мајка ми ме потсеќа секоја година кога ми е. Чуден човек сум, не сум сентиментална , тврда и само кога е детето во прашање знам да сум мека нежна и лигла. За се друго рамнодушна.
     
    На mal.ecka, dunika, M&M и 11 други им се допаѓа ова.
  7. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Дааа ги чувам првите билети за жичарницата....
    Првите карти за во кино и сите следни...
    Чувам истрошени парфеми дадени од него како поклон
    Ја чувам првата фисклана надвор од државава нашиот прв одмор :drunk::clap:

    Памтам час и ден кога се запознавме памтам исто час и датум кога ме бакна прв пат и каква беше временската прогноза.
    Памтам дури и што имав облечено
    Наш прв филм беше филмот со мечено Тед хахах
    Памтам што пиевме на првиот состанок

    Поради мене мајками уште ми ги чува моите бебешки алишта затоа што неможам да се оделам од нив
    Чувам запалка од другарка во форма на пеперутка иако нема веќе плин во него!
     
    На dunika, Rama, La.loca и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.558
    Пол:
    Женски
    Па и не сум баш многу сентиментална.
    Од детството не чувам ништо. Ниту од тинејџерските години. Имав еден куп писма, салфетки, сликички, најлончиња, списанија, постери, споменари, разни предмети. Сето тоа го фрлив. Имам само албуми со слики. Картата од концертот на Енрике. Некои карти од театар чувам сеуште. Амбалажа од Милка чоколада си чувам, со нацртано срценце на неа, од дм тоа. И оние работи што ми ги подарил, секако. Го чувам и автобускиот билет од првиот пат кога отидов кај него. Се поврзано со него ми значи. Затоа што тој е и мојата сегашност и мојата иднина.
    Песни да, тие најголемо влијание имаат на мене.
    Спомените остануваат, но не сум личност која се навраќа на минатото. Некои моменти ми значат и на нив одвреме навреме си се присетувам, но блиски спомени се тоа, не далечни. И обично на почетоците на врскава се навраќам, напишав погоре зошто. Затоа што таа е сеуште нешто што се случува во мојот живот. Минатото не ме интересира. Јас сум практична личност која гледа само напред,
     
    Последна измена: 17 јули 2018
    На Rama, La.loca, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Да, ептен сум и сентиментална и носталгична :tmi:
    Почесто ми влијаат и ме потсетуваат на одредени моменти нематеријални нешта, како слушање на стари песни, потсетување на некој филм/серија што ме асоцираат на убавата атмосфера во која сум ги гледала или личност што ми ги препорачала.
    Памтам и детали поврзани со важни личности и моменти, а богами и материјални нешта поприлично чувам - дневник што сум пишувала во основно, тетратки од школо со бонус разни цртежи и потписи од другарки, сувенири, поклони... :l:
     
    На KateKane, Rama, La.loca и 7 други им се допаѓа ова.
  10. kikica14

    kikica14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски
    Чувам се, премногу сум поврзана со спомените, чувам сите покани за свадба, бомбони, слики, од детските родендени по кои одиме зимам и чувам, од мм чувам се, писма што ми има пишувано, билети, мартинки што ми има подарувано и се останато, дури и на хартија ги имам пишувано пораките од мобилен што ми ги има праќано.
    Од свадбата си имам посебно видно место каде што се сите спомени.
    Имам и посебни кутии за двете деца, чувам се, цуцли, папоче, нараквиците од болница, мајчини книшки, први нокти, прва коса, карти од зоолошки и што ли уште не...
    И од бившите имам кутии со пораки, писма, цртежи, ама некако не ми се фрлаат, кој како ме праша од другарките велам ги чувам за моите внуки, ќе им ги дадам нив :D
    Така да за мене треба една посебна соба за да може да ми собере се што чувам :rofl:
     
    На Rama, La.loca, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Чувам, и не чувам
    Дури и ги заборавам некои работи.кога ќе ме сретнат по дома ме потсетуваат и на убави и на неубави работи.
    Како минуваат годините станувам ич не сентиментална.дали професијата ме направи таква или немарлива сум-незнам.
    Битно во главата не заборавам многу работи-а тоа ми е доволно:)
     
    На Rama, La.loca, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Нешта кои ти значеле во минатото и ти предизвикале чувство на среќа не можам така лесно да ги фрлам. Ги чувам сите тие работи и се сеќавам на убавите спомени. Исто важи и за песните и филмовите. Или после тоа уште повеќе ќе ги засакам или едноставно ако ги пуштам уште еднаш ќе заплачам. Тука ми е и дневникот кога го пишував како помала а сега замалувам од смеење на што сум плачела или сум била среќна. Од една страна е убаво да се чуваат сите тие работи, но од друга и можеби те враќаат на некое непријатно искуство. :nod:
     
    На Rama, La.loca, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Не сум баш сентиментална. Чувам подароци за родендени, покани за свадби, мајчините книшки, папочните врвци, примерок од косичката на децата, алманахот од средно, лексиконот, и др.

    Добро е што некои работи што се случиле пред многу години, уште ги памтам. Како еден од најдрагите спомени би издвоила едно ЦД на кое има една прослава на која имам присуствувано. Знам понекогаш да го пуштам и да се гледам како изгледав кога имав 4 години. Таму е и мојата покојна мајка. На децава има ја покажувам баба и. Убав спомен.
     
    Последна измена: 17 јули 2018
    На Rama, Quuen, La.loca и 6 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Од што сум една сентиментална, до скоро го чував дневникот што сум го пишувала во 7-мо одделение.
    Па случајно мајка ми ми го најде:$.
    Имаше кратко вербално општење:fubar:...дали сум била нормална, што ако го нашол мм:fubar:
    Леле мамоо:@....пред 30 и кусур години кој ми бил симпатија пишувало(facepalm)...и што ако види?!
     
    На mal.ecka, dunika, Dream-Girl и 14 други им се допаѓа ова.
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Па би можело да се каже дека сум сентиментална. Ги чувам салфетките што ги собирав кога бев дете и баш пред некое време ги разгледав додека средував и ми текна кога си ги разменувавме со децата од маало, кога се нервирав колку малку имав и на крак 4 кутии собрав со салфетки. Ги чувам украсните ќесенца од дечко ми, шишенце од парфем што ми подарил иако е сега празно.
    Паметам првиот состанок со дечко, паметам каде и кога ни беше првиот бакнеж.
     
    На Rama, SummerGirl, Lolo5 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Не , не сум , све скоро фрлам , немам некои емоции за такво нешто.
     
    На Читател, Rama, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Од мала чувам 'кутија со спомени' а денес е веќе цел куфер.
    Сентиментална сум премногу.
    Чувам детска пошта, салфетки, споменари, фотографии со датуми, камчиња од плажа, ружи кои се исушени, билети од патувања, cd-a,стари vhs касети на кои ја има мајка ми, љубовни писменца, парчиња облека, епрувета од еден коктел во кафич во една преубава ноќ, неговата маица, парчиња гардероба од мајка ми, нејзини бележници, документи, накит, сите до еден џемпери кои ми ги исплетила таа, бомбончиња од свадби, ситни подарочиња кои сум ги добила, празни шишенца од парфеми, лименка од кока кола, сликовница, сликата од ехо на првото бебе, трите позитинви тестови, сликички и cd-a од ехо, белегзиите со бројчиња од болница, првото бебешко облече, мајчини книшки, отпусни листи од пораѓаи, првото шишнато косе, ги зачувувам сите цртжи и шкрабаници од децава, а во телефон чувам и многу принтскринови од значајни разговори...
    многу сум зависна од вакви спомени и приврзана, но читајќи дека не сум единствена, има надеж дека сум всушност нормална сентиментална личност :)
     
    На mal.ecka, dunika, toogood и 8 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Криво ми е за детската пошта. Ја дадов на едно девојче. Чувам и салфетки, тетратки со исечоци од весници. До пред извесно време ги чував и тетратките од средно. Ги чувам тестовите од средно, книгите од средно. Односно, дел од нив. Облеката од мајка ми, обувките и целиот нејзин накит. Жал ми е да ги фрлам. Бонбончиња од свадби, блузички што сум ги носела како мала, куклите и други играчки, албумите со фотографии, списанија, ЦД (иако веќе не ги пуштам), грамофонски плочи, расипани кујнски апарати, и др. Многу работи чувам.
     
    На Lolo5, cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.182
    Допаѓања:
    57.696
    Пол:
    Женски
    Јас бев многу сентиментален човек на времето. Памтев се, чував карти од концерти, од кино, се поврзував со музика, со филм, со некоја песна... Се дури не наидов на човек кој беше бетер од камен. Јас мислам понеромантичен човек на планетава нема. Откако раскинавме, некако сета емоционалност во мене како да исчезна. Искрено се надевам дека таа сентименталност е само "на апарати", а не е целосно мртва затоа што не сакам да се претворам во човек со каков што бев.

    Сега сум многу сменета, не обрнувам толку внимание на такви слатки ситници и искрено се надевам дека ќе го смени тоа некој во иднина. Колку и да е внимателен човек и колку да гледа да е затворен за да не биде повреден, не вреди цел живот во страв и во грч да го поминеш.
     
    На Lolo5, SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. PinkCactus

    PinkCactus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    807
    Пол:
    Женски
    Ако постои мерка за сентименталност од 1 до 10 јас ќе бидам на +20 сигурно...
     
    На Lolo5, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.