Не сум. Ништо не чувам. Скоро се паметам тоа што треба да запаметам. Не се приврзувам кон предмети, и кога патувам некаде безсмислено ми е да купам магнет или некој предмет демек да се сеќавам. Моментот и тоа што ми е искусено само си се врежува во глава. Предност е и тоа што дома ми е поедноставно за чистење прашина. RUN
Сум скроз. Чувам многу работи од мал како на пример некои албуми, тетратки, записи, по некоја играчка и многу ми имаат емоционална вредност. И во иднина ќе си чувам работи што ги креирам сега. Чувам и карти од диско од пред 15 години во Вулкан, конзумација за пијачки од клубови од пред 10 години и слични ствари. Не сум видел одамна што имам во "кутијата" ама имам доста интересни работи...
Некои работи ги чувам,некои ги фрлам.Не знам дали сум сентиментална.Можеби после некое време и овие сега што ги чувам да ги фрлам.
Премногууу сум сентиментална. Премногу работи чувам и ми се драги секое на свој начин. Дури се чувствувам како да сум затрупана и немам веќе место, затоа сон ми е да живеам во голема куќа за да имам место за сè. А ако нешто не можам да најдам во моментот кога барам тогаш како цел свет да ми се срушил, па може ќе помине некое време и кога не го барам тогаш случајно да ми излезе пред очи, е тогаш нема посреќна од мене. Многу сум чувствителна и сентиментална личност.
Не би рекла дека сум сентиментална личност - никогаш не сум имала тенденција да се приврзувам емоционално за предмети, спомени, како и самите луѓе во моето опкружување. Бидејќи скоро ништо и никој не ме прави среќна... Животот е нешто кое едноставно поминува преку нашите очи и истиот е невозможен да се дофати во целост, слично како глетката на една комета која поминува низ ноќното небо, каде луѓето очајно и неуспешно се обидуваат да ја фатат или допрат за нејзината опашка. Тоа можеби звучи како минималистички живот, но ако имаме сознание дека никогаш нема да можеме да ја допреме кометата, зошто воопшто се обидуваме да посегнеме со дланките кон небото... ?
Предмети не би рекол дека чувам, можеби ко помал чував и после износеност пар Џорданки. Во сеќавање би рекол на моменти сум носталгичен, понекад и музика џогира сеќавања па излегуваат на површина. Не би тврдел дека сум премногу носталгичен, во човечка мерка.
Премнoгу дури и зaпaлкa чувaв oд бившиoт aмa мaјкa ми јa фрлилa и пoтoa мнoгу ми беше тешкo.Сaкaм дa имaм некoи ситници кoи ќе ме пoдсетувaaт нa минaтoтo. Мене дури и песни и местa нa кoи сум излегувaлa ми будaт спoмени пa знaм и дa зaплaчaм, a aкo сум нa улицa гледaм дa се вoздржaм.
Многу,посебно од како добив деца Секое сличе од ехо,мајчини книшки,по некоја малечка облека,први патичиња имам зачувано Првиот цртеж од ќерка (шкртаници по листот) кога и да го погледнам ми се насолзуваат очите Додека до тогаш никогаш не сум знаела да зачувам нешто
Порано бев повеќе, чував се и сешто. Сега не се замарам со ситници и предмети. Фрлам и ослободувам место, минатото си е минато и не ми требаат потсетници. Тоа што треба да паметам, паметам и толку.
За предмети не се врзувам многу,а зачувувам несакајќи.Лани во стар новчаник најдов карти од сите концерти на Тоше,а ете не сум ни знаела дека ги имам. Не сум ни особено сентиментална,но она што памтам се погледи,мириси,потези... Можам да замижам и да “се вратам” во моментот...
Знаете што?? Во мое време имаше обичај да се допишуваш со НЕПОЗНАТО ДРУГАРЧЕ. Пр..пишувам писмо до ОУ ВЕРА ЦИРИВИРИ ТРЕНА од Виница на другарче кое е реден број 8 во дневникот. И така се запознававме.Се допишувавме.Па си одевме.на гости по 2 дена ако се сложуваме убаво. ...уште чувам писмо од непознато деугарче од Македонска Каменица.Од дечко.Незнам денес ни каде е ни што работи ама радо би слушнала за него.
Ептен сентиментална расипани телефони,часовници,запалки и секакви ситници. Се си чувам. дури и честитки за нова година што ми давале
Сум сентиментална многу, ама низ сеќавања на настани и емоции. Многу малку предмети чувам. Дури и слики ретко гледам, а со дигиталнава технологија, сите имаме на тони. Сакам да ги памтам работите, а не да 'ми ги памтат' предмети и фотографии. Плус сум дејдримр и убаво ми е кога сум оставена сама со своите мисли. Си ги сакам сите спомени, онакви какви што ми се во главата.
Сентиментална за одредени ствари, но не за се’ и сешто. Чувам одредени предмети, кои ми се убав спомен од детството, но не ги имам отворено со години. Често фрлам ствари, кои претходно сум ги чувала одреден период, од проста причина да не ми зафаќа простор нешо шо е непотребно.
Сентименталноста како моја особина е спакувана во кутијата за спомени наречена фотографска меморија. Предметите и албумите белег на временската хронологија се мал број во личната архива на незаборавни случки во однос на моментите на препуштање на себе и патување со мислите низ умствените содржини во оригинална верзија. Тој мал миг на потреба од приватност, ослободен од материјално и вербално значење е полн со огромна емотивна вредност. Ги сакам таквите "дружења", јас и спомените...
Предмети не чувам, немам „вистинска“ кутија со спомени, но многу се приврзувам за луѓе, за места, за песни и мириси што ме потстуваат на одредени денови и времиња. Да, сентиментална сум. А повеќето спомени ги чувам во себе или ги изразувам на хартија.
Премногу сентиментална личност сум. Имам кутија со спомени а таа е во мојата глава. Се е таму складирано од најраното детство па до денес. Од матријални нешта кои ги чувам се албуми со слики, споменар кој го пишував како мала, во него пишува за некој посебни настани, моите омилени цртани, песни, нема што нема во него. Додека го читам паѓам од смеа, си викам абе ова јас бев ? Во споменарот имам и една честитка пратена од странство во кутија можеби некој се сеќава кутија со играчки што ги донираа од странство, па на школо ни ги делеа. Како мала не знаев англиски па сум барала од речник збор по збор да преведам, ама преводов и тоа ливчето со превод уште стои во честитката. Пробав да ги најдам тие луѓе преку социјалниве мрежи скоро, но не успеав. Чувам салфетки кои ги собирала мајка ми како мала, а и тие што ги собирав јас. Го чувам алманахот од средно и од основно. Сите играчки ги чувам . Мајка ми го чува бенкичето со кое ме земале од болница како бебе .