1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте технофоб?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 2 септември 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Сама си се дијагностицирав со помош на тета Википедијка...да, јас имам страв од брзиот напредок на технологијата, посебно на генетскиот инженеринг и нано технологијата...
    Како секојдневни конзументи на интернетов и мобилната телефонија, ние не можеме а ниту пак сме способни да пратиме и да знаеме што се случува во научните лаборатории, но кога ќе прочитам што се изумиле, нправиле..како секојдневно во тие некои подземни тајни лаборатории се прават нови организми, па како се создаваат вештачки органи, се принта човечка кожа, па разни роботи попаметни од мене илада пати, па.....лелеее ...вртоглавиов напредок ми створи кај мене страв....хаос...како ли ке биде иднината на човекот, како ли ке изгледа животот на моите внуци и правнуци.....

    Читав дека во 2050 година, човек ќе може сам да си присуствуна на својот погреб...морбидно нели...е сега изумив на каков апарат човек ке ја пресними целата својата меморија, на кого ли ке ги довери сите свои тајни и можности( на микро софт сигурно)...само тело ќе си одберел ново...

    Мое време, кога го гледав Франкештајн филмот, тоа беше научна фантастика...а сега, се е веќе реалност...

    Дали и Вие сте технофоб, дали размислувате за иднината со технологијата, со клонови, со роботи.....дали ќе настане хаос на земјава или пропаст на човечкиот род???
     
    Последна измена: 2 септември 2018
    На Таа Сум, daylight и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Нормално и логично дека не сум, штом сум активна редовно на форум.
    Камо некои што се декларираат вака да беа навистина тоа, па да не реметат онлајн простори.
     
    На Novecento, VictoriaSan, theowndemon и 14 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Точно така..доказ дека друштвениве мрежи го намалуваат бројот на технофоби..многу полесно ги прифаќате изумите, по лабаи сте....Знам дека многу болести се уништени благодарение на технологијата, знам дека и животниот век е продолжен, пак благодарение на технологијата...но што со вештачките органи, што со чиповите во нашите тела...замисли ете твоето дете има врска со некој што има вештачко срце, вештачки бубрези ир...Извини, јас сум од постарите..но мене некако не ми одат нека работите....
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во развоjот на технологиjaта. Проблемот е, коj и како управува/ja користи. Тоа ме плаши некад.
    Сакам да видам вештачки органи создадени лабараториски, како му се вградуваат некому,без да се губи време у баранjе донори. Сакам да видам како психолошките проблеми се решаваат не со апче, ами чепнат у глава и преповрзат жичките и енде. Сакам побрзо патуване од-до и ред др ствари.
     
    На Milobebence, VictoriaSan, poenta и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.695
    Пол:
    Женски
    Ноу
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.671
    Допаѓања:
    116.484
    Пол:
    Женски
    Јас користам технологија 24/7.
    И би сакала да видам и како ќе се развива и понатаму.
    Технолошкиот развој и напредок е корисен за човештвото,особено во здравствената сфера.Убаво би било да се искоренат болестите.
    Само треба да се пази од злоупотребувачи.
     
    На VictoriaSan и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Кога ја отворив темата, не мислев на оваа тегнологија која е лесно достапна за сите нас, која ја рекламираат и нудат, не се плашам дека некоја машина или робот ќе ми го земе работното место, не се плашам ако треба компјутер на пр. да ме оперира, туку на технолошките изуми кои се кријат од јавност, кое се креираат за употреба на убивање луѓе, создадени смртоносни вируси или некои клонирани масовни убици машини, за вештачки органи кои нема никогаш да поседуваат душа...се плашам од разни мутирани створења што ги прават во лабораториите...се плашам дека човекот створен од крв и месо полека ке го снемува..
     
    На Таа Сум, Espadrila и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ако има нешто спротивно на ова, тогаш тоа сум. :D
    За технологија, прогрес и напредок сум во секое поле. Значи про-роботи, про-чипови, про-вештачки бубрези, криптовалути, криспр, гмо, самовозачки коли, алекса итн. итн.

    Ова звучи како слепо прифаќање на сè што е ново (ми го имаат кажано ова луѓе со кои сум правела муабет на темава). Не е толку слепа апсорпција колку што е верување дека на светот постојано му треба движење, дури и да не се цели кон перфекција. Знаеме што се случува кога луѓето ќе се закачат за едно нешто со векови и пробуваат да го задушат прогресот (hint hint: dark ages).

    Не треба никој да се плаши од технологија. Сум правела муабет со луѓе на кои им е незамисливо децата да не знаат да пишуваат со пенкало во иднина. За нив советот ми е, размислете од друга перспектива, пред многу време некои си викале дека им е незамисливо децата да не знаат да пишуваат на камени плочи. Нормално, ако технологијата се развие толку за да не ни требаат веќе пенкала и моливи (а ќе се развие), нема зошто да ви биде незамисливо. Едноставно светот се движи напред, движете се со него.
     
    На Jane.Birkin, Nigredo Odor, VictoriaSan и 9 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Така е, не велам не...се што создал човекот е за негово подобро живеење нели...нож, тркало, барут......но дали тоа на крај ни се враќа како бумеранг со лошо?
    Како беше она, патот до пеколот е поплочен со добри намери!?
    Толку цвета технологијава а сведоци сме се повеќе на војни, болести, масовни уништувања, убиства, терор, глад, силовања, омраза, криминал....

    Ме плаши дека ќе дојде денот кога ќе одиме во гранап и ќе си бараме спрема желбите маж или жена(facepalm)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.671
    Допаѓања:
    116.484
    Пол:
    Женски
    На тоа мислев под злоупотребувачи.Оние скриени моќници и корпорации....
    Ќе направат моќни машини кои можеби ќе го збришат човештвото.
    Планетава целата ќе стане пустина.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Планетава со сигурност ќе стане како во филмот "Војна со ѕвездите"...Америка одамна се стреми да владее комплетно со свемирот..Пентагон има врвна воена технологија погубна за цела земја...

    Напредокот на технологијата треба да биде во полза на човештвото, но секогаш ќе се најдат некои болни умови кои имаат смртоносни убиствени креации.

    Страв ми е од роботите кои имаат вештачка интелигенција..
    (доцна е веќе, ќе продолжиме утре).
     
    На ЕденЧлен и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.571
    Пол:
    Женски
    Добро прикажан напредок на технологијата е прикажан во филмот 'Остров' и 'Време'
    Ако сте во можност побарајте и гледајте ги.
    Како и да е филмовите се научна фантастика ама мислам дека нема да останат тоа. Бидејки технологијата се развива со брзина на светлината мислам.
    Не ме плаши бидејќи има и позитивни и негативни работи. Но тоа е мора да се прилагодуваме:)
     
    На ЕденЧлен и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Можеби си само анксиозна. Ова се доста анксиозни мисли и јас ги имам некогаш размислувам за иднината како што ке се случува.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Ќе застанам на страната на @baba Rada . Светот оди напред, се развива и се наоѓаат начини за олеснување на животот, што е добро, но има и негативни страни сето тоа. Луѓето се оттуѓија едни од други, изменет е начинот на однесување и начинот на размислување, луѓето сѐ повеќе наликуваат на роботи, се создаваат роботи и кукли како замена за луѓе... Вредностите пропаѓаат, се губат со голема брзина. Некои работи имаат висока цена.
     
    На Таа Сум, SeaMermaid и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе баба Радо... Иако сум млада не го сакам развојот на технологијата. Технологијата напредува и до толку се спуштивме долу што дозволивме нешто да е попаметно од нас самите луѓе. Да бидам реална луѓето сега се уште поглупави и не размислуваат со своја глава зашто се на тацна му е послужено на интернет. Не разбирам како луѓето не сфаќаат дека технологијата не уништува. Поради неа луѓето се затвараат дома, поради неа на кафе наместо да разговараат тие се на телефон 24/7. Навистина е глупаво нели? Обожавам кога ќе слушнам како нашите дедовци и баби имале вистинско дружење и многу комуникација и смеа меѓу нив. Во тоа време покрај војни глупости тие на работа оделе со песна. И мислам дека никогаш ние нема да го осетиме тоа, што е вистинска среќа.
    Сега сите сакаат со газоседење да зимаат пари само преку интернет, а каде е вистинската работа, пот. Машките стануваат понеспособни од жените и без самодоверба за жал.
    Сега луѓето се ладни како роботи и никој нема топло срце и вистинска насмевка.
    Секако секое време си има свои мани.. ама мислам дека ние како напредуваме само ќе ја уништиме планетава и можеме да си кажеме чао пријатно.
     
    На SeaMermaid и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Јас сум фанатик левел 10000 по технологија,пратам буквално све и свашта што искача во текот на денот,и ми е мило што технологијата иде напред.Сите оние што ме познават,се чудат како може и сакам толку многу да пратам технологија,али тоа е ми е стекнато уште од мали нозе,и веќе трае повеќе од скоро 2 децении.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Не се плашам од технологијата која е во корист на човештвото ( на пример : човек бара донор за бубрези но ниеден не му се совпаднува ; треба да умре човекот ? Јас би го заменила со вештачки бубрег ) , но се плашам од роботите од типот на Софија , особено после она видео каде Софија разговара со изумителот и низ бизарна насмевка вели : Добро , ќе го уништам човештвото .
    Језа ме фаќа уште колку Софии има во лабараториите :worried:
     
    На Таа Сум, ЕденЧлен и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Во ред е да го пратиш развојот ама не и да висиш на нет по цел ден...Па ете ја и таа проблематика, вие младите сакате цел ден да ви биде он лајн, па дури и на спиење не се одвојувате од мрежата....суштината на животот ви стана тоа, нон стоп умрежен..

    Оваа модерна технологија тотално не дехуманизира, ја уништи суштината на човековото битие, не пороби на еден индиректен начин на кој сме сите малку или повеќе, подредени.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Од висење на нет само да ти кажам дека се прават пари,додека некој рмба на нога за 200 евра,во приватна фабрика(за текстил или друга дејност),ти можеш да седиш дома на столче,јадеш,пиеш,бањаш(кога сакаш),додека технологијата ти прави пари,и ти капат на сметка лабаво паричиња.Кој како ке си ја насочи технологијата така ке му тера.

    Јас не сакам да ми биде цел ден онлајн,али морам ради х причини,затоа и дремам на нет.Јас не сум нон стоп умрежен,а тие што се нека им је са СречоМ :)

    Човекот сам си се уништува себе,неможе тебе технологија да те уништи ако не потпаѓаш под нејзино дејствие,така да човек све во животот си прави САМ.

    Само да ти кажам дека и пред 20 години имаше интернет,али тогаш многу малце луѓе знае што е тоа,и како се користи.Зашто тогаш не било вака,да дремат сите онлајн 20 часа на ден?
     
    На VictoriaSan и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Баш ме занима што ке ми кажеш за борбените роботи што масовно се создаваат..зарем не ти е страв од нив..какви чувства ти се побудуваат кога гледаш робот кој носи смртоносно оружје со себе??