Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте технофоб?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 2 септември 2018.

  1. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Секако дека гледам негативно на роботите кој масовно се создаваат,но верувај ке се измисли во брзо нешто за нивно уништување,технологијата секој ден иде,понапред и понапред,наназад неможе да иде.
     
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    на што мислиш да се измисли, на роботите да се уништуваат??

    Па допрва се ствараат на велико, роботи за нега на стари лица, роботи за слепи лица, роботи полицајци, роботи хирурзи, терминатори триста вида..кој е тој што ќе измисли машина за уништување на роботите и таа вештачка интелигенција...господ бог???
     
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Да ке има блокатори на тие роботи,за некоја година,ке почнат полека полека програмериве да ги уништуваат,нормално зборам за негативните роботи,они со оружје и ред други глупости.
     
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Зезаш!?
    Во кој научно фантастичен филм го има тоа, да гледам!?:wasntme::wasntme::)
     
  5. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Не зезам ке правиме муабет,за неколку години,да сме здрави и живи само :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Технофобијата е одлика на (по)старите луѓе, делумно затоа што ги идеализираат работите од „нивно време“, делумно затоа што не ја разбираат; а нормално, човек се плаши од сѐ што не разбира.

    Тотално нереално е да очекуваме дека технолошкиот развој треба да запре, само поради тоа што на нас не ни се допаѓаат некои нови технологии или пак, да се ограничи, само затоа што постои потенцијална можност за злоупотреба. Демек, сегашнава технологија и онаа од минатото се златни, ниту можaт да се злоупотребат, ниту некој некогаш до сега ги злоупотребил. :D

    Без разлика на возраста, добро е човек да се труди да биде у тек со новите технологии, и оние кои ни се достапни на нас, обичните смртници, и оние од „страшните, тајни“ лаборатории, кои се дел од најсовремените технолошки истражувања и иновации. И не само да дознае дека постои нешто ново, туку и да се потруди да го разбере, затоа што нема полошо од „слушнато-недослушнато, разбрано-недоразбрано“, особено кога е у прашање технологијата.

    Затоа што во спротивно ќе стане еден од оние луѓе кои се убедени дека нѐ трујат со ГМО и дека за обилните дождови и климатските промени е крив ХААРП-от, без воопшто и да знае што значат буквите од тие кратенки. :D
     
    На theowndemon, Joi, lovestoneddd и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Дали реално мислиш дека ГМО храната е здрава и дали навистина сметаш дека не постои геоинжинеринг?
    Сметам дека нема разумен човек кој нема да засака технологија која е од корист за човекот и неговата околина.
     
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Барем сега е лесно, кој сака да дознае било каква дефиниција за нешто, па ете и за ХААРПот антените, доволно е да изгуглла и ќе знае...но дали ќе верува во неговата употреба и злоупотреба, е тука не е до старосната граница на личноста...да не тупам ама јас ете спаѓам во таа група на луѓе кои се 100% убедени дека хаарп антените се воено оружје, моќно оружје на воените сили на морнарицата и воздухоплоството на САД...тие антени ја греат јонсферата, предизвикувајќи електромагнетни фрекфенции кои се одбиваат и враќајку се назад, поминуваат низ се што е живо и мртво..може да предизвикаат поплави, суши, урагани, земјотреси идр......
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ама тоа се теории на заговор ќе ни одговори сега и на двајцата. Значи јас и ти мора да сфатиме дека се што е модерно и се што ни пумпа запад тоа е добро..
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    60.028
    Пол:
    Женски
    Acutually ГМО и не е толку лоша работа. Ситуацијата и сега не е сјајна, особено во земјоделието. Милиони инсектициди и пестициди се користат. Сето овошје и зеленчук што го јадеме е прскано, пола од работиве кои ги јадеме не се расипуваат со денови... Тоа што ти зборува?

    Со генетскиот инженеринг уствари се модифицираат самите гени на растенијата, за растението вооопшто да не треба да се прска за да се расипе. Настрана од тоа дека нема ни да го напаѓаат инсекти, нема да скапуваат, а почвата на земјоделците нема да се населува со диви растенија. Освен за земјоделците добар е и за Земјината топка, намален е бројот на впиени пестициди во почвата за билионски бројки.

    Се цели и кон создавање на растенија и продукти кои ќе имаат најдобар ефект врз нашето тело, апсолутно потребни нутритиенти, а не да гнетеме само фаст фуд, чипсови и останата мрсна храна. Што мислиш, што е полошо од Седмица и Вили? Модифицирано овошје?

    И порано се воделе војни, ама со камен и со копје и стрели, болести имало секогаш, денес со помош на вакцини (исто така дел од науката, искоренети вариола вера и други болести) се искоренуваат некои, убиства и терор да не зборуваме колку имало, да тргнеме од најстари времиња, па тоа дека луѓето имаат живеено и како гладијатори и служеле да се убиваат за богаташите да си се ладат и да си уживаат... Силувања, омраза и криминал нема врска со временски период во кој живееме.

    Прогресот напред колку и да си носи страв од непознато е и потребен и неопходен.
     
    На theowndemon, Joi, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Искрено, мене ми е многу страв од таа технолошка револуција, само кога ќе замислам дека ќе дојде денот кога мозокот ќе го ставиме во машина, биолошкото тело ќе го замениме со механичко, нашата свест ќе стане како компјутерски програм,ќе станеме бесмртни створења на кои нема да им треба вода и храна...бррр...

    А што е уште појезива мисла, е тоа дека можеме ние луѓето да бидеме робови на машините, па нас да не користат како извор за генетски материјал, нешто слично како што ние ќи третираме животните на фарми...
     
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    60.028
    Пол:
    Женски
    Па и да замениме дел од биолошкото тело со механичко, што е толку лошо? Настрана Терминатори и Дарт Вејдери, знаеш колку луѓе со ампутации си функционираат нормално со помош на протетички помагала од типот на цели раце и нозе? Од другото што си го напишала далеку сме, многу и тоа.

    Нема нас робот да не контролира, нажалост премногу сме егоцентрични и нема да дозволиме нешто да се истакне како супериорно над нас. Знам од кај ти е ова, од I Robot претпоставувам, ама никој човек нема да програмира робот да биде попаметен од самиот човек.

    Сфати дека со оваа наука и технологија може да се измислат 100% ефективни вакцини за ХИВ, да се излечи рак, да се направи 3D принтање на орган кој фали и многу други позитивни работи. Замисли да има начин како расипан орган да ти го заменат со нов, биофункционален кој нема да ти го одбие телото како што има случаи досега со трансплантации пример.

    Не велам дека нема негативности развитокот на технологијата. Иако нема активни робови, ние сме самите робови на општеството. Аме тие негативности се помали од револуциите и подобностите кои ги носат новите технологии.
     
    На theowndemon, Joi и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    А што со мешање прсти во генетиката..пред колку време беше веста дека се роди дете од тројца родители?
    Почнаа и музички желби(значи јас немам ништо против секој да има свои биолошки потомци)на пр.да има плава боја на очи, да има бел тен, да го има најдоброто од родителите.....Од такви клонови бебиња ми е мака.
     
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    60.028
    Пол:
    Женски
    Па и сега имаш музички желби... Се викаат пластична хирургија. Денес можеш да оперираш гради, нос, јаболчници, Бразилски задник, брчки, липосукции и чуда или да носиш плави леќи, неретко и посета на солариуми и користење креми за самопотемнување... Се е исто, само пристапот е различен кон многу нешта. Луѓето никогаш нема да престанат да измислуваат работи со кои ќе гледаат да си го подобрат физичкиот изглед.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Мешаш естетски операции со експериментирање со хибриди, создавање на живи створења од различни врсти..тука нема етика, нема ништо освен манипулирање со генетски материјал.
     
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Дали сте технофоб?

    Da
    Tехнофоб e sosem drugo od obicno kisnenje na socialni mrezi.

    Eve jas se okarakteriziram kako "технофоб" zatoa sto neznam da gi opravam rabotite odnosno NESAKAM.
    Ima mazi vo mojata struka koj ako nesto ne funkcionira (nadvor od toa sto pravime programa za …. masini) odma pocnuvaat da cackaat po drugi mesta I na kraj ke "iskompliciraat" do nebesa.
    Jas si ja znam rabotata I poveke od toa sto treba da napravam nema sansi da cacnam, ednostavno mrzam tehnologija, a posebno upgraded koga ke se napravi na stariot computer software so cel da se naplati, a nisto novo nema nego da se stisne uste nekade kade netreba.
    Koga nesto ne funkcionira odma se javuvam da dojdat da si opravat. Ponekogas ke recat aj sega ke te vodime pa ti stiskaj tamu.
    Ne mi e gajle toa ne e moja rabota. I doma koga nesto ke se desi odma baram "customer service" I zakazuvam da si dojdat I da si opravat.

    Podobro sekoj da si ja brka svojata profesija I da si bide struja vo rabotata.:$
    Tехнофоб sum stanala zasto ne sakam da im ja rabotam rabotata na tie sto se plateni za toa. :P
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.255
    Секое големо технолошко откритие, предизвикува несигурност кај мнозинството од популацијата. Исто било и со откривањето на парната машина и почетокот на индустријализацијата. Луѓето и пред повеќе од еден век, се плашеле дека 'ќе бидат заменети од машините'.

    Секоја новина, која не ја познаваме доволно, предизвикува страв. Затоа и имаме 'Богови', за да си ги објасниме нештата кои не ги разбираме :)

    Не се плашам од технолошкиот развој, не се плашам од роботи, не се плашам од киборзи, не се плашам од вештачка интелигенција. Муабетот со Софија, е детски. Софија е програмирана да 'учи низ разговор', за да може да не 'надмине', и треба уште малку напредок (квантен компјутер), а и да стаса до тоа некоја Софија, не значи тоа крај на човештвото.

    Се' може да се употреби како оружје и се' може да се употреби за подобрување на квалитетот на животот и околината во која живееме (планетата). Ако превладее лудоста и насилството, не е ништо страшно. Само уште еден доказ, дека сме уште еден пропаднат еволуциски вид.
     
    На theowndemon, Joi и Lella им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Никој не бара од вас во денешницава да бидете технофили,
    ама технофоб да бидеш во 21от век, во кој уживаме во сите благодети од науката, е у друга крајност
    омаловажувачки према научните достигнувања и технологијата како примена на науката.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Не сум ич.
    (Моментално коментира холограм од Глиса). :bandit:
     
    На Scott Weiland и Afrodite¥ им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски



    Мислам дека е сосема оправдано човек да биде технофоб во галопирачкиот развој на технологијата, кога сме сведоци на се повеќе одземање на човековите права и слобода.
    Човек хакер не е страшно, но кога машина ќе те хакне:?:...имаше минатата година кога во една компанија, вработен си доби отказ поради машина.....а сега пушти мозок понатаму и размислувај што се можат други работи да се случуваат.