Aко не разбираш англиски не штракај по автоматизам сегде кај што пишува Agree. Како во банка кога идеш, дур не прочиташ се внимателно, не би требало да се потпишеш. Agree копчето има иста улога како твој потпис во реален живот. Кој самата го ставаш.
Што врска има сега ова што го пиша..ама ништо не те разбрав..јас сакам да ти кажам дека благодетите за кои ти велиш дека не треба да ги потценуваме од технологијата, да ни ги земаш толку лесно оти колку е човек послаб, толку му требаат помагала, или просто кажано, како на инвалид кога му требаат штаки за одење....но, да не филозофирам бидејќи јас и ти нема никогаш да се разбереме, ти спаѓаш во онаа категорија на луѓе кои мислат дека "бољи"живот е живот во хедонизам и неработење.
Нема врска напредокот на технологијата со неработење. Машините ја заменуваат мануфактурата, луѓето ќе се занимаваат се повеќе се умствени и креативни дејности, кои се најплатени во напредниот свет... сега-за сега. Технологијата ни овозможува да го подобриме квалитетот на живот, должината на истиот, и да се едуцираме повеќе за суштински работи... Секогаш ќе има работа за луѓето, само што ќе се менува формата на работните обврски и начинот на кој се изведуваат.
Факт е дека технологијата ни го подобрила животот во многу работи, но колку што ни донела добро, толку ни донела и лошо..па дури и многу повеќе имаме непоправливи катастрофални лоши работи. Многу изуми што се направени, не се со причина за да се помогне на човештвото, туку се само за профит. Благодарејќи на развојот на технологијата, ја уништивме природата, пиеме нездрава вода, јадеме нездрава храна, дишиме нездрав воздух, војни се водат со хемиско оружје, електрични уреди не зрачат на секој чекор и др......Така да душо моја, освен формата на работните обврски за кои велиш дека ќе се менувале, ќе се промени и човекот, ќе се оддалечи од она суштинското, од она човечкото, од природното...Затоа сум технофоб!
До тука се согласувам Коментирав за работата, затоа што ти спомна во претходниот пост: Нема да се оддалечи од суштинското, туку ќе има повеќе време и можности за надоградување и себеспознавање со можностите кои ги нуди технологијата... Освен.. ако не превладее 'лудилото' и да се самоуништиме. Ама и тоа си е природен процес... И да се удавиме, некако ќе се спасиме
Науката и технологијата воопшто не напредуваат со таква брзина и ниво како што некои дневни портали сакаат да ве убедат. Всушност, науката многу стагнира и не е создадено ништо револуционерно последниов половина век, а претходните генерации да не знаеле за тоа.
Не се нарекувајте технофоб ако не одите да ги кршите машините во локалната фабрика во знак на протест! Сериозно, стравот кон технологијата не е ништо ново и потекнува од индустриската револуција, кога луѓето од селани- земјоделци почнале да се преселуваат во градовите за да работат по цел ден во новоотворените фабрики. Новиот начин на живот и работни услови создале револт на луѓето кон машините, дури и се појавило цело уметничко движење кое ја идеализирало природата, чувствата, минатото, селската идила и бегството од модерниот свет (Романтизам). Ама луѓето не се вратиле да ораат ниви и да прават сѐ без соодветната механизација која била измислена, бидејќи технологијата е зло, туку се организирале и затоа денеска работиме 8 саати наместо 12, имаме безбедносни регулации, одмори, осигурување и мора да сме барем 16 години за да работиме. Амонијакот е важна компонента за создавање на ѓубриво. На почетокот на 20тиот век немало ефективен начин да се синтетизира, се додека двајца германски научници, Хабер и Борш, не нашле начин атмосферскиот азот да го претворат во амонијак. Од амонијак исто така се прават експлозиви, така што ова откритие било баш корисно за родната држава на Хабер и Борш, која тогаш влегувала во првата светска војна. Хабер исто така е познат и како ,,татко на хемиското војување" , создал бојни отрови кои предизвикувале ужасна смрт и денес се забранети, истиот човек кој фактички допринесол да се произведува повеќе храна и човечката поулација за еден век да порасне од еденипол на 7 милијарди. Ова е само еден од многуте примери каде што нова тегнологија е и корисна и штетна истовремено. Зависи од нас. Филмови и серии како Метрополис, Терминатор, Wall- E, Westworld, Black Mirror се интересни ама јас сум оптимист. Како човештво, сме поминале низ многу технолошки откритија. Штом во студената војна Америка и СССР се воздржале да не го разнесат цел свет со нуклерките, ќе бидеме океј.
Не сум технофоб. Користам се од модерната технологија која не е ништо ново, туку само усовршување на претходното знаење. Затоа велам науката и технологијата последните 50 години прилично стагнираат.
Последниве 50 години стагнира развојот на технологијата!!!????? Мамли душо, ти се Зезаш сигурно!!! Па пред 50 години имаше телевизори само во црно бела боја и со една програма и немаа сите по дома, исто како што беше и обичниот фиксен телефон. Значи зборам ете за Македонија, додека во некои земји веке почнале со користење безжичен телефон со домет од 10 метри...баш последниве 50 год.тегнолигијата направи чуда во изуми на сите можни полиња, не сопре...кој знае што се има во тајни лаборатории и фабрики.
Не се зезам. Тоа е само усовршување на претходна технологија. Нема ништо револуционерно измислено или креирано што драстично би го смениле светот како што на пример тоа го направи Никола Тесла со струјата.
Интернетот, паметните телефони, компактните дискови, усб-ињата, 3Д-печатач, секвенцирање на ДНК, GPS, лесно уредување на ДНК, клонирање, криптовалути, Хигсовиот бозон, роверот на Марс... Ако се фаќаме за ситници, ниедно откритие не е 100% оригинално, и автомобилот е само кочија со мотор наместо со коњи.
Ама се е ова технологија која ја има повеќе од 70-80 години. Нормално усовршена и допрва ќе се усовршува и надоградува. Вистинска револуција е откривањето на iPSCs клетките од страна на јапонскиот научник за кој доби и Нобелова награда. Со iPSCs клетките се реши етичко-моралниот проблем кој се имаше со ембрионалните матични клетки, но од друга страна iPSCs имаат голем потенцијал да станат канцерогени и не даваат некои посебни резултати во медицината.
Ништо од ова што го набројав не е постаро од 50 години, ако сметаш дека не се револуционерни технологиии, не можам да те разубедам. Ако е така, и компјутерот не е револуционерен изум бидејќи на крајот на 19тиот век постоеле машини кои сметале и можеле да се програмираат. И парната машина не е ревулуционерен изум бидејќи во хеленистичкиот период било откриена слична верзија, ама никогаш не се усовршила. https://en.m.wikipedia.org/wiki/Aeolipile
Ne sum tehnofob,veruvam deka naukata odi napred za da gi olesni i napravi pokomforni nasite zivoti. Inaku greski vo sekoja serija tehnicki proizvod e mozna. Zatoa tuka se umovite na naucnicite koi vo sorabotka so ekspertite od oblasta na elektro-tehnickite i masinskite fakulteti se vraboteni da najdat soodvetno resenie za sekoj problem. Teorii za zagovor,strav od nepoznatoto sekogas ke ima i imalo. Isto kako sto ke ima i imalo zloupotrebi od strana na tehnikata. No glavnata motivacija na programerite e da sozdavaat,unapreduvaat postoecki procesi a na kriminalcite da unistuvaat,degradiraat. Zatoa mnogu e bitno koj gi finansira potfatite na naucnicite i programerite, Taka otkritieto na Nobel za procesite na fusija i fisija na atomskoto jadro toj pred go obelodinil za da bide ova soznanie koristeno da se proizveduba energija ama koga potpadnalo toa otkritie za fusija i fisija vo racete na Nacististite so nivniot majndset tie sprovele razvoj na taa tehnika i nejzino iskoristuvanje za pravenje vakva svetski pogubna bomba. EDIT: Zatoa Nobel se osetil mnogu vinoven sto ova negovo otkitite vo idninata bi noselo tolku covecki zrtvi i bila sozdadena fondacijata-Nobelova nagrada i site pari toj sto gi imal gi namenil da sluzat da se nagraduvaat naucnite trudovi koi pridonesuvaat za podobar zivot na cel svet. Zatoa ima Nobelova nagrada vo poveke kategorii. Taka da temava e mnogu obemna za debatiranje i sekogas ke ima grupa za i grupa protiv i ke debatirame dodeka vo momentov sekoja sekunda ke se sraboti nesto za podobruvanje covecki zivot i nesto za skusuvanje na covecki zivot od strana na tehnikata,well toa e
Главна способност на човекот е прилагодувањето. Некој можи да се прилагоди на промените, некој не можи и станува технофоб.
Така е тоа кога дрогирани психопати владеат со светот. Не сум технофоб, не ми е гајле за клонови, борбени роботи и смртоносни оружја, мене ме нервира и ме разгневува тоа што интернетот ме шпионира. Пред некоја недела ТВ ми беше пуштен на некаква емисија за здравство, по некое време уклучувам јутјуб - ми препорачува содржини поврзани со здравство. Друг пат пишував на форумот во Религија, јутјуб ми вади видеа за Бог. Ако ме следи гугл, којзнае кој се ме следи. Кој к**ац има да ме прислушкуваат микрофоните на уредите што со мои пари ги купив бре? Не се пријавив јас во Велики Брат, а дури и таму учеството ти е платено. Една буква што ќе ја пишеш, системот ти ја следи. Рајата е виновна затоа што дреме на интернет. Порано фино и елегантно луѓето си пишувале писма кои тешко изводливо некојси би ги отворал. Сите контактирале претежно со тие што им значат. Сигурно нема да губиш време да одиш во пошта колку да испцуеш некој небитен како што трошат енергија луѓево денес на ФБ, па и тука на форумот со непознати. Ако ви текнува на онаа анегдота за Итар Пејо кога прв пат посведочил радио, се исплашил и го нарекол „ѓаволско вражуле“... Епа мариовски визионер, дотаму дојде работата со медиумите и комуникациите, само што никој не прогледа навреме. Нешто прочитав, од Самсунг порачуваат да внимаваме што зборуваме пред новата серија телевизори, можно е да не слушаат Ај ко така ич ништо да не зборуваме поарно. Мрш.