Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на ЛAВ, Вага и Рак. Вие уште од раѓање чувствувате како да сте центар на светот. Затоа, интимно, очекувате дека луѓето ќе ги слушаат вашите наредби, ќе ви се восхитуваат, ќе ви служат. Од друга страна, убедени сте дека го заслужувате само најдоброто и дека животот нема да ви донесе ништо помалку од тоа. Затоа, сметате дека имате вродено право на луксузен живот и кога е во прашање луксузот не прашувате за цената. Меѓутоа, освен кон себеси, вие сте великодушни и кон другите. Речиси секогаш отворено ги покажувате чувствата. Се однесувате театрално со цел да им оставите добар впечаток на вашите соговорници. Инаку, кога сакате, тоа го правите на искрен и топол начин, ги обожавате децата... Убавината и хармонијата се услови без кои не би можеле да живеете. Паралелно со таа потреба, во вас ќе биде силна и желбата да им се допаѓате на луѓето. Затоа, што и да правите, каде и да се наоѓате, со кого и да комуницирате, ќе се обидувате да ги шармирате соговорниците, да ја одржите љубезноста во гласот и во однесувањето. А, со цел да ги задржите туѓите симпатии, вие речиси секогаш ќе бидете подготвени за компромиси и флерт. Од друга страна, вие хармонијата ја гледате во парот. Затоа, најсигурно ќе се чувствувате кога ќе имате некој покрај себе и можно е од многу рана возраст да размислувате за влегување во брак... Емотивната сигурност за вас е императив. Па, свесни за тоа или не, вие ќе копнеете по „заштитнички раце кои ќе ве галат, прегрнуваат, лулаат сѐ додека не исчезнат сите стравови“. Затоа, многу ќе ви значи мислењето на вашата мајка, дури и ако на свесно ниво таа ве нервира, а домот и семејството ќе ги доживувате како оаза на мирот и сигурноста. Всушност, вие од детски години веројатно сте сонувале за мигот кога ќе ја сретнете сродната душа. Додека, како возрасни, ќе се чувствувате исполнети само ако имате некого за кого ќе се грижите, како што се децата, партнерот, родителите и ако можете да им служите на оние што ги сакате...
Ми излезе ова.Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Стрелец, Близнаци и Девица.А јас сум Бик во хороскоп.
https://vm.tiktok.com/ZMAv1y9jj/ https://vm.tiktok.com/ZMAv1Akmn/ https://vm.tiktok.com/ZMAv1Ax4C/ Најтипичен
Не знам дали ми делува хороскопот , ама сум многу лоша у последно време . Мислам , лоша . Конечно почнав да враќам за сите неправди . Кога ми велат ќе ја бараш ти .... ( фирма од која ми се повраќа генерално ) , велам ни 3 милиони да ми е месечна плата таму НЕ СЕ ВРАЌАМ ! Свекрва ми еднаш , своевремено изјави дека нема да ги причува децата на два-три часа ( бевме на свадба ) бидејќи не им е мајка , децата имале родители . Поради ова во последни 5 минути и се јавував на мајка ми да ги причува и да излезе порано од работа поради мене . Сега , свекрва ми пробува да се меша во воспитувањето на децата , и на неа и го плеснав " не си им мајка , не се мешај во воспитување " . Инаку , строга е , овој пат остана без текст . Не очекуваше . А соте знаеме колку се надмени лавовите ( она е дупли лав ) . И така
Па не баш. Влечам нешто од риби, порано повеќе, ама со тек на време се менувам. Или ме обликува искуството или е она што викаат дека подзнакот влијае, мада јас врска немам што сум во подзнак. Инече на тестов ми испадна комбинација од рак, вага, риби
@Frida- Можеш онлајн точно да си го пресметаш подзнакот, само треба да си го знаеш времето на раѓање. Инаку да, како созреваме, огромно влијание има подзнакот, особено на полето за врски и партнерства
Не знам време на раѓање, ни мајка ми не знае (три деца сме, на сите ни вика во 5:55 ), нит во извод не ми пишува. Не треба да си ја знам судбината изгледа