Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Стрелец, Рак и Јарец. Вие имате силна потреба да ја осознаете смислата на постоењето и вистината. Но, исто така имате потреба да направите нешто со што би помогнале во ширењето на правдата и вистината. Овие потреби во периодот на вашата младост ќе се манифестираат како желба за патување и запознавање на нови луѓе, обичаи, навики. А, луѓето што ќе ги среќавате ќе ви служат само како огледало во кое ќе можете да ги видите сите свои потиснати или неосвестени импулси и реакции. Ако тоа ви помогне да се осознаете себеси и ако ја имате таа среќа да сфатите дека Вселената се наоѓа во вас самата а не надвор од вас, ќе можете да продолжите со духовни патувања, внатре во себе. Сепак, и во моменти на најголем духовен развој вие нема да се откажете од земното и секогаш ќе уживате во убавата храна, алкохолот, спортот, природата и музиката. Вашата безгрижност и ведрина од една страна ќе ви донесат многу пријателства... Емотивната сигурност за вас е императив. Па, свесни за тоа или не, вие ќе копнеете по „заштитнички раце кои ќе ве галат, прегрнуваат, лулаат сѐ додека не исчезнат сите стравови“. Затоа, многу ќе ви значи мислењето на вашата мајка, дури и ако на свесно ниво таа ве нервира, а домот и семејството ќе ги доживувате како оаза на мирот и сигурноста. Всушност, вие од детски години веројатно сте сонувале за мигот кога ќе ја сретнете сродната душа. Додека, како возрасни, ќе се чувствувате исполнети само ако имате некого за кого ќе се грижите, како што се децата, партнерот, родителите и ако можете да им служите на оние што ги сакате... Чувството на помала вредност е најсилното чувство со кое сте се родиле. Но, без разлика дали ќе бидете свесни за тоа или не, токму тоа чувство ќе биде причината за вашата претерана амбициозност, за потребата да постигнете нешто повеќе од другите, да стекнете почит во нивните очи. Всушност, се што ќе правите во животот ќе правите со цел да им докажете на луѓето дека вредите и да ја добиете нивната потврда за вашата вредност. Тоа ќе ви биде потребно за да почнете и самите да се вреднувате себеси, да стекнете самопочит. Но, бидејќи сте убедени или околината ве убедила дека патот до успехот е трнлив, вие ќе се вооружите со многу стрпливост, концентрираност и упорност. А, животот нема да се обиде да ве демантира. Затоа, ќе вложите огромен труд во работата, а парите и успехот ќе дојдат само како нуспроизвод на истиот дури во втората половина на вашиот живот. Луѓето пак ќе ве доживуваат како личност што копнее по моќта и власта. Но, само најблиските ќе знаат дека моќта ви треба само како гаранција дека никој не ќе може да ве повреди. Во суштина вие сте скромни, со аскетски дух. Па, дури и ако бидете екстремно богати нема да сакате да трошите пари на непотребни нешта, како што се скапата облека, храната, скапите автомобили...
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Јарец, Рак и Близнаци.
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Стрелец, Риби и Девица. Вие имате силна потреба да ја осознаете смислата на постоењето и вистината. Но, исто така имате потреба да направите нешто со што би помогнале во ширењето на правдата и вистината. Овие потреби во периодот на вашата младост ќе се манифестираат како желба за патување и запознавање на нови луѓе, обичаи, навики. А, луѓето што ќе ги среќавате ќе ви служат само како огледало во кое ќе можете да ги видите сите свои потиснати или неосвестени импулси и реакции. Ако тоа ви помогне да се осознаете себеси и ако ја имате таа среќа да сфатите дека Вселената се наоѓа во вас самата а не надвор од вас, ќе можете да продолжите со духовни патувања, внатре во себе. Сепак, и во моменти на најголем духовен развој вие нема да се откажете од земното и секогаш ќе уживате во убавата храна, алкохолот, спортот, природата и музиката. Вашата безгрижност и ведрина од една страна ќе ви донесат многу пријателства... Од кога знаете за себе вие сте во потрага по вечната и безусловна љубов. А, бидејќи сте пречувствителни по природа, вие уште од мала возраст, со цел да се заштитите од суровата реалност, си имате создадено свој идеален свет од мисли, слики, звуци, мириси, каде што никој друг освен вие не може да влезе. Затоа, животот го поминувате како месечар, секогаш на пола пат меѓу сонот и јавето, обидувајќи се притоа да не им дозволите на случувањата од реалноста да ви ја урнат идеалната слика за светот и за луѓето околу вас. Меѓутоа, ако болката што ја доживувате е премногу голема, можно е спасот да го побарате во музиката, уметноста, во креативната работа. А, ако тоа не помогне можно е да посегнете по седативите и алкохолот. Сепак, кога-тогаш ќе мора емотивно да созреете. Но, за да се случи тоа ќе треба прво да сфатите дека материјалниот свет не е совршен и дека единствената љубов што нема да ве разочара е само љубовта кон Господ. Додека вистинскиот избор на духовна дисциплина ќе ви помогне да ја развиете љубовта внатре, во сопствената душа, наместо да ја барате надвор од себе. Така, нема да чувствувате дека зависите од љубовта на оние кои вам нешто ви значат, ќе давате без очекување да ви вратат... Совршенството е нешто по кое што копнеете од најрана возраст, тоа е вашиот идеал. Па, во младоста ќе сметате дека е доволно да го почитувате редот, работата и дисциплината, за со тек на времето да го постигнете тоа. Но, бидејќи во материјалниот свет не постои совршенство, копнежот да го достигнете би можел да биде причина за вашето незадоволство со себеси и со светот што ве опкружува. Од незадоволството пак сигурно ќе се обидете да се растоварите критикувајќи ги другите. И така кругот ќе се затвори, но излез од никаде. Како и да е, ваши најсилни особини се силната логика, способноста за анализа, прецизноста и точноста... ТОКМУ ТАКА! девица сум и во текстот се пронајдов!
Во хороскоп сум Водолија. Во вашиот карактер доминираат особините на Стрелец, Водолија и Девица. Spoiler Вие имате силна потреба да ја осознаете смислата на постоењето и вистината. Но, исто така имате потреба да направите нешто со што би помогнале во ширењето на правдата и вистината. Овие потреби во периодот на вашата младост ќе се манифестираат како желба за патување и запознавање на нови луѓе, обичаи, навики. А, луѓето што ќе ги среќавате ќе ви служат само како огледало во кое ќе можете да ги видите сите свои потиснати или неосвестени импулси и реакции. Ако тоа ви помогне да се осознаете себеси и ако ја имате таа среќа да сфатите дека Вселената се наоѓа во вас самата а не надвор од вас, ќе можете да продолжите со духовни патувања, внатре во себе. Сепак, и во моменти на најголем духовен развој вие нема да се откажете од земното и секогаш ќе уживате во убавата храна, алкохолот, спортот, природата и музиката. Вашата безгрижност и ведрина од една страна ќе ви донесат многу пријателства... Вие уште од мала возраст сте чувствувале како да не му припаѓате на овој свет, како по грешка да сте заталкале од некое друго време и место каде што свеста, љубовта и духовноста се поразвиени отколку на Земјата. Затоа, ќе имате потреба да му го покажете на човештвото патот до поубавото утре каде што ќе владеат хуманоста, љубовта кон сите облици на живот, вистината, слободата и почитта кон туѓата индивидуалност. Но, ако толку сакате да им помогнете на другите, прво ќе треба да си помогнете себеси за да станете поразвиени од околината, за да бидете на повисоко ниво на свест. А, бидејќи човек може да се развива и еволуира само низ страдање, внатрешни борби и промени, на несвесно ниво вие уште пред да се родите сте се согласиле таков да биде и вашиот живот. Меѓутоа, колку и да им посакувате добро на луѓето треба да прифатите дека тие не ќе можат секогаш да ве сфатат и праведно да се однесуваат кон вас. Сепак, бидете сигурни дека ќе забележат како во секоја ситуација ги браните правата на послабите и ќе ве почитуваат бидејќи нема да им се додворувате на авторитетите... Совршенството е нешто по кое што копнеете од најрана возраст, тоа е вашиот идеал. Па, во младоста ќе сметате дека е доволно да го почитувате редот, работата и дисциплината, за со тек на времето да го постигнете тоа. Но, бидејќи во материјалниот свет не постои совршенство, копнежот да го достигнете би можел да биде причина за вашето незадоволство со себеси и со светот што ве опкружува. Од незадоволството пак сигурно ќе се обидете да се растоварите критикувајќи ги другите. И така кругот ќе се затвори, но излез од никаде. Како и да е, ваши најсилни особини се силната логика, способноста за анализа, прецизноста и точноста... Некои 95% ми го погодиле текстот. Интересно.
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Рак, Риби и Бик. Јас сум јарец, но скоро се’ ми е погодено. Чудно.
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Вага, Рак и Бик. Pак сум, сега ќе читам што ми излезе
Не приметувате некако дека многу сличен текст излегува за сите без разлика кои знаци ќе ви излезат како доминантни??
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Шкорпија, Водолија и Девица. Иначе скорпија сум во хороскоп. Не се ни сомневав за доминацијата на скорпијата.. Погодено скоро во се'..
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Вага, Водолија и Риби. Точноо
Јас сум девица во хороскоп и ми излезе девица, вага и шкорпија.. Не да сум типичен претставник на девица, апла девица сум..
... тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Шкорпија, Водолија и Овен. Што убаво си пополнив време. Добро е да знаете дека ваше најсилно оружје се шармот и ентузијазмот со кои што зрачите. Додека агресивноста и презирот кон плашливите се ваша најголема маана... Така си е. А што да правам кога плачипи*карски самосожалувачи ме вадат од такт!
лав, стрелец и водолија... во хороскоп сум лав и сум баш типичен лав се што сум прочитала за лав е се што ме опишува ...
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Стрелец, Водолија и Близнаци.
...тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Девица, Близнаци и Рак. Се сложувам. :up: