Девица, Вага и Јарец... ова си нема врска ! Јас сум Риби и секаде каде што пишува нешто за риби... тоа како буквално да ме опишува.
Водолија сум во хороскоп и еве што излезе: Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Стрелец, Девица и Водолија. -Да, вистина е.
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Стрелец, Девица и Водолија. Јас сум скорпија .
Вие уште од мала возраст сте чувствувале како да не му припаѓате на овој свет, како по грешка да сте заталкале од некое друго време и место каде што свеста, љубовта и духовноста се поразвиени отколку на Земјата. Затоа, ќе имате потреба да му го покажете на човештвото патот до поубавото утре каде што ќе владеат хуманоста, љубовта кон сите облици на живот, вистината, слободата и почитта кон туѓата индивидуалност. Но, ако толку сакате да им помогнете на другите, прво ќе треба да си помогнете себеси за да станете поразвиени од околината, за да бидете на повисоко ниво на свест. А, бидејќи човек може да се развива и еволуира само низ страдање, внатрешни борби и промени, на несвесно ниво вие уште пред да се родите сте се согласиле таков да биде и вашиот живот. Меѓутоа, колку и да им посакувате добро на луѓето треба да прифатите дека тие не ќе можат секогаш да ве сфатат и праведно да се однесуваат кон вас. Сепак, бидете сигурни дека ќе забележат како во секоја ситуација ги браните правата на послабите и ќе ве почитуваат бидејќи нема да им се додворувате на авторитетите... Вие имате длабока потреба за промени и афирмација. Сакате да знаете се за секого, да бидете добро информирани, секогаш во тек со времето. Тоа е причината за вашиот немир, за динамичноста, за многуте познанства и за неспособноста да се продлабочите во работите. Од друга страна, вашата смисла за хумор, спретноста со зборовите, способноста за ментални игри и ведриот дух, се особините поради кои луѓето ќе ве сакаат...
По точно не можеше да испадне Во вашиот карактер доминираат особините на Лав, Овен и Вага. Вие уште од раѓање чувствувате како да сте центар на светот. Затоа, интимно, очекувате дека луѓето ќе ги слушаат вашите наредби, ќе ви се восхитуваат, ќе ви служат. Од друга страна, убедени сте дека го заслужувате само најдоброто и дека животот нема да ви донесе ништо помалку од тоа. Затоа, сметате дека имате вродено право на луксузен живот и кога е во прашање луксузот не прашувате за цената. Меѓутоа, освен кон себеси, вие сте великодушни и кон другите. Речиси секогаш отворено ги покажувате чувствата. Се однесувате театрално со цел да им оставите добар впечаток на вашите соговорници. Инаку, кога сакате, тоа го правите на искрен и топол начин, ги обожавате децата... Најдлабока потреба на вашата личност е секогаш да бидете први и најдобри. Таа всушност потреба влијаела врз формирањето на вашиот карактер, на однесувањето, како и на плановите што сте ги правеле и ќе ги правите во иднина. И токму со цел да ја задоволите потребата да бидете први и најдобри, вие секогаш ќе се интересирате за сѐ што е ново, непознато и неосвоено од другите. А, за да си покажете себеси дека сте најпаметни, најспособни, најбрзи или најсилни, вие ќе уживате да се натпреварувате со луѓето во сите аспекти од животот. Но, иако многу работи ќе започнете, малку ќе реализирате до крај. Добро е да знаете дека ваше најсилно оружје се шармот и ентузијазмот со кои што зрачите. Додека агресивноста и презирот кон плашливите се ваша најголема маана... Убавината и хармонијата се услови без кои не би можеле да живеете. Паралелно со таа потреба, во вас ќе биде силна и желбата да им се допаѓате на луѓето. Затоа, што и да правите, каде и да се наоѓате, со кого и да комуницирате, ќе се обидувате да ги шармирате соговорниците, да ја одржите љубезноста во гласот и во однесувањето. А, со цел да ги задржите туѓите симпатии, вие речиси секогаш ќе бидете подготвени за компромиси и флерт. Од друга страна, вие хармонијата ја гледате во парот. Затоа, најсигурно ќе се чувствувате кога ќе имате некој покрај себе и можно е од многу рана возраст да размислувате за влегување во брак...
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Водолија, Близнаци и Вага. Можеби незнам Инаку напишаното ме мрзеше да го прочитам цело Тоа што го прочитав е точно
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Девица, Бик и Јарец. Spoiler Совршенството е нешто по кое што копнеете од најрана возраст, тоа е вашиот идеал. Па, во младоста ќе сметате дека е доволно да го почитувате редот, работата и дисциплината, за со тек на времето да го постигнете тоа. Но, бидејќи во материјалниот свет не постои совршенство, копнежот да го достигнете би можел да биде причина за вашето незадоволство со себеси и со светот што ве опкружува. Од незадоволството пак сигурно ќе се обидете да се растоварите критикувајќи ги другите. И така кругот ќе се затвори, но излез од никаде. Како и да е, ваши најсилни особини се силната логика, способноста за анализа, прецизноста и точноста... Главниот мотив за речиси сите ваши акции е вашиот хедонизам. Всушност, вие стремите кон комфорен и стабилен живот, без потреси и емотивни осцилации. За да ја остварите таа цел сметате дека ви се потребни многу пари. Па, уште од млади години ќе се обидувате да го изградите своето финансиско царство на цврсти и стабилни темели. Меѓутоа, заради тоа што сте инертни и недоверливи, пред да прифатите нешто што е ново, прво добро ќе го изанализирате, премерите, ќе ги спротивставите сите „за“ и „против“. Но, речиси никогаш нема да се откажете од она што веќе сте го започнале. Вашето бесконечно трпение и прочуената тврдоглавост се особините што ќе ви помогнат да чекате со години, за на крајот да го добиете тоа што сте го сакале... Чувството на помала вредност е најсилното чувство со кое сте се родиле. Но, без разлика дали ќе бидете свесни за тоа или не, токму тоа чувство ќе биде причината за вашата претерана амбициозност, за потребата да постигнете нешто повеќе од другите, да стекнете почит во нивните очи. Всушност, се што ќе правите во животот ќе правите со цел да им докажете на луѓето дека вредите и да ја добиете нивната потврда за вашата вредност. Тоа ќе ви биде потребно за да почнете и самите да се вреднувате себеси, да стекнете самопочит. Но, бидејќи сте убедени или околината ве убедила дека патот до успехот е трнлив, вие ќе се вооружите со многу стрпливост, концентрираност и упорност. А, животот нема да се обиде да ве демантира. Затоа, ќе вложите огромен труд во работата, а парите и успехот ќе дојдат само како нуспроизвод на истиот дури во втората половина на вашиот живот. Луѓето пак ќе ве доживуваат како личност што копнее по моќта и власта. Но, само најблиските ќе знаат дека моќта ви треба само како гаранција дека никој не ќе може да ве повреди. Во суштина вие сте скромни, со аскетски дух. Па, дури и ако бидете екстремно богати нема да сакате да трошите пари на непотребни нешта, како што се скапата облека, храната, скапите автомобили... Некој ме опишал до најмал детал
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Водолија, Стрелец и Девица. Spoiler Вие уште од мала возраст сте чувствувале како да не му припаѓате на овој свет, како по грешка да сте заталкале од некое друго време и место каде што свеста, љубовта и духовноста се поразвиени отколку на Земјата. Затоа, ќе имате потреба да му го покажете на човештвото патот до поубавото утре каде што ќе владеат хуманоста, љубовта кон сите облици на живот, вистината, слободата и почитта кон туѓата индивидуалност. Но, ако толку сакате да им помогнете на другите, прво ќе треба да си помогнете себеси за да станете поразвиени од околината, за да бидете на повисоко ниво на свест. А, бидејќи човек може да се развива и еволуира само низ страдање, внатрешни борби и промени, на несвесно ниво вие уште пред да се родите сте се согласиле таков да биде и вашиот живот. Меѓутоа, колку и да им посакувате добро на луѓето треба да прифатите дека тие не ќе можат секогаш да ве сфатат и праведно да се однесуваат кон вас. Сепак, бидете сигурни дека ќе забележат како во секоја ситуација ги браните правата на послабите и ќе ве почитуваат бидејќи нема да им се додворувате на авторитетите... Вие имате силна потреба да ја осознаете смислата на постоењето и вистината. Но, исто така имате потреба да направите нешто со што би помогнале во ширењето на правдата и вистината. Овие потреби во периодот на вашата младост ќе се манифестираат како желба за патување и запознавање на нови луѓе, обичаи, навики. А, луѓето што ќе ги среќавате ќе ви служат само како огледало во кое ќе можете да ги видите сите свои потиснати или неосвестени импулси и реакции. Ако тоа ви помогне да се осознаете себеси и ако ја имате таа среќа да сфатите дека Вселената се наоѓа во вас самата а не надвор од вас, ќе можете да продолжите со духовни патувања, внатре во себе. Сепак, и во моменти на најголем духовен развој вие нема да се откажете од земното и секогаш ќе уживате во убавата храна, алкохолот, спортот, природата и музиката. Вашата безгрижност и ведрина од една страна ќе ви донесат многу пријателства... Совршенството е нешто по кое што копнеете од најрана возраст, тоа е вашиот идеал. Па, во младоста ќе сметате дека е доволно да го почитувате редот, работата и дисциплината, за со тек на времето да го постигнете тоа. Но, бидејќи во материјалниот свет не постои совршенство, копнежот да го достигнете би можел да биде причина за вашето незадоволство со себеси и со светот што ве опкружува. Од незадоволството пак сигурно ќе се обидете да се растоварите критикувајќи ги другите. И така кругот ќе се затвори, но излез од никаде. Како и да е, ваши најсилни особини се силната логика, способноста за анализа, прецизноста и точноста... Донекаде точно е ова
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Јарец, Девица и Стрелец. јарец сум има нешто точно
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Водолија, Лав и Стрелец. - ми погоди лав сум во хороскоп
Јас сум Близнаци во хороскоп, а ми доминираат особините на Близнаци, Водолија и Овен..Точно е, но Шкорпијата ја заборавиле и таа ми влиае како подзнак
Јас сум вага во хороскоп, а во подзнак водолија. Ми доминираат особините на Вага,Рак и Водолија.Точно си е.
Имам вишок време и затоа го направив долгиов тест Рак сум во хороскоп, а девица во подзнак и ми испадна "Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Рак, Девица и Водолија."
Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Водолија, Вага и Девица. Сѐ од напишаното е точно.
Јас сум близнак ама одсекогаш сум мислела дека многу особини од тој знак не ми одговараат. Иначе од тестот ми излезе дека кај мене доминираат Бик, Рак и Овен.. Текстот беше прилично точен.
Кај мене доминираат Близнаци,Девица и Водолија.Јас сум Близнак,подзнак Девица така да се си е точно.Интересна работа