Дали сте типичен претставник на вашиот знак?

Discussion in '„Другата“ наука' started by anneyy, Jan 21, 2012.

  1. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Joined:
    Feb 29, 2012
    Messages:
    762
    Likes Received:
    245
    Gender:
    Male
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Вага, Јарец и Шкорпија.

    Па добро,јас инаку вага сум. :)
     
  2. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Joined:
    Apr 16, 2013
    Messages:
    592
    Likes Received:
    1,862
    Gender:
    Female
    Водолија, Овен и Стрелец.. Јас сум близнаци, што значи не сум типичен претставник. :D
    Го прочитав и текстот, најмногу се пронајдов во првиот пасус (за Водолија).
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,166
    Likes Received:
    177,111
    Gender:
    Female
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Шкорпија, Овен и Рак.
     
  4. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Joined:
    Feb 20, 2013
    Messages:
    529
    Likes Received:
    336
    Gender:
    Female
    Од млади години ќе се обидувате да го изградите своето финансиско царство на цврсти и стабилни темели. Точно така :!: :D Инаку прво што прочитав беше ова
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Бик, Рак и Близнаци
    И сеа не сум преставник на мојот знак ама затоа па во подзнак сум Бик :D
     
  5. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Joined:
    Jan 21, 2014
    Messages:
    1,075
    Likes Received:
    1,249
    Gender:
    Female
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Водолија, Рак и Вага
    ии а јас сум шкорпија.. ;( |(
     
  6. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Joined:
    Jun 17, 2012
    Messages:
    226
    Likes Received:
    1,087
    Gender:
    Female
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Девица, Водолија и Стрелец.

    Поголем дел од напишаното е вистина. Патот кон поубавото утре, соочувањето со сопствените демони и страдања најпрво, за да може да им се помогне на другите...
     
  7. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Joined:
    Jun 13, 2012
    Messages:
    1,524
    Likes Received:
    1,738
    Gender:
    Female
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Вага, Лав и Јарец.

    Јас сум инаку близнаци во хороскоп а подзнак лав.
    Знам дека не сум типичен претставник на мојот знак. :D .
    Инаку,имаше точни делови во напишаното.
     
  8. brancetoo

    brancetoo Истакнат член

    Joined:
    Mar 26, 2013
    Messages:
    103
    Likes Received:
    42
    Лав, Овен, Стрелец
    Иначе сум Овен :!:
    Се е вистина! :)
     
  9. Ondula

    Ondula Популарен член

    Joined:
    Mar 1, 2014
    Messages:
    243
    Likes Received:
    1,044
    Gender:
    Female
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Стрелец, Близнаци и Вага.

    Вага сум :lol:
     
  10. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Joined:
    Jan 17, 2014
    Messages:
    801
    Likes Received:
    391
    Стрелец, Водолија и Риби? Аиии... немам ништо од Вага. :D
     
  11. fashionslave

    fashionslave Активен член

    Joined:
    Mar 3, 2014
    Messages:
    16
    Likes Received:
    4
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Бик,Риби и Стрелец.
    Тотална риба сум :D ,само подзнакот Шкорпија ми го нема :)
     
  12. bella96

    bella96 Популарен член

    Joined:
    May 16, 2012
    Messages:
    310
    Likes Received:
    1,027
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Водолија, Стрелец и Овен.


    само една реченица не е точна,останатото е точно. :)
    п.с. рак во хороскоп.
     
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Joined:
    Jan 4, 2010
    Messages:
    6,395
    Likes Received:
    16,772
    Ау...јарец..ми го погоди
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Јарец, Стрелец и Девица.


    Чувството на помала вредност е најсилното чувство со кое сте се родиле. Но, без разлика дали ќе бидете свесни за тоа или не, токму тоа чувство ќе биде причината за вашата претерана амбициозност, за потребата да постигнете нешто повеќе од другите, да стекнете почит во нивните очи. Всушност, се што ќе правите во животот ќе правите со цел да им докажете на луѓето дека вредите и да ја добиете нивната потврда за вашата вредност. Тоа ќе ви биде потребно за да почнете и самите да се вреднувате себеси, да стекнете самопочит. Но, бидејќи сте убедени или околината ве убедила дека патот до успехот е трнлив, вие ќе се вооружите со многу стрпливост, концентрираност и упорност. А, животот нема да се обиде да ве демантира. Затоа, ќе вложите огромен труд во работата, а парите и успехот ќе дојдат само како нуспроизвод на истиот дури во втората половина на вашиот живот. Луѓето пак ќе ве доживуваат како личност што копнее по моќта и власта. Но, само најблиските ќе знаат дека моќта ви треба само како гаранција дека никој не ќе може да ве повреди. Во суштина вие сте скромни, со аскетски дух. Па, дури и ако бидете екстремно богати нема да сакате да трошите пари на непотребни нешта, како што се скапата облека, храната, скапите автомобили...


    Вие имате силна потреба да ја осознаете смислата на постоењето и вистината. Но, исто така имате потреба да направите нешто со што би помогнале во ширењето на правдата и вистината. Овие потреби во периодот на вашата младост ќе се манифестираат како желба за патување и запознавање на нови луѓе, обичаи, навики. А, луѓето што ќе ги среќавате ќе ви служат само како огледало во кое ќе можете да ги видите сите свои потиснати или неосвестени импулси и реакции. Ако тоа ви помогне да се осознаете себеси и ако ја имате таа среќа да сфатите дека Вселената се наоѓа во вас самата а не надвор од вас, ќе можете да продолжите со духовни патувања, внатре во себе. Сепак, и во моменти на најголем духовен развој вие нема да се откажете од земното и секогаш ќе уживате во убавата храна, алкохолот, спортот, природата и музиката. Вашата безгрижност и ведрина од една страна ќе ви донесат многу пријателства...


    Совршенството е нешто по кое што копнеете од најрана возраст, тоа е вашиот идеал. Па, во младоста ќе сметате дека е доволно да го почитувате редот, работата и дисциплината, за со тек на времето да го постигнете тоа. Но, бидејќи во материјалниот свет не постои совршенство, копнежот да го достигнете би можел да биде причина за вашето незадоволство со себеси и со светот што ве опкружува. Од незадоволството пак сигурно ќе се обидете да се растоварите критикувајќи ги другите. И така кругот ќе се затвори, но излез од никаде. Како и да е, ваши најсилни особини се силната логика, способноста за анализа, прецизноста и точноста...
     
  14. franca

    franca Популарен член

    Joined:
    Jul 20, 2014
    Messages:
    1,153
    Likes Received:
    2,862
    од каде го извади текстов? и јас сум јарец :D
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Joined:
    May 30, 2014
    Messages:
    5,230
    Likes Received:
    13,241
    Gender:
    Female
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Водолија, Риби и Стрелец.

    Ни првото, ни второто, ни третото. :D
     
  16. kim.k

    kim.k Популарен член

    Joined:
    May 14, 2012
    Messages:
    1,724
    Likes Received:
    14,468
    Gender:
    Female
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Вага, Риби и Лав.

    Вага сум :D

    Убавината и хармонијата се услови без кои не би можеле да живеете. Паралелно со таа потреба, во вас ќе биде силна и желбата да им се допаѓате на луѓето. Затоа, што и да правите, каде и да се наоѓате, со кого и да комуницирате, ќе се обидувате да ги шармирате соговорниците, да ја одржите љубезноста во гласот и во однесувањето. А, со цел да ги задржите туѓите симпатии, вие речиси секогаш ќе бидете подготвени за компромиси и флерт. Од друга страна, вие хармонијата ја гледате во парот. Затоа, најсигурно ќе се чувствувате кога ќе имате некој покрај себе и можно е од многу рана возраст да размислувате за влегување во брак...


    Од кога знаете за себе вие сте во потрага по вечната и безусловна љубов. А, бидејќи сте пречувствителни по природа, вие уште од мала возраст, со цел да се заштитите од суровата реалност, си имате создадено свој идеален свет од мисли, слики, звуци, мириси, каде што никој друг освен вие не може да влезе. Затоа, животот го поминувате како месечар, секогаш на пола пат меѓу сонот и јавето, обидувајќи се притоа да не им дозволите на случувањата од реалноста да ви ја урнат идеалната слика за светот и за луѓето околу вас. Меѓутоа, ако болката што ја доживувате е премногу голема, можно е спасот да го побарате во музиката, уметноста, во креативната работа. А, ако тоа не помогне можно е да посегнете по седативите и алкохолот. Сепак, кога-тогаш ќе мора емотивно да созреете. Но, за да се случи тоа ќе треба прво да сфатите дека материјалниот свет не е совршен и дека единствената љубов што нема да ве разочара е само љубовта кон Господ. Додека вистинскиот избор на духовна дисциплина ќе ви помогне да ја развиете љубовта внатре, во сопствената душа, наместо да ја барате надвор од себе. Така, нема да чувствувате дека зависите од љубовта на оние кои вам нешто ви значат, ќе давате без очекување да ви вратат...


    Вие уште од раѓање чувствувате како да сте центар на светот. Затоа, интимно, очекувате дека луѓето ќе ги слушаат вашите наредби, ќе ви се восхитуваат, ќе ви служат. Од друга страна, убедени сте дека го заслужувате само најдоброто и дека животот нема да ви донесе ништо помалку од тоа. Затоа, сметате дека имате вродено право на луксузен живот и кога е во прашање луксузот не прашувате за цената. Меѓутоа, освен кон себеси, вие сте великодушни и кон другите. Речиси секогаш отворено ги покажувате чувствата. Се однесувате театрално со цел да им оставите добар впечаток на вашите соговорници. Инаку, кога сакате, тоа го правите на искрен и топол начин, ги обожавате децата...
     
  17. WildNightGirl

    WildNightGirl Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2014
    Messages:
    140
    Likes Received:
    96
    Gender:
    Female
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Шкорпија, Овен и Стрелец. :rofl: :clap:
    TEКСТОТ СОСЕМА ТОЧЕН!
     
  18. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Joined:
    Aug 7, 2014
    Messages:
    412
    Likes Received:
    3,509
    Gender:
    Female
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Шкорпија, Рак и Водолија. :rock:
     
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    3,951
    Likes Received:
    33,921
    Gender:
    Female
    Независно од знакот во кој сте родени, тестот открива дека во вашиот карактер доминираат особините на Рак, Девица и Водолија.

    Се е точно..

    Емотивната сигурност за вас е императив. Па, свесни за тоа или не, вие ќе копнеете по „заштитнички раце кои ќе ве галат, прегрнуваат, лулаат сѐ додека не исчезнат сите стравови“. Затоа, многу ќе ви значи мислењето на вашата мајка, дури и ако на свесно ниво таа ве нервира, а домот и семејството ќе ги доживувате како оаза на мирот и сигурноста. Всушност, вие од детски години веројатно сте сонувале за мигот кога ќе ја сретнете сродната душа. Додека, како возрасни, ќе се чувствувате исполнети само ако имате некого за кого ќе се грижите, како што се децата, партнерот, родителите и ако можете да им служите на оние што ги сакате...


    Совршенството е нешто по кое што копнеете од најрана возраст, тоа е вашиот идеал. Па, во младоста ќе сметате дека е доволно да го почитувате редот, работата и дисциплината, за со тек на времето да го постигнете тоа. Но, бидејќи во материјалниот свет не постои совршенство, копнежот да го достигнете би можел да биде причина за вашето незадоволство со себеси и со светот што ве опкружува. Од незадоволството пак сигурно ќе се обидете да се растоварите критикувајќи ги другите. И така кругот ќе се затвори, но излез од никаде. Како и да е, ваши најсилни особини се силната логика, способноста за анализа, прецизноста и точноста...


    Вие уште од мала возраст сте чувствувале како да не му припаѓате на овој свет, како по грешка да сте заталкале од некое друго време и место каде што свеста, љубовта и духовноста се поразвиени отколку на Земјата. Затоа, ќе имате потреба да му го покажете на човештвото патот до поубавото утре каде што ќе владеат хуманоста, љубовта кон сите облици на живот, вистината, слободата и почитта кон туѓата индивидуалност. Но, ако толку сакате да им помогнете на другите, прво ќе треба да си помогнете себеси за да станете поразвиени од околината, за да бидете на повисоко ниво на свест. А, бидејќи човек може да се развива и еволуира само низ страдање, внатрешни борби и промени, на несвесно ниво вие уште пред да се родите сте се согласиле таков да биде и вашиот живот. Меѓутоа, колку и да им посакувате добро на луѓето треба да прифатите дека тие не ќе можат секогаш да ве сфатат и праведно да се однесуваат кон вас. Сепак, бидете сигурни дека ќе забележат како во секоја ситуација ги браните правата на послабите и ќе ве почитуваат бидејќи нема да им се додворувате на авторитетите...
     
  20. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Joined:
    Mar 13, 2014
    Messages:
    114
    Likes Received:
    152
    Овде сите одговори личат еден на друг, немам трпение да го решавам тестот.