Мојата прва се надевам не и последна тема отворена на форумов Ја отворив со цел да продискутираме дали сте фотогенични? Дали сакате често да се сликате или можеби само кога сте приморани на тоа? Еве за мене.. Јас не сум ич фотогенична. На сите слики, да не претерам ама испаѓам вака: Спојлер p,s Ако има ваква тема, или нешто слично, ставете и клуч. Јас како што пребарав немаше ваква тема.
Хахаха јас како да се гледам на 2 слика. Ич не сум фотогенична коа треба се сликам хахах на пример за пасош, смешки сум ...
Значи ретко, многу ретко да ми се допадне како сум испаднала на некоја слика. Правам чудни фаци кога ме сликаат, сакам едно, а излегува нешто сосема друго. Затоа и не се сликам често, си имам увртено во глава дека ич не сум фотогенична, иако има и некои што го тврдат спротивното.
Премногу ми се има случено низ чаршија да ме запре еден човек и ме замоли да ме слика и мојата слика да ја искористел на некој натпревар.
јас не би дозволила некој си човек од чаршија да ме слика ... ај да не сум офф јас себе си не се сметам баш за најфотогенична од 100 слики можеби на 10 ќе испаднам екстра
Јас пак мислам дека поубаво на слика изгледам отколку во живо И тоа најчесто кога сум насмеана. Порано се сликав со "duck face", ама прекинав. Обожавам да се сликам кога ќе се смеам дури и кога имав протези
Јас па обожавам да се сликам , ја отепав другарка ми една фотосесија да ми напрај в парк, кај и да одам јас со дигиталниот сум, сликам се едноставно , Ретко да не се бендисам на некоја фотографија, многу сакам да се сликам насмеана, ама пусти заби не ми го дозволват то нешто ..дур не ги исправам салам нема сликање накезена, имам 1000 слики од мене в компјутер, во секакво издание
Ич ама баш ич не сум фотогенична, и 1000 слики да направам на ниедна нема да излезам како што се бендисувам
Да со право можам да кажам дека сум многу фотогенична,другарките дури ме мајтапат ''тебе камера и апаратот многу те сакат'.Сакам да се сликам имам многу фотографии секде насмеана и ретко на некоја слика да не се бендисам.
Има периоди кога многу добро изгледам на сликите, ама има периоди кога сум жив кошмар. Што знам можи е до расположението или па... од кај да знам. Па и не се жалам, добра сум...ехеееееееееееее какви има, злато сум јас!
Стварно сум мноогу фотогенична.Еднаш бев и на фотосесија,бев на чекор да тргнам кон таа струка,но сепак се одлучив за сегашната и сум си задоволна.Добро да не забегувам,цело време ги терам другарките да се сликаме,хах,во компјутер имам колку сакаш слики од мене,секој ден мора барем малку да се посликам. Обично на сликите се смеам,ама понекогаш правам и сериозни фаци.Се зависи од расположението,пригодата и каква фаца ми одговара.Само ми доаѓа кога се сликам,си ги правам фаците.Апарати имам 5 дома,од кои 2 професионални,големи,а другите 3 дигитални,но помалечки. Во срце ми е сликањето.
Од шо сум фотогенична ко патка испаѓам на сликите.Воопшто не сум фотогенична,ретко кога ќе си се допаднам како изгледам на слика
Едно огромно НЕ! Јас сум ви најнефотогеничниот човек на светот,што кога би имало некој натпревар за нефотогеничност,со сигурност тврдам дека ќе ја понесам првата награда. Значи нема слика на која што можам да кажам "Е на оваа сум навистина добра". Можеби некои ќе речат "така ти се чини".Не,навистина не ми се чини така.Навистина бре луѓе,на слики сум многу,многу,многу поразлична од она што се гледам во огледало. Навистина не знам кој е проблемот со мене.Мразам да се сликам,затоа што знам какви ќе бидат последиците. Само се мислам што чудо ќе испаднам за на табло,кога мора да одберам слика.
јас многу ретко си се допаѓам себе си на слика,...па затоа од последниве неколку години немам ни една фотографија
Сум! Иако во последно време многу ретко се сликам зошто апаратот не е баш со сите нешто е повреден но затоа што во понеделник ќе ја направам големата промена односно ќе ја скратам косата прилично многу ќе направам така неколку фотки па би можела нешто да ставам
Jaс имам слушнато дека тие што не се фотогенични најубави биле :geek: И навистина имам многу другарки на сликите се perfect а во живо се
Елика, прегледај ги своите претходни слики и види на која најмногу се допаѓаш . Па во иднина прави ја таа поза, бидејки лугето во некои случаи си ја сакаат повеќе едната страна од лицето одколку другата, да не бидам погрешно сватена, значи мислат дека подобро би изгледале на пример надесно..
Дефинитивно неееееееееее!!!!!Затоа ич не сакам да се сликам.Дури понекогаш се запрашувам дали очите ме лажат кога се гледам во огледало хааххах.На периоди знае да испадне и некоја убава слика,ама затоа постојат и слики кои што ни 5 мин не остануваат во апарат