Не сум. Јас и фотоапратите сме скарани, особено последниве 5 години. И не дека само јас мислам дека не сум испадната убаво, тоа за жал е непобитен факт.
Еее јас сум баш како онаа првата и втората слика. На сликите многу подруга ми е насмевката. Мнгоу си ја мразам реалната насмевка. бтв: сум фотогенична
Ич. Неделните фотосешнс не ми се добри. Единствено кога не пробувам и кога сум вистина природна, си се допаѓам...
Сум и ептен сакам да се сликам, уште од мала сакав да бидам фотомодел кога ќе потпораснам ама неостварлива желба, не сум баш висока па ајде да се пријавам за фотомодел
Не сум толку фотогенична колку што си ја имам извежбано убавата поза, па истата ми е на сите слики. Битно сум се снашла
Kако мала многу бев фотогенична а сега нее мразам да се слика повеќе ми оди јас да сликам отклуку мене да ме сликаат
хаха, се потсетив кога бев мала колку бев смешна на сликите и ден денеска кога ги гледам се смеам.А денеска многу сум задоволна од тоа како излегувам на сликите и да фотогенична сум
Ептен фотогенична .. обожавам да се сликам ... како и да се наместам убаво ке испадне ... најмногу насмеана
Како средношколка и се до пред некои добри 10 год.бев мнооогу фотогенична и обожавав да се сликам,потоа почнав едноставно да ја губам фотогеничноста и нормално желбата за сликање е сведена на минимум
Па да (сам ако не си се пофалиш кој ) Но има и моменти кога премногу ја ширам устата и изгледам ко плашило Сакам да се сликам и имам извадено доста добри слики Инаку зависи и од расположението понекогаш На пример кога сум нервозна,и другарка ми често сака да ме „чкрапа" со апаратот во такви моменти и изгледам скроз исто вака: