Не да не сум! Како уплав да имам од фотоапарати. На повеќето слики како мутле некое сум. Изгледа сум премногу вкочанета, пресериозно си го сфаќам фотографирањето. Чудно ама да сакам намерно да ги направам тие фацки што ги имам на сликите нема да ми успее.
Не баш Ама пак обожавам да се фотографирам , ќе сликам ќе сликам па валда од тие 100 слики ќе излезе некоја добра
Ма јок бре, башка на оние слики кај што треба со сила да се насмееш, фејк смајл што би рекол другар ми. Мислам дека на спонтаните поубаво излегувам ќе се појави некој израз на лице што одговара сакам спонтани, не сакам со сила насмевки како кога другарка ми ме манијачи по 20 пати да повторуваме слики со изговор -насмеј се повеќе, покажи заби, пошироко, аман 10ки да имам да ми се видат
Досега мнг ми рекле дека сум инаку сум манијак за сликање ми се оствари желбата имав дури и професионална фотосесија
Не-секогаш. Затоа и не се сликам често.. а за пасош и сл. Не ми е гајлеи онака само полицаецј а гледа
Воопшто, како да ме мразат фотоапарати се осеќам. Ама само модерниве, што убави слики имам од мала со тие со филм апарати, мерак да ти е да ги гледаш.