јас воопшто не сум фотогенична а сакам да ве прашам нешто-кога се сликам испаѓам како одраз во дупло огледало а не како што се гледам во огледало..ако сфакате што сакам да кажам..зашто е тоа така
Не,не и НЕ! Никогаш не сум била и никогаш нема да бидам.. па колку сакаат нека ме убедуваат дека баш добро испаѓам на слики кога знам дека не е така
Сум, ама не секогаш.Има слики на кои навистина си се допаѓам,а има и некои кои не сакам ни да ги погледнам.
Зависи кога како, но мислам дека кога природно се насмевнеш без местење подготвување тогаш сликата е најубава
Не сум, но кога сакам да испаднам убаво ако треба и цел ден ќе се штракам и ќе ја одвојам таа на која што јас мислам дека сум најубава, а не мислењата од други
Како-кога. Еднаш да, еднаш не. Зависи од расположение . Или ако ме удрат лудите па да се замишљам дека сум екстра излезена или пак реално ако се погледнам фотографијата се брише истата секунда. Маана секогаш се наоѓа, а добрите фотографии се многу ретки. Среќа кога фотам друг фаќам добар агол, затоа сите излегуваат екстра.
Ухх.. се убадувам дека сум ама уствари изгледа не сум.. Ако прочепкате во моите мислиња ќе видите дека сум многу самоуверена во врска со ваквиве работи, па затоа и се шират 300 озборувања за мене. ОМГ залетав од темава.. Инаку обожавам луѓе што се фотогенични.. Лолл.. како можат да ните слики да излеваат перфект бее?
Не. Воопшто. Повеќето ми викаат дека сум, а јас сум убедена дека не е така. Ама затоа си имам извежбана поза во која си се допаѓам и редовно така си се местам кога се двоумам дали би излегла убаво на слика.
Од фотогеничност го немам ни тоа Ф-то прво што е Значи ако постои понефотогенична личност од мене јас орден за заслуги ќе и врачам
Ллеееее Ахиловата пета ! Значи сега некој да застане и да ми рече ти го посветувам цел ден да те сликам од тие 98723862 слики јас ќе сум убава најсила на две ... а да не се фалам стварно сум убава вака во живо и аш другар ми ми вика абе застани нормално стој не мрдај да видиш како убаво ќе испаднеш ме слика- и самиот се разочара.... ми нема спас дефинитивно и криво ми е ... вчера како се скцкав баш пи*ка и пол и се сликав со глумец еден реков сеа ќе ја ставам на фејзбук...ја гледам сликата страм ми е мене са видам самата...
Не сум... ама ептем не сум... сум добила такво признание и од други Е сеа.. за во живо веќе е друга приказна
Не воопшто плус и алергична сум на блиц.Секогаш сум или замижана или полузамижана абе хорори. А, баш пред некој ден еден дечко ми рече дека сум била фотогенична.Се згазив од смеење.
Ау колку само не сум,дури ич,ако зборувам најискрено.Поради тоа,не само што избегнувам туку мразам да се фотографирам. Според некои блиски особи(кои се ептен свесни за ова),станува збор за патолошко неподнесување на фотографирањето,во сите услови,форми и норми (да не наведувам кој кошмар ми е за пасош или лична карта кога морам).Дури и јас кога слушнав дека овој последниов убиец во САД што ги масакрираше дечињата,мразел да се фотографира,ептен се замислив. Најозбилно,имам избришано и искинато триста и деведест слики,а кога еве некаде ќе решам да се фотографирам,најбезбедно е со мој апарат и се прават некаде околу 9845974572627676 слики,зашто после прочистувачата селекција остануваат некаде околу 5%.