Не сум. Не сакам да се сликам. Се сликам само кога морам (за разлика од НЕКОИ личности во мојот клас кои на секој одмор се сликаат на телефонот; duck face, секако).
Обожавам да се фотографирам. А дали сум фотогенична или не, не знам како изгледам во очите на другите луѓе, но според мене јас сум фотогенична.
обожавам да се фотографирам особено одкакко ке направам слика видам дека сум добро излезезена и ајде штрак штрак уште едно добро сто пати така хаха дечкоми веке почна да ми се смее да фотогенична сум излегувам добро на слики
Да фотогенична сум и обожавам да се фотографирам.Ме фалат дека ме бивало за модел,а искрено многу ми е мило кога некој ќе ми каже такво нешто
Кога сум поозбилна сум фотогенична,ако напраам фацка ептен сум погрда тоа е затоа што сум посериозна не се смеам често,и навикната сум на озбилни фаци
Па и не сум ептен нешто не фотогенична, ама не сум ни фотогенична, може и затоа не се сликам толку често, но има денови кога испаѓам супер на слики а има и денови кога сум згмечен компир , сепак поубаво испаѓам насмеана со заби отколку озбилна, сметам дека имам убава нсмевка но само забчето напред ме нервира и затоа не се сликам често така и морам да признаам ви љубоморам малце на вас фотогеничните
Јас просто обожавам да се сликам На повеќето слики ми се допаѓа како изгледам па можам да кажам дека сум фотогенична, иако најнормално се случува и на некои слики да сум како од гроб излезена Но, сепак задоволна сум од тоа како излегувам на сликите.
Не љубам вештачко позирање и неприродно изместување на фацата, преферирам фотографии на кои се уловени спонтани моменти. Не дека многу сакам да се штрапам, ама немам ништо против да ме сликаат, не бегам од фотоапаратот. Можеби затоа што цел живот сум пред објектив, дома имам еден куп албуми со милион слики од мене. Ми викаат дека сум фотогенична, ама јас не можам сама себе да си се проценам. Премногу сум самокритична и перфекционистички настроена кон сé, па и кон фотографиите.
Па кога како...хаха Зависи,не викам дека не сум фотогенична,но кога не ми е до сликање и апаратот не ме сака. Се зависи до фацката и ситуацијата. На повеќето слики излегувам убаво,но има на некои слики изгледам ептен лошо т.е не личам на себе.
Јас сум многу фотогенична,сите што ги гледале моите фотографии ми го кажуваат тоа и сега и дете кога сум била,и на фотографии во боја,и на црно-бели фотографии убаво излегувам бидејќи секогаш кога се фотографирам јас водам сметка за својот изглед и однесување и ретко на некоја фотографија не излегувам добро како на пример што не сум излегла добро на фотографијата од индексот за првиот факултет или,пак,на фотографијата од биометриската лична карта кадешто изгледам како вештерка,па дури и како криминалец,но јас мислам дека на тие слики од биометриските лични карти никој не излегува добро,па ни јас не сум излегла!Исто и на едни две фотографии каде што сум била лута не сум излегла добро!Како дете имав многу фобија од блицот бидејќи сум се исплашила од изненадното бело светло и изненадниот звук на шкрапање кога се пушта блицот,но,за среќа,таа фобија јас успешно ја надминав!И природно сум многу убава,не само на фотографии,но,сепак,иако сум многу фотогенична,јас не сакам претерано многу да се фотографирам затоа што сакам секогаш да бидам сосема средена за да излезам убаво на фотографиите,а тоа не го можам секогаш,а и се што е претерано оди во некоја лоша крајност и не е добро,па затоа ни јас не сакам претерано многу да се фотографирам,барем сега засега,а понатаму се надевам дека можеби ќе си го сменам мислењето и повеќе ќе се шминкам,дотерувам и фотографирам!