Ретко кога се бендисувам на фотографии ама за венчавката со професионална шминка и фризура,супер венчаница и одличен фотограф изгледавме со мм како од реклама за кредит од некоја банка. Јас одма би го земала кредитот.
Ич. Од 20 слики јас ако испаднам убаво на 3 Кога се сликам секогаш трчам да сум свртена на десната страна зошто така колку-толку поубаво изгледам
Кога се сликам со насмевка со затворена уста фотогенична сум, а кога се смеам со заби тогаш фацата ми изгледа предебело некако и никогаш така не се сликам, само една слика имам со заби .
CAMERA ,Y U NO AGREE WITH THE MIRROR? Хахахахх,сите викаат ептен сум била фотогенична,ама јас си знам дека на некој слики знам да испаднам убо,а на некој да сум тотална утка.Ама што има везе битно е каква сум у живо.
И мене сите ми викаат многу си фотогенична... Јас не баш нешто посебно се бендисувам на слики...Ептен ретко некоја добра да е , по мој вкус xD На пасошот на пример, сум ко нармокан излезена...
Ау не. Се чудам дури што е со мене. Да се сликам секој ден по неколку пати, само еднаш би се бендисала, најмногу два пати. А кога се сликам со некого, уф, го жалам тој што слика. По 100 пати слика, и никој не е задоволен. Најмалку јас. Мама ми се смее, стварно се нервирам.
Лелеееее колку ти завидувам за 5 апарати би дала се да имам бар 1 професионален но си живеам со мојто дигитално никонче Иначе и јас многу сум си фотогенична и во образ и во тело обожавам да си се сликааам си се сликам 100 на саат во парк пред школо на излегуванје СЕКАДЕЕЕ!
Јок. И избегавам да се сликам од чиста мира, едино ако сакам спомен да си понесам од некое место, провод, ден, ондак. Инаку вака, да земам да се чкрапам по дома испробувајќи милион пози - не. Затоа и имам едвај 20 слики од мене во компјутер, секако од тие 20 само на две си се свиѓам. А, најбедно ми е кога друг ми кажува види што си убава, па те убедува 5 саати, џабе сестро, ЈАС не си се свиѓам, разумеш? За сликата од пасошот нејќам ни да коментирам, ко да сум отишла да се сликам после 3 годишна робија, фаца - едвај преживеана. Ужас, бррррррррррр!
Па, може да се каже дека сум фотогенична! Обожавам да се сликам. Секој ден со телефонот најмалце правам по 5 слики од мене, а највеќе сакам да се сликам во лифт на огледалото (хаахаха ). Порано мислев дека ако се сликам со насмевка, нема да излезам убаво, ама почна да ми се враќа самодовербата. Не испаѓам на сите слики убаво. Има моменти кога мислам дека ќе испаднам преубаво, гледајќи се во огледало, а го добивам спотивното. И обратно. Така да, вие сфатете како сакате. Некогаш ако ми е денот испаѓам убаво на СИТЕ слики, а па ако не, неможам ни 1 асална да си одберам. Значи, 50-50.
Зависи од моето расположение и харизмата што ја поседувам во моментот. Но сепак зависи и од фотографот (или апаратот).
Не се сликам многу често. Понекогаш на некоја слика ќе ми се допаѓа како сум излегла, а веќе наредната минута имам спротивно мислење. За пасош да не зборам - катастрофа! Не знам дали е до апаратот, затоа што на овие нови биометриски пасоши јас не видов некој убаво да излегол, сите се чудни во фацата, мислиш не се работи за тој човек
Кога ме сликаат изненадно 100пати повеќе се бендисува, отколку кога се местам и на крај никаква сум на сликите.....НЕ сум фотогенична, ја немам таа харизма! А, имам колешка како и да застани таа преубаво излегува на сликата!
Па вака... не избегнувам да се сликам.Другите мислат дека сум фотогенична ама јас и не баш.Ако се сликам од 100 слики едвај една ми се допаѓа.Инаку во живо сум многу подобра ~!
Не мислам дека сум фотогенична дури и понекогаш кога се сликам заборавам дека треба да се насмеам и затоа избегнувам да се сликам макар што кога ќе погледнам на некои фотографиии онаму каде што се однесувам баш најприродно и сум добро расположена без да го чувствувам притисок од фотограф ми се допаѓаат
Ммм, јас сум од оваа бранша Мислам, стварно сум апла нефотогенична, ја знам само оваа фаца за пред камера, Боже пази да се поднасмеам малце повеќе, ќе излезе блицот и ќе почне да бега Стварно сум фрик на слики, ми фалат времињата кога на сликите ненадејно чкрапнати од тато излегував невино и супер окатено Затоа и ретко се сликам, по свадби и слични пригоди ја местам ко програмирана истата насмевка, и среќа што секаде е различна фризура и шминка, иначе ко додадена на фотошоп ќе сум То је, снајди се па сликај се