Не сум. До тој степен што на слика изгледам ко марсовец И мразам кога морам да се слика, едноставно го мразам тој болен процес.
сакам да се сликам ама неможам не испаѓам убава ме нервира не се воопшто како во нормала или „reality“ немам среќа со тоа :Р а некад па стварно ми се свиѓа ама некад ич, се сликам со намсевка секогаш или насмевка или - со заби или без заби хухухху
Па понекогаш ми викаат дека сум фотогенична, ама според мене фифти - фифти ми е работава. Кога како ќе ѝ текне на камерата. Добро, можда малце е со тенденција кон да. Иначе, сакам да се сликам, дури и не бегам кога на некој во друштво ќе му текне изненадно да слика, интересни ми се спонтани фотографии. Додуша повеќе си сакам онака за да си имам во телефон или апарат слика од мене или со некоја личност, а на фејсбук не ставам често и не менувам профилни, ептен кога ќе ми фати прашина профилната па ќе одлучам да се сликам специјално за тоа. А се нервирам некогаш кога нема да испаднам убаво, ама да не се жалам, се на се - прилично добро стојам со сликањето.
Зависи од денот Некои денови 20 слики да сликам ниедна не ми се допаѓа, а некои па сите ми се допаѓаат и се сакам по социјалните мрежи да испообјавам, демек видете ме и мене, и јас сум убава :geek:
Така-така. Како што кажаа другите, зависи од денот. Повеќе ми се допаѓаат спонтани фотографии, со друштво него специјално кога се сликам за тоа.
Па,може да се каже дека сум Ама сепак мислам дека побитно е да си убав онака,отколку само на слика да ти паѓаат во несвест
Воопшто не сум фотогенична . Многу глупо испаѓам на фотографиите . На прсти можам да избројам на колку фотографии ми се допаѓа како сум излегла . А сега треба да се сликаме и за табло . Воопшто не сакам да се фотографирам ама ќе морам .
Сум фотогенична, преубаво излегувам на слики, но тоа е последица и на тоа што сум приросно убава. Инаку апаратот само ја бележи фактичката состојба, тој неможе ниту да ве направи поубави ниту по неубави од тоа што сте. Разочарувањето доага од таму, што ние имаме поинаква перцепција за себе и кога ке се видиме на слика ни се чини дека апаратот е виновен за тоа што ние не сме онакви какво што сме си во нашите глави.
Не сум фотогенична ама ич, многу чудно ми паѓа кога ќе си ја видам сликата, како друг да се сликал , а не јас, еве прееска ми текна ги наполнив батериите на дигиталниот ми апарат и ќе се сликам амаа тој како да знаеше што очекувам и баммм, ми ја направи фацката како 100 години робија да сум издржувала ! амаи злопамтило е не му земам за зло, ми враќа за тоа што го лупнав од врата пред некој месец
ИЧ НЕ СУМ ФОТОГЕНИЧНА..АБЕ ВАКА КЕ СЕ ВИДАМ ВО ОГЛЕДАЛО И СЕ ОК КЕ МИ СЕ ДОПАДНЕ И КЕ СЕ СЛИКНАМ И ХОРОР КАКО СОСЕМА ДРУГА ЛИЧНОСТ ДА СЕ СЛИКАЛА А НЕ ЈАС
Сум фотогенична Вчера ја скапав дада да ме слика, бидејќи си купив ново фустанче. И сеа кога го земам апаратот таа бега за да не ме слика, вика аее стварно напнуваш хахахаххаха
Па не баш,еве се ќе си се наместам и после коа ќе ја видам сликата,ХОРОР,ама повеќе ми се допаѓаат случајните слики,незнам зошто таму поубава излегувам