Воопшто не сум фотогенична и не сакам да се сликам. Од 50 слики, две ќе ми се допаднат. Затоа и едвај се наканив да ставам профилна на фејсбук.
Ангелче многу убава коса имаш посебно бојата ми се допаѓа, специфична е. Инаку мислам дека сум фотогенична, но сликите не ми значат толку, подобро во живо да изгледаш добро отколку на слика.
Па, го променив мислењето. Ретко се фотографирав, но сега се почесто почнав да си правам селфи . Ги чувам на телефон, не ги објавувам ниту на Фејсбук, ниту на Инстаграм. Понекогаш ќе ми се допадне фотографијата, понекогаш не. Се разбира, не сум најфотогенична, но почнав да си ги бендисувам селфињата.
Фотогенична сум само кога сум многу добро расположена и среќна. Кога имам обичен ден, не се ни сликам, знам дека ќе излезе само ужасна слика па ќе се нервирам заради тоа.
Хахахаха, не, не, не и не!!! На сите слики сум изрококирана и не си се свиѓам. Коа се местам убава се тогаш сум УЖАСНА, а коа ме сликаат коа не знам, така спонтано највише си се свиѓам.
Сметам дека воопшто не сум фотогенична. Дали косата цело време ми спласнува, без волумен ми е, па прави да не изгледам добро на слики или не знам некоја асална поза да заземам - не знам. Обично еднаш на повеќе месеци (кога ќе добијам некаква инспирација) решавам да си направам фотосесија, односно вереникот да ми направи и од 60 слики, едвај 4-5 добри ќе испаднат. Не знам, можеби и срам ми е да позирам, ама барем да научам да заземам некоја нормална поза со која пофино ќе излезам на слика вака по родендени и прослави кога се сликаме.