Ич !!! И не што не сум, туку колку и да се местам, јас сум катасрофа ! Или терпкам во моментот т.е.мижам, или сум искокотена како недај Боже недоветна или некоја гримаса имам како нетачна Абе за ме видите на пасошот ке се уплашите, како убица сум.Слободно потерница може по мене да се распише и ми е срам, никаде не го покажувам Порано кога се гледав на свадба некаде па и ако си го чујам гласот повракав. Одвратно
^ Хахахаха, неееее, сликите од пасоши, лични карти и други документи не се важат. Јас не сум видела до сега човек што добро излегол на некоја од тие слики. Сите биле како робијаши, пијаници, убици, криминалци од секаков вид. Тоа е невозможно!
Огледалото ме сака, камерата не. Значи на огледало кога се гледам изгледам супер, ама кога ќе се видам на слика, тоа дефинитивно не е истиот лик.
...зависи. Кога се местам, веќе низ годините навикнав која половина од лицето поубо прилега на фотоапаратот (сепак не се најсиметрични, има разлики), навикнав кој тип на насмевка поубо седи ова и она и само така ако излезам океј на фотографија, во спротивно не се сметам за многу фотогенична, ретко слика неместена да се погоди како шо треба. Мама вели „ах колку си фотогенична сите колешки то ми го велат ко ќе гледат сликите шо ги клавам од тебе“, е са само да знај та колку мака има во сликите, колку години пракса
Да, фотогенична сум. Ретко се случува да не излезам убаво на слика, ама нормално како и сите така и јас имам слики кои ги мразам и не сакам да се видам на нив. А пофотогеничен човек од татко ми немам среднато досега. Како да застане супер излегува на слика, за разлика од мајка ми која секогаш излегува со отворена уста и затворени очи Или ако се обидува да излезе со затворена уста тогаш се напнува цела и излегува како да и се оди во вц, како да трпи.....како и да застане исто и се фаќа Секогаш се зезаме на нејзина сметка, еднаш до тој степен што искина 2-3 нејзини слики во нервоза А татко ми ме потсетува на Барни од How I met your mother...кој ја гледа серијата ќе знае за што зборувам
Не, воопшто не сум фотогенична, кога се гледам на огледало сум друга а да се сликам на слика не личам на себе, абе 100 слики да направам ни на една нема да бидам убаво сликана, тоа е не ме сака камерата, колку да се местам вака така онака пак ништо Има некои колку се фотогенични уф, блазеси му
НЕЕЕЕЕ! Потребни ми се 324547 слики и пози да испробам за барем една да испадне како што треба ама викаат убави луѓе не се фотогенични
Прилично да,скоро увек испаѓам убаво на секоја слика,дури и на пасошот ,но сепак нели на огледалцето увек поубо
Воопшто не сум фотогенична бидејќи имам изразито асиметрично лице. Селфи може и некако ќе погодам, ама некој да ме слика јок. Убица испаѓам.