Од телефон или фотоапарат бегам што е можно подалеку... според ова може да се заклучи колку сум фотогенична
Me sum ic totalno razlicna slika od mene od kamera i totalno razlicna vo zivo.Sekako vo zivo mnogu poubava
Не сум многу по сликањето,не заради тоа што сум или не сум фотогенична туку некако без врска ми е каде и да се отиде некој постојано да шкрапа со телефонот или со апарат! Во ред е да се обележи некој момент и да ќе бидам присутна на ффотографијата,меѓутоа како што прават денес чекај вака ногата,чекај косата,ај сеа вака сврти се,на стол,на маса,под маса...уште на плафон качете се таму може најубави ќе излезете!
Не, а баш сакам да се сликам. Затоа ретко се сликам, да не плашам луѓето. А, посебно ме нервира кога сликаш некого, сликите се како од списание, а мене кога ме сликаат вака нешто испаѓа. Спојлер
Некогаш да некогаш не, ќе се изнасликам 50 тина слики па ќе одберам 3-4 а на сликите од документи катастрофа исто како да не сум јас. И мене ме нервира тоа што кога сликам некој го сликам преубаво, а кога ме сликаат мене никако. Па затоа повеќето слики ми се пред огледало или селфи. На мажот ми некогаш му е досадно да ме слика ама што да му правам
Многу сум фотогенична и многумина ми имаат укажано на тоа. Кога се фотографирам речеси на сите фотографии изгледам одлично, исклучоци се само некои заматени фотографии, лошо светло или пак фотографии на кои случајно сум трепнала. Дури и на фотографиите од документите сум добро излезена, а искрено малкумина познавам такви
Порано бев ептен фотогенична, на секоја слика излегував убаво, а сега од 10 слики, на една сум си убава.. или ептен прибирам и јас или сум се разгрдела малку А искрено после носење на хиракс (ширач на вилица) и протезава 1год што ја носам како да ми е сменет доле обликот на ликот, чудна сум сум... и тоа на слики ептен го забележувам, тоа како да не ме прави фотогенична веќе..
На фотографии ретко кога излегувам убаво. А,во живо изгледам убаво. Кога покажувам мои слики луѓето неможе некогаш да поверуваат дека тоа е една иста личност.
јас да ви кажам пак сум фотогеник во целосна смисла на зборот,и на слика и официјална слика од патни исправи па се до лична карта па се до таблоа и спонтани слики и видеа. Најбитно мислам е за да излезен убава на слика е да се ослободиш од срамот и да глумиш да му дозволиш на самодовербата да надвладее. Друга работа е битна а тоа е амбиентот,позадината на сликата,светлото,да се запознаеш себеси и да знаеш на кое светло се прикажуваш во НАЈдобро светло,кое што ќе ти го остакни ликот заедно со шминката, и сите контури на лицето и телото,исто и расположението има влијание затоа што во очите се гледа твојот емотивен статус,а сите не привлекуваат повеќе среќни и насмеани лица и експериментирајте посветете време нели брзањето не секогаш носи успех,затоа што секој има квалитети што треба да се истакнат и секој има убавина која е индивидуална и не смее да се крие