Да, фотогенична сум. Сакам кога сама се сликам, но не и кога некој друг ме слика освен кога станува збор за некоја посебна прилика.
Не сум воопшто фотогенична. Порано сама кога се сликав некако успеавав да извадам солидни слики, сега како што изгубив осет за сликање не сакам ни камера да пуштам. Последните слики од себе ми се од мај некаде.
Ич николку. Незнам да застанувам со раце, со нозе. На Селфи или сум наќезена, или мило насмеана. Незнам да местам усни, очи, веѓи, коса.
Нит сум фотогенична нит па знам пози да правам. Едино некој спонатно да ме фати па да излезе убаво, сама кога се местам ретко, или ко срамежливо детенце или имам bitchface. Пеесет совети за позирање ќе видам, една нема да ми текне пред слика.