Мислам дека воопшто не сум фотогенична иако другите ме убедуваат во спротивното. Ни на селфи ни на обична фотографија си се допаѓам. Секогаш повеќе си го сакам одразот во огледало отколку на фотографија.
Луѓе кажете како да бидам фотогенична. На селфи убаво мислам дека излегувам. Но со задна камера кога некој слика од далеку и кога ќе ја видам сликата ми доаѓа да се отрујам. Па уште и кога ќе се видам на фејсбук ставена.... Смрт ми е!!!! Јас мислам дека се смеам до уши додека се сликам, а кога ќе ја видам сликата на сликата гледам најголем намќор. Кажете како се справувате со ова?
Не ,за селфи ајде така и така Ама инаку сум тапа во сликањето,а пак не ни обожавам многу јас да се сликам..Може и поради тоа немам искуство хаха
Во правење на селфи сум про. Научив кои агли под која светлина одат, а кога некој ќе ме сликне од страна, уште депресија ме мава, така да би рекол дека сум фотогеничен во зависност од условите.
Фотогенична сум многу. Ретко изгледам на слика, како во живо. Исто! Мом да сликам 50 слики и на сите 50 различно да изгледам.
Воопшто, а порано многу сакав да се сликам и знаев како. Другар ме зафркаваше дека иста поза имам на сите слики на Инста. Таа е немам друга, лева рака напред, десна назад, здрвена ко младо војниче.