Абе фотогенична ко Шрек. Ретко да ми се погоди некоја слика, освен секако моите самослик фотосесии пред огледало Ама добро тие не ги објавувам никаде.
Сум, но мноооогу внимавам на насмевката зошто кога ќе се насмеам изгледа вaka како да ми е лицето баскет
Мислам дека сум фотогенична. На слики излегувам понекогаш многу поубава него што сум во живо. Обично кога се сликам се насмевнувам со заби и главата ја вртам малку на лево или на десно.
Не сум фотогенична, ми се допаѓа или не тоа е реалност. Затоа не обожавам да се сликам и да отидете на мојот профил на Фб нема да ве пречекаат миоини мој фотосесии, туку само неколку слики на кои по случајност сум заличила на човек, ама затоа јас сакам да сликам и се надевам дека во скора иднина ќе си купам фотоапарат бидејќи немам ниеден, уствари имам еден актика е, кујзнае колку е постар од мене од времето на дедо Ное е тој.
НЕ. Чекај да подразмислам малку.... НЕ, значи НЕ, НЕ и НЕ! Мислам дека сум најнефотогеничната личност на цела планета, сликите мои немаат врска со реалноста. Сликата од матура е дно дна, дома не смее да се урами големата затоа што ќе има кавги и ѓурултии. Ако во живо изгледам срдечно и насмеано, на сликата изгледам како да ме буцка некој отпозади на газот во голема гужва, а мене ми е срам да кажам дека некој го прави тоа, па кисело се смешкам. Ако во живо косата ми е препрепрекрасна, на сликата ми е половина пикната во врат, во блуза. Ако во живо немам гуша или не трепкам, на сите слики сум како Гица Прасица со гушиче и половина очи превртени нагоре. А ако некој ме слика во профил, ќе го убијам и ќе го лежам после. Озбилно. Се сликам насмеана чисто ради карактерна особина, малку веселост да внесам. Факт е дека на половина слики излегувам вака нешто Спојлер Не, дефинитивно, фотогеничноста не е моја јака страна. Никако. Им завидувам на тие што во сликањето се некако, ол натурал. Па со коса, став, рака. Не бре брате, тенков не го бива. Ама како викаат, убавите луѓе се нефотогенични. п.с. Морав да го ставам типов. Спојлер
Зависи. Но не сакам многу сликање.. Сакам да се сликам на места каде што ми пробудуваат чувства и места на кои сакам да се сеќавам.
Па да,прилично. Имам доста слики каде ми се допаѓа како сум испаднала.Само несакам да се сликам во профил.
Не знам во суштина несакам кога ме сликаат други. Кога се сликам самата знам да си ја доловам секоја моја емоција и ми изгледа океј.. ама има фотографии кај што ме сликале некои, не сакам ни да се погледнам ужас!
Мислам дека не сум. Имало и неколку фотографии каде што сум испадната добро, ама се поретки. Плус секоја емоција ми се чита од лицето. Не дај боже да не сум расположена, ни лажен осмех не ме спасува. А баш би сакала некогаш некој со професионален апарат да ме слика, чисто да видам дали како професионалец може да ја извлече и убавата страна А да, иначе ептен е интересно како некои луѓе изгледаат поубаво од живо и обратно. Колку само може да „излаже“ фотографијата...
Јас сметам дека не сум фотогенична од 100 слики 2-3 се ОК, на некои правам фаца, на некои ми се гледа умник (осмех од осмица до осмица) и затоа не сакам многу да се сликам.
Не дека сум самобегендисана,ама ич не сум фотогенична на слика,или сум премногу насмеана, или искривена во фацата,или замижана. Немам ниедна асолна слика
Ич. Кој ме видел на слики,видел дека на ниедна не изгледам како на претходната,а уште помалку па соодветствувам со живата појава. Од 100 слики,јас 1 ќе изберам,затоа и ретко се сликам.
Се приклучувам на клубот на нефотогеничните. И мразам да се сликам, страшно. Си ја мразам речиси секоја слика. И затоа сега се чудам како ќе испаднат свадбените слики.
Бегам од апаратот како ѓавол од крст...не излегувам убаво на сликите..ептен треба да ми се погоди и светло и се ..инаку сум чувај боже
Сакам да се сликам. А за фотогеничноста сум 50-50. Зависи. Од расположение. Повеќе си се бендисувам намеана со заби А кога сум озбилна сум изгледам како многу лоша да сум.
Ау не,освен може од далеку кога ме сликаат...во последно време на една слика одвај се бендисувам...посебно како мразам кога некој ќе ме слика одблиску...сите неискубани влакна,сите црнки,сите брунчиња да ми се гледаат...не фала.
Обожавам да се сликам и најчесто убаво излегувам на сликите.Зависно од период,ретко,ама се случило и да не можам да изберам која слика да ја оставам да не ја избришам од апаратот,и тогаш сум баш разочарана Повеќе сакам да се сликам насмеана,да ми се гледат забите така поубаво излегувам,а избегнувам да се сликам од левата страна на лицето. Но сепак,не сум фотогенична.Фотогенични се луѓе кои блескаат на сликите а во живо чиниш не се тие.Имам една таква пријателка,девојкава да ја видите на слики,да не претерувам ама како некоја холивудска дива е на секоја слика,зрачи од убавина.Во живо не е ни приближно од тоа што е на сликите,дури чудна работа. Едноставно некои луѓе ги сака фото-апаратот,на некои им е лут