Не,не,не,не и не Јас и апарат, два различни поими,како вода и оган .Има некои ситуации кога испагам убава но, во некои ситуации
Со другарка бевме на фотошут(како ли се вика), е, она си отиде дома со ЦД од 200 добри слики а јас со 20. Епа ако сликар во студио не може да ме фати ко што треба тогаш со среќа на некој хапи чкрапач Не ти ја можам јас онаа мала насмевка, ако пробам малку да се насмеам изгледам на сликата како мозочен удар да сум добила. А ако не се смеам на слика изгледам лута. Ако се ожлембам од уво до уво, со моите надгробни плочи за заби, на сликата само бело преовладува и озгора очи на јапонка, како овие facewarp на телефон што се да ги некој користил. Подобри слики излегуваат ако некој ме докачи кога не гледам во апаратот, а за позирање сум тапа. Колку пати маж ми ќе ме тера да застанам некаде да ме слика со убава позадина, дали море, дали зајдисонце, ќитки...секогаш му викам да седи мирен да не расипува сликата, ама он од чиста упорност, и фала богу на дигиталната технологија инаку цел филм ќе потроши човекот за мене да ме има саглам на една слика.
И јас не сум фотогенична. Ќе си пукнам од мака! Ја таква мераклика за сликање, стално прва се местам пред фотоапаратот, ќе стори ’’блиц’’ одам да видам како сум испаднала и .. РАЗОЧАРУВАЊЕ! Скоро на ниедна слика не се бендисувам. А моите и дечко ми ме фалат како сум им била преубава на сите слики. Ама тоа е, ’’што ми е мило да ми е живо’’ работава.
Кога како. Ако имам убава фризура и убаво сум облечена се чуствувам посамоуверено и поубаво испаѓам. Не сакам многу да се сликам, ептен кога се мора. Или кога почнат другарките да ме теглат да се сликаме па да не привлекувам мн внимание зошто нејкам да се сликам се помирувам и правам некои кисели фаци. ужас Имам една девојка за пријател на фб и има 2349.. албуми со по 200 слики само од лицето, значи само од лицето од сите можни агли, под секакви светла, со сите можени фаци, накезени, насолзени, натажени, "duck face" and so on... Сега пак со дигиталните апарати и сликањето не е тоа шо беше. Посебно ако е групна сликата. Имам таква другарка одма го граба апаратот и ако таа не се бендиса одма ја брише, без разлика оти на сликата има уште 10 други личности кои можеби убаво се испаднати. Порано повеќе сакав да се сликам, сама со мобилниот и само лицето нели. Сега некако ме нервираат таквите слики каде само лицето ми се гледа. А за да се дотерувам, да се шминкам за домашни фотосесии немам време така да од последните 2/3 години дали 20 слики имам од мене во пц.
Па другарчињата викааат дека сум фотогенична, ама јас сум многу самокритична и не се бендисувам често. Ако се окезам со отворена уста и запчиња, јаболчниците ќе ми експлодираат, ми се шири целата фацка. За некои на пример тоа е убаво, за мене е чукнато. А сакам да се сликам ептен, си се штракам и сама од досада, убаво ми е. Најчесто се сликам со мојата увежбана и недефинирана Мона Лиза фаца - ни на мртво плаче, ни на живо се смее. Ако ги покажам фотките со моите експресивно-фацијални изрази, ќе се јават од театар да ме букираат за наредната улога на најголемата лудача!
Фотогенична сум и симпатично излегувам на оние слики кога сум опуштена, насмеана и сл. всушност кога не ни внимавам на сликањето, да позирам не знам, па не се ни трудам. Ама , на сите официјални сликања за официјални документи, излегувам - ужас, не е доволно соодветен збор кој би ја доловил правата, фактичка состојба... Порано почесто се фотографиравме, сега скоро воопшто и немам некоја понова слика, а како што немам ни профил на книгата во фаци, џабе ќе се сликам , се зезам...
Сите велат дека сум многу фотогенична. Иако често наидувам на `сликачи` кои не знаат како да сликаат. Колку и да си убава и дотерана, ако не те сликаат како треба, џабе ти е. Зависи позадина, светло, со каков апарат/мобилен. Така да, ако се сите `услови` погодени мислам дека нема нефотогенични. Нефотогенични ми се оние кои сосила застанале пред апаратот, гледаат во него како теле во шарена врата, целите намчори во фаца, а во телото се поза за обезбедување чиниш. Мразам кога `ме тераат` да ги пресликувам по 20 пати (најчесто другарките за на фб си прават фотосесии), па им викам: еј, супер си на сликава, а тие крш.
Јок. Треба едно 20-30 сликања да удрам за да се бедндисам на една, две. Другите ми се благопријатен ужас. Јез да кај мене фотогеничноста е правопропорционална и со тоа каков ми е денот, како сум расположена и како се чувствувам. Некои денови сум доста симпатична, а некогаш чувај Боже, на слика и во живо две различни персони. Скоро секогаш се сликам со блага насмевка, Монализа стил, зошто ако сум сериозна изгледам како да во секој момент ќе се расплачам, а ако се насмеам изгледам така речи налудничаво. На скоро сите свадбарски слики сум лошо испадната, не иде да се уозбилам ептен, не иде ни да се оклештам, нешто измеѓу се обидувам да доловам ама ретко кога ми успева. На формалните слики и не изгледам толку лошо, таа на пасошот ми е поприлично добра, а од лична карта не е ко онаа на пасошот ама може да помине. Онаа од табло од средно ми е одлична, таму па ептен се свиѓам, ама па таман работа да не е добра кога 100 пати ме чкрапна. Луѓе што се разбираат во фотографирање ми викаат дека имам потенцијал, ама па јас не се доживувам така. Што се тиче случајно фотографирање, со оглед на тоа дека во 99% од времето се смеам изгледам благо ретардирано додека зевам, смеејќи се со широко отворена уста и гестикулирам среќа со екстремитетите. На тие слики само огромно устиште се гледа додека остатокот од фацата ми е згужван, нешто вака . А сакам да се сликам, без разлика како ќе испаднам, барем ќе имам успомен за дуго сечање од тој момент.
Не знам, јас лично ретко кога си се допаѓам како испаѓам на слики, ама овие моиве блиски и не толку блиски ми велат - као за најфотогенична личност од друштво. Мојата фотогеничност најмногу зависи од моменталното расположение, изгледот и не ми е баш некој значаен фактор. Кога се сликам сама, онака за убивање досада или ме сликне некој чисто за овековечување на некоја вау комбинација која сум ја носела за излегување, супер испаѓам на сликите, ама кога се работи за групна фотографија, е тогаш е весело. Највеќе ме нервира блицот, благодарение на него излегувам џоа од Јапонија да ме посвоиле моите. Баш поради таквите блиц-испади избегнував и не сакaв сликање, ама блиските ме напнуваа ептен со муабетите од типот - Еј, па ти имаш убаво лице, имаш убава насмевка, зошто да не сакаш да се сликнеш , па ваму-таму, блаблабла ... И да, ретко на која слика сум озбилна, обично се смеам, бидејќи повеќе ми се бендисуват окезитис фотките, стварно ко да зрачи тогаш позитивна енергија од мене. А Мона Лиза фацата уште не ми е усовршена, обично кога ја практикувам испаѓам нешто слично на сериски убиец - сликата од пасошот е доказ за тоа. И затоа си одам со проверена поза - окезена до фул или широка обична насмевка, без заби, зависи како и колку успеам да се натокмам додека се местат оние околу мене (или додека се натокми сликарот да чкрапне фотка).
Па и не баш!! Имам само еден вид на насмевка и истата ја употребувам на СИТЕ слики. Понекогаш пробувам да влезам во филм како оние фотомоделите кога ги сликаат, демек озбилна фаца, која на крај изгледа МНОГУ МНОГУ лошо!!
Ако се насмевнам,иначе не. А и незнам бре да се шмизлам,да се прчам Не знам како некои шмизли застануваат и сите фотографии им се топ. А јас кутрата да се испозанесам и ќе се искривам цела,абре какво искривување ќе пукне апаратот од убањава моја
Зависи од денот, ако сум добро расположена на секоја слика ќе испаднам добро а ако сум лошо расположена се ќе ми смета, насмевката ќе ми биде премногу вештачка, така да се сликам само кога сум добро расположена
Фотогенична сум само кога сум расположена и кога сакам да се сликам. Кога вештачки треба да наместам поза да се сликам сум ужас, ич не си се бендисувам Некогаш сум намоќор, некогаш сум со мн глупава изнудена насмевка. Не ме бива кога глумам. Кога сум опуштена и насмеана знам да испаднам супер на слика. Сама кога се сликам исто сум утка невидена, несакам да се сликам ради реда, сакам со повод и сакам спонтани фотографии. Да не се фалам ама на спонтаните фотки најубаво испаѓам.
Ич, ама баш ич, колку се овците фотогенични толку и јас. Многу ретко да излезам убава на некоја слика, ама сум приметила и дека некогаш е до апаратот. На пример со стариот телефон кога се сликав, абе лепотица, а со овој сега, како удрена со волнен чорап сум на сликите, затоа и избегавам да се сликам. Не знам сега за апсолврнтското табло кога ке се сликаме каков апарат ке се погоди, ама фотошоп и се е можно не се замарам.
Не. Не и НЕ. Ретко, многу ретко да ми се допаѓа моја слика. Не знам дали е до камерата или до мене, ама не си се свиѓам како излегувам на слики. Воопшто не сакам да се сликам. Многу ретко, и тоа повеќе од досада. И тоа мора да биде самиот врв на досадата, кога веќе ништо па дури и зјапањето во ѕид не ми е интересно. И многу, ама многу мразам да се сликам насмеана од 6ка до 6ка. На некого му стои, ама на мене ич. Се мислам дали е ова лошо, или сепак не? Сметам дека сум многу поинтересна во живо.