nope затоа избегнувам многу , многу сликања, ниту пак сакам да имам милион слики од себе, не сум некој нарцис.. а обично кога се сликам правам некои изместени фаци и мајка ми одма ми коментира ''еве пак фаца напраила, кога ќе се уозбилиш дете, јазикот не е за плазење, бла, бла, бла..'' oh shut up mum! што да правам кога сум си таква
мислам дека НЕ! Многу сум самокритична и си наоѓам милион мани, а носот секогаш ми излегува ко на Балтазар И затоа избегнувам да се сликам.
Јас викам не, а сите околу мене да. Е па чорба. Не сакам да се фотографирам, зошто секогаш маани си наоѓам. Косата, рацете, ногата, фацата... се нешто не ми чини. Или барем јас така гледам Треба стварно да сум расположена за фотографирање и тогаш на сите слики си се бендисувам. А најубаво испаѓам на оние спонтани, случајно шкрапнати слики, без местење и позирање и на оние на кои имам осмех од шестка до шестка.
Прилично сум, само да ме сликаат во лик, нема слика да не се си свиѓам. И со насмевка, и без насмевка, и некоја глумачка поза, со шминка и без, сеедно ми е. Според мене слики се спомени, и не е нешто за што треба да се издигаш од земја. Денес со дигиталниве апарати се изгуби смислата за слика како спомен. Се сликаш се додека не испаднеш убаво. Порано ми беше тоа тоа. Сликаш една, две, толку ти е филмот, чао пријатно. Нема убав не убав, тие слики ќе ги гледаш ти и тој што е на сликата, па и неколку блиски од страна. Толку. И кога после години ќе погледеш, ќе речеш "ех што убаво си поминавне", "што убаво беше тогаш", или "леле што фаца сум направила" а не "ау требаше уште едно 5-16 пати да се сликнам за подобра слика."
Да, сум фотогенична ама несакам да се сликам многу. Несакам слики од типот ,,ајде да се сликаме,, ќе се наместиме и ,,шлап,,. Сакам слики каде што сум спонтана, со погледи на страна а мисли кој знае каде. Е тие емоции сакам да бидат извадени на парче фотохартија. Од сите слики што ги имам по дома освен оние клише од свадби кои морам да ги земам другите ми се спонтани. Од таквите слики се гледа фотогеничноста, чистата емоција. АМА, сето тоа да биде чкрапнато од некој што бар малку има поим за сликање и ги знае основните правила. Во крајна линија или те сака објективот или не
Не сум и се нервирам коа треба да се сликам. Ај мош фацата добро ќе ја наместам, ама од блицот кога ќе ми засветат очилата, не се гледам... И затоа во последно време избегнувам да се сликам самата себе, единствено некаде групна слика, или со некој... И да, секогаш се сликам со заби. Кога сум без заби изгледам како да ќе натепам некој.
Не сум. Имам испаднато убаво на некои слики, не дека немам, ама главно мислам дека не сум фотогенична. Ретко да се бендисам на некоја слика и тоа секогаш е некоја спонтана слика каде што не сум се местела или ме сликале без знаење, па и изнасмеана од уво до уво да сум, отколку кога се местам за сликање.
Па да сум фотогенична да се свиѓам на секоја слика не, зависи... јас не се сметам за фотогенична од причина што има луѓе кои не се нешто убави во живо, а испаѓаат ептен убави на слики, а јас обратно.
Сум. Но зависи од кој агол ме сликаат Се разбира, покрај „наместените“ имам и преубави спонтани слики, но и некои кои самата себе си се чудам дали тоа сум навистина јас
Ау жими све да. Што од една страна е лошо, зошто луѓето секогаш се разочаруваат кога ме гледаат во живо. Ама шо ги вртам, имам убави сличиња.
хаха да, баш гледав скоро на сите спонтани слики ме има, односно на сите од друштво незнам како така. тоа значи дека сакам да се сликам, а и фотогенична сум, баш си се сфижам на слики така насмеана