Едноставно НЕ! Прво не знам да позирам, како да се наместам бла бла, потоа на секоја слика сум замижана и така Скарана сум со фото апаратот одамна
Воопшто НЕ! Мразам сликање ..Посебно кога сум излезена и кога другарките почнат да се сликаат,ми идат на живци..
фотогенична сум, ама многу ретко сакам да се сликам... а понекоаш кога сум расположена цел ден би се сликала!
НЕ. Ќе си се опулам в огледало, убаво изгледам, земам фото апарат, се сликам, УЖАС. А баш сум заинтересирана за фотографија, ама повеќе ме бива за зад камерата
Воопшто не сум,не знам ни како да се наместам,ни како да се насмевнам.... мразам сликање,а во последно време луѓево со апаратите и во вц одат,само сликаат, мразаааааам
Незнам, можда малку сум фотогенична, ама незнам на пример да се наместам, или да фатам поза како што треба.
Јас ич не сум фотогенична, кога се гледам на огледало сум една а кога ке се сликам сосема друга. Затоа избегнувам да се сликам а кога сум приморана гледам да ги искористам очилата за сонце за се скријам дел од лицето бидејки ич не си се допаѓам. :/
Кога се сликавме за табло сликарот ми рече дека сум била многу фотогенична, па штом сликар рече изгледа дека ќе сум.
Их, уште прашуваш! хахаха. Имам нешто 'фотогенично' во себе (си се фалам, ама така е ). Шала на страна, според мене секој си е фотогеничен на свој начин. Секој може да биде убав на слики само да најде соодветна поза, со насмевка или без, со рака на струк или не и слично!