1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте "Leading lady" или најдобрата пријателка во вашиот живот?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од blonde_supergirl, 5 октомври 2017.

  1. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Некни го гледав "The Holiday" (Kate Winslet, Jude Law, Cameron Diaz) и пријателот на Кејт и го даде овој совет, дека мора да престане да се однесува како најдобрата пријателка и да игра споредна улога во нејзиниот живот, туку да биде водечката дама. Што мислите и какви се вашите искуства?
    Кај мене се менува, де вака де така. Некогаш се чувствувам баш во контрола на мојот живот, некогаш како други да ми го диктираат. Совет вреден за размисли...
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Интересна тема @blonde_supergirl :)
    Јас мислам дека цитатот е сосема точен и дека секоја личност која е емоционално и психички сигирна во себе би требало ова да го применува.

    Причината поради тоа е релевантноста на одлуките кои луѓето поединчено ги донесуваат кога се работи за сопствениот живот, без разлика дали тие се големи или мали.
    Сосема е логично дека секоја личност во себе има некаков инстинкт дека секогаш треба да се потпира на неговото мислење кога станува збор за сопствениот живот, а не за туѓиот.

    Но од другата страна имаме и луѓе кои се манипулативно настроени и всушност сакаат тие да бидат главниот фактор во нечиј живот, а нивното убедување да се базира врз психолошко играње со нечии чувства, стравови или желби.
    Сепак тоа само би важело за оние кои ја довериле својата доверба во погрешните луѓе, како и оние личности кои претпоставувам дека се емоционално несигурни во себе.

    Според мое искуство, јас секогаш сум ја имала контролата врз мојот живот бидејќи точно знам што сакам и знам како да ги остварам моите желби и потреби.
    Иако за повеќето луѓе делувам " чудно " сепак никогаш не сум дозволила некој да диктира како јас треба да го живеам својот живот.
    Јас сум тоа што јас сакам да бидам, а не она што некој друг сака да види.

    Всушност, единствената рационална и психолошка причина што можам да ја замислам во моментов за прашањето зошто некој воопшто би го интересирало туѓ живот и начин на функционирање е или поради потисната огорченост која би го оправдало непостигнувањето на своето идеално себе или извлекување на некоја лична корист или сатисфакција преку манипулација.

    Доколку некој се чувствува дека другите му го диктираат и контролираат начинот на живеење, тоа би значело дека неговата свест конечно проработува и дека треба да превземе нешто додека не го изгуби чувството за тоа како треба да биде неговото вистинско себе.
    Неколку од начините некоја личност да ја врати контролата во својот живот е да има сопствено ,, јас ,, и да умее да ги препознае методите на класична психолошка манипулација.

    Со други зборови ...

    [​IMG]
     
    На SeaMermaid и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  3. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Баш така Роуз, објасни преку совршена анализа.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Познавање во областа на човечката психологија и нејзиното работењето може многу да му придонесе на еден поединец, вклучувајќи и вакви ситуации.

    Мило ми е што ти се допадна мојата површна анализа на оваа состојба, како и нејзиното причинување.

    Сепак, и покрај фактот што ние луѓето сме од истиот вид и самопрогласено се наоѓаме на самиот врв од пирамидата на останатите живи суштества населени на планетата Земја, секој одделен и посебен човечки ум преставува посебна приказна за себе (зависно од повеќе фактори како изглед, здравје, опкружување итн).

    Поради тоа се создава ситуацијата каде луѓето со умствено посилни способности имаат тенденција да доминираат врз оние кои поседуваат умствено послаби способности што доведува до т.н. ,, борба за опстанок ,, секако не како онаа која владее во животинското царство каде од постоењето на организмите не се случило никаков напредок, освен можеби ситни и скоро незабележливи знаци на еволуција.

    Значењето на ова е дека и покрај тоа на повеќето луѓе им е овозможено живеалиште, храна, вода и други потреби за софистициран и достоинствен живот, сепак интелегенцијата направила да се создаде друга атмосфера, односно борба меѓу умовите каде, како што претходно споменав, секогаш победуваат луѓето со умствено посилни способности, додека останантите едноставно стануваат потчинети на нивната волја.

    Тоа доведува до заклучокот дека колку и да се размислува дека човекот преставува најинтелегентното суштество на оваа планета и се разликува од останатите организми, сепак неспорен е фактот дека и homo sapiens сепак претставува суштество, цицач кој настојува да си го најде сопственото место во општеството но со развиени и интелектулани методи, но несвесен за можноста за предизвикување јазол меѓу човековото единство и слога, секако инспирирано од себичноста и алчноста.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш leading-lady.Од кога знам за себе,секогаш јас сум била лидерот.Карактерот ми е таков.Слушам совети,не дека не,ама никогаш ама баш никогаш не дозволувам други да ми го обликуваат животот.Имало и моменти на слабост кога делумно сум го дозволила тоа.Ама најмногу се водам по себе,и не би ни ја копирала најдобрата пријателка.Сметам дека секој си е приказна за себе.
     
    На Jane.Birkin, blonde_supergirl, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На blonde_supergirl и SeaMermaid им се допаѓа ова.