1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали стилот чини многу пари?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 25 ноември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Убаво е кога човек изгледа убаво, со изграден стил, знае што сака да носи и како да се облекува.
    Но тука постои и една пречка. Парите.
    Колку парите имаат влијание врз еден стил?
    Темава не е за тоа дека ако имаш многу пари ќе имаш убав стил, факт е дека може да си милијардер а да немаш вкус.
    Но што ако имаш вкус и сенс за мода а немаш средства? Токму за тоа е темава.

    Имаш идеја како да се облечеш за свеченост да речеме, бараш фустан или шиеш па потоа чевли па чанта па фризура па накит и тоа чини реално енормно многу за да изгледаш перфектно. А со помалку средства сигурно ќе недостасува нешто.
    Тие што имаат средства може да имаат 10 пара чизми, наспроти некој неситуиран кој има едни црни чизми и мора да ги комбинира со се.
    Дремеш пред излози, имаш куп идеи во глава а неможеш да ги реализираш.
    Имаш опција шиење, сам правење накит, сам боење облека итн но за тоа треба време трпение и креативност. Ама пак ќе најдеш нешто за што ти е празен џепот.

    Колку пати сте се почуствувале разочарано дека немате средства и неможе да си го имате стилот кој го сакате?
    Колку пати сте виделе преубав фустан или чевли, под претпоставка дека тие се омилените парчиња на една жена, кои неможе да го дозволите па сте се разочарале?
    Или напротив вие сметате дека и со едни фармерки и едни чевли и без средства човек може да има изграден стил.

    Тврдам дека најбитно е да си чист исперен и испеглан, не го прави човекот облеката, но кога збориме за изграден стил, уникатен стил, неможе според мене да го имаш ако немаш средства доволно да го изградиш. Може делумно да, поради креативноста која ја поседуваш, но за комплетен стил треба доста средства.
     
    На Cacy, Chocoholic, FBI и 6 други им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Не кошта многу! Ако имаш сенс и добар вкус можеш и во шутка убаво да се облечеш.
     
    На srcekrsacka и kolovoz им се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    За добар стил требаат добри пари. Убаво изгледа воглавно она што е убаво комбинирано и квалитетно парче облека а квалитетното е скапо.
    Јас не сум некој фешн тип искрено си се носам како што ми одговара класично и елегантно али не кубам коси по штикли и ташни. едноставно таква сум. јас мразам шопинг а обожавам убава облека. е ајде сега де... јас ретко сакам да излезам и да шопингувам затоа што точно знам што сакам ама неможам да си го дозволам и се под тоа ме нервира. али јеби га сепак треба нешто да облечам па затоа кога ќе ми згусти правец мојата продавница во гтц и и дозволувам на продавачката да ме облече затоа што секое парче е прекрасно а таа знае да го искомбинира на начин што јас неможам ни да го сонувам.

    зато и благодарам и оставам доста пари таму. средни цени што ми одговараат

    но некогаш се мразам себе што не купувам повеќе што не се шминкам повеќе, посебно кога излегувам со богатите жени на пријателите и секој пат носат облека да ти се сврти умот па затоа сум убедена дека за стил требаат пари затоа што ако имам пари ќе виканм стилист нека ми купува се убаво ако сум шупелка во глава ќе имам стил нели?

    што се однесува да бидам разочарана оти неможам да си дозволам некое парче облека не тоа не сум јас не сени сеќавам дека нешто посакувам толу многу..

    јеби га пак ќе кажам не сум фешн тип али ако имам пари ќе бидам :)
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Одлична тема Роси.


    Баш поготово на оваа тема, на ТВ често слушам разни изјави од типот: „стилот не може да се купи со пари“, но кога ќе го видиш човекот кој што ти го кажува тоа кој воедно е облечен стилски нормално, и што е тука најбитно во муабетот МАРКА од глава до пети, значи Диор ташна, Лобутин чевли, и си викаш: „Иронично, зарем не?!“.
    И многу е иронично, а воедно и безобразно кога некоја селебрити која не знае колку пари има, може да си дозволи цел тим околу нејзе кој ја советува од однос на облека, шминка и фризура, воедно и со тек на време ќе научи и ќе изгради свој сопствен стил кој ќе го негува, да каже дека стилот не чини. ДА, ЧИНИ.


    Баш како и во твојот текст, сум се нашла безброј пати во ситуација да гледам и само да гледам во излози, да влезам да „видам“ што има, и нормално како секое женско нешто ќе ти се допадне, кај мене па тоа е повеќе изразено, па ќе ми се допаднат повеќе работи. Што би рекла мајка ми, ти се што ќе видиш сакаш. Не, туку тоа што ми треба го сакам. А тоа што ми треба го немам.
    И не може мене никој да ми каже дека со мојов буџет кој кошта X пари, да ми објасни и да ми соли памет као демек ти моеш стилски супер да изгледаш макар и тоа на тебе што го носиш кошта 99 ден.




    И ЌЕ КАЖАМ УШТЕ ЕДНАШ: ДА, СТИЛОТ ЧИНИ МНОГУ ПАРИ.
     
    На Glory12345 и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    ДА! И тоа многу пари.
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.325
    Супер тема.
    Целосно се согласувам со работите кои ги наброја во твојот пост,ке издвојам неколку од нив, и ке ги прокоментирам со мои зборови.
    Би рекла зависи од стилот. Негувањето на определени стилови наметнува поголеми финансиски средства, мегутоа сеусте постојат стилови каде сто мозе со поедноставни(поефтини) парЧиња да се изгледа прекрасно. Големиот буџет се разбира е големо олеснување засто би мзеле да си купиме се сто сакаме без да употребуваме екстра снаодливост,креативност или самоизработка..

    За срека вкусот ми се развивал паралелно со возраста и со примањата. Мегутоа отсекогас сум го следела правилото да си ги испрузам нозете колку сто ми е долга Чергата :rofl: .

    Секогас правам разлика помегу тоа сто носи едно лице и тоа сто би сакал да носи.
    Ако носи едни фармерки и едни Чизми, не е оти нема стил или не знае сто е убаво, едноставно таква е моменталната финансиска ситуација и ја прифака достоинствено без да прави дополнителен стрес на родителите.
    Не би се изненадила ако една девојка која е на залост во неколку парЧиња цела сезона ми даде одлиЧен совет за комбинација или некоја нова идеја. Таа има стил, тоа е несто сто не секогас се гледа.
    Целосно се слозувам со горенаведеното.
    Човекот е Човек пред се поради неговите внатресни вредности, а во однос на надворесниот изглед негата и хигиената се најприоритетни.
    Човек мозе да изгледа добро, интересно за малку пари, мегутоа уникатноста и добро изградениот стил захтеваат финасии.
    Добро изградениот стил не е да моземе да си дозволиме само 1-2 добри парЧиња, тоа знаЧи континуирано секојдневно да го негуваме посакуваниот стил со облека на исто ниво.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Стил е работа која е фиксна, не може да ти се одземе сенсот за комбинирање, креативноста и идеите од стара чанта да ја преработиш во топ чантиче, или некоја поефтинка сукњичка да ја искомбинираш со ефтинка кошулка, и да изгледаш феноменално, рамо до рамо со парталите од некој бутик, пример Манго. Ти може да поседуваш пари на претек, но пустата, прво да немаш благе везе како да ги спариш парчињата, второ, да влезеш во бутик со моменталната најнова колекција и од толкав избор да се определиш за најпростото маиче, во боја која веќе преовладува во плакарот, и како трето и најстрашно, да незнаеш истото да го износиш, т.е да немаш држење. За се ова имам страшни примери од секојдневието, а подобар доказ за тоа освен примерите непостои, се останато е бла бла и мислења.
    Јас имам другарки кои се искомплексирани дека ако не носат модели на Манго или сличните звучни етикети, дека се down,и во секој муабет без разлика дали некој ке ги праша или не, мора да се нагласи дека тоа и тоа е од таму и со таа цена.
    Едната има премногу пари, значи незнае ни самата, посетила многу шопинг центри во Европа, каде оставила којзнае колку во касите, но девојката оди со плиш затворени сандали на летување, облекува 2 броја помали блузички кои ја сечат од сите страни, става црни дебели хулахопки во сред јули во диско испод сукња,носи штикли од времето на бабами на 3цм кожени и затворени и да не редам киксови слични и бетер.
    Друга пак, е страшно селска дури и на прв поглед. Прво преферира темно кафеаво и црно, и незнам дали има парче во друга боја, носи штикли бетер од првава, немам зборови да ви опишам како изгледаат, +шпиц кондури со 3 цм, на летување облекува карирана зимска сукња, волнена сукња, воленно фустанче??? и итн...
    Третата, купува во Грчка на попусти, носи фамрерки од 5 ерва, кошулки од 3 евра, фустани од 8 евра, и незнае во кои се не бои поседува ташни, штикли, капути ,јакни и сето тоа изгледа светски искомбинирано и сево ова го зачинува нејзиниот од и држење, умее одлично да ги износи, кои не чинат ни третина од вложените средства на другите две.
    Може малку забегав од темата, но сакав да дадам мое размислување и осврт на темава за која долго имам размислувано, и сигурна сум во тоа дека парите не го диктираат стилот, бидејки човек едноставно се раѓа со истиот, ретко да го стекнеш со тек на времето (пр се моиве другарки, кои само лутаат и прашуваат од кај е ова, а тоа), додека парите доколку ги имаш се олеснителен фактор и со нив или ке имаш парчиња во разни бои и модели -во изобилие, или ќе имаш поскромен орман но со вкус одбран, иако ќе е се од поефтини продавнички, или од старо прешиено и модифицирано.
    Џабе се средствата ако се нема вкус.
     
    На eloves, FBI, vitomir и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Сакале или не, стилот чини пари. На било кој начин сфатено. Имам другарка која има баш онака уникатен стил на облекување. Нема премногу парчиња облека можеби, но тоа што го има го плаќа убаво (купува ретко, ама купува квалитетно :) ). Но знае како да го носи тоа што ќе го купи, а тоа е нај,најважно. Како велат сите добри стилисти- човекот треба да ја носи облеката, а не облеката човекот. И како што одамна имам прочитано од (мислам) дизајнерка -ако прво ја забележувате облеката, а дури потоа човекот, нешто не е во ред со изборот на облеката и со стилот.
    А имам познаничка која е баш добро ситуирана и секогаш изгледа убаво. Има убави, квалитетни капути во разни бои, но и чизми за сите нив. А потоа, нормално, мора да купи и чанта за да и одговараат. Па шеширчиња, капчиња...
    Може да се постигне стил и со помалку пари, но не секој стил. Тинејџерски, да, секако. Лежерно- спортски, па и тоа успева. Ама ако сакате да изгледате елегантно, тешко дека ќе успеете со малку пари.
     
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Стилот чини многу пари само ако имаш најмено стилист да ти ги бира парчињата гардероба. Ако сам те бива, воопшто нема врска со имањето многу пари.

    Се е ствар на штедење. Не сум од богато семејство, и баш затоа научив да го извлекувам максимумот од парите што ги имам на располагање за гардероба и додатоци. Следам каде има попусти, не сум опседната со тоа да бидам облечена по најнов тренд, и да, на овој начин заштедувам купишта. Сум знаела да излезам со фустанче од 300 денари и пак да го искомбинирам подобро од некоја што купила фустан за 3000.

    Нормално дека е предност да се има поголем буџет, нормално е и дека можат да се најдат многу подобри парчиња облека, но никако не се согласувам дека тоа е пресудно за да се негува стил. Барем според мене, импровизацијата и имагинацијата се многу поважни за некој добро да изгледа.
     
    На eloves, FBI, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Модата чини пари,а стилот е бесплатен...
     
    На Glory12345, eloves, LittlePinky и 23 други им се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Уф некој ги спомна Лобутин, Диор, тие не се скапи, тие се прескапи, тоа е луксуз.
    И темава добро е што има различни мислења, а и од друга страна различна е мерката за многу пари. За некој е многу Лобутин, за некој е многу Бата, јас има периоди кога многу ми е и Биана Шус да си ги дозволам, а на некој многу му е и Аванти.
    Некој купува парталчиња од Солун ама некој не ни има средства до Солун да отиде, за тие 1000 денари за превоз и јадење тој чизми годината ќе купи.

    Ние младите и имаме многу избор, имаме и ефтино и скапо и можеме парталчиња за ниски цени да одбереме. Е сега некој кога вели дека стилот чини пари и а се срами во Шутка да оди, се срами од пазар да купи, во Еко да влезе. Епа кога си ставаш граница ко божем под чест ти е да купуваш од вакви места, тогаш слободно жали се засекогаш како немаш пари за стил и дреми по скапи излози.

    Инаку посебно откако работам неколку години и ги гледам деловните жени, посебно за нив важи дека стилот чини пари. Негувана жена со одлична деловна облека, квалитетен костум, чевла, чанта и капут, кежуал шминка, изгледа ем убаво, ем привлечна е за око, ем согласно со работното место, изграден стил за една деловна жена е тука игра улога голема пара најчесто.

    А само во контекст ќе спомнам случка од матура, нели фстани, штиклишта, шминката од познати шминкери, фризури, светки, па газиш ко на јајца, не знам кај слушнав кредити зимале родителите за да ја облечат скапо ќерката, а на крај на мојата матура најубава беше дефинитивно девојката која беше најнеситуирана. Додека таа со најубав скап фустан пола вечер помина во тоалет и не играше многу да не и се растури шминката и фризурата, девојката со просечна облека сошиена од мама и сама исфенирана и нашминка беше највеселата личност на матура. Енергијата, позитивноста, она што го носиш во себе и како ја носиш облеката се најбитни како и да ги извртуваш зборовите.
     
    На eloves, kjukli, tinkerbelll и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    На брзака прееска,не се доискажав. Терање мода,значи менување гардероба секоја година,па уште и кога треба да го слушаш оној дедоно со бела коса од која штрчат влакна и тотално неугледнана Донатела...ма дај бре оди среди се! Значи да,скапо е.Чини пари кои е срамно да ги кажеш дур на другана страна на светот луѓе умираат.
    Стил е магија која се носи со себе и е одраз на психолошката состојба на личноста. Стил подразбира и парче од баба и мајка,нешто трајно кое ако сакаш и ти се доаѓа може да му вметнеш актуелни елементи.

    Имам сретнато девојки кои се облечени ултра модерно,а ми изгледаа смешно и ...тажно. Бараат некој идентитет кој очигледно облеката не го отсликала. Имам сретнато девојки кои ми се фантастично прекрасни затоа што се свои. Ма ставила бре некоја марамка тука,некое брошче онаму,искрено сака некој детал и си ги купува и и е заштитен знак...прекрасност!
     
    На sleepingbeauty, eloves, Juicy03 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Трендовите чинат и тоа многу.
    Модата која ја диктираат трендовите исто така чини многу.
    Стил е нешто кое е индивидуално за секоја личност.
    Мое лично мислење е дека стилот да, можеби чини многу пари, но онолку колку што можеш да си дозволиш.
    Кога станува збор за чевлите, мислам дека многу подобро е да имаш 5 пара кои се квалитетни (а нормално и поскапи) од колку 15 ефтини, кои веднаш го губат обликот, се деформираат, се лупат и не изгледаат убаво.
    За облеката пак, тука сум 50-50. Понекогаш можат да се најдат ефтини трендовски парчиња, но со низок квалитет, ама тука би потенцирала дека повеќе би дала за квалитетни чевли од колку за квалитетна облека. Не зборувам за онаа облека од синтетички материјали, кои прават човек да се наежи на допир, туку на оние памучни работи но со пониски цени.
    Во однос на дизајнерите. :!:
    Па да имам доволно пари, зошто да не?
    Но пак би нагласила, стилот може да се изгради и одржува со НЕтрендовски парчиња, а сепак да изгледа одлично.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Според мене ако има личноста свој стил не мора да значи дека потрошила многу пари на истиот, а ако веќе сака да биде облечена како куклите од продавниците е тогаш ќе ја/го чини 4000 5000, а ако купува од некоја скапа продавница и повеќе. Немам ништо против луѓето кои си имаат свој стил,напротив сакам убаво облечени луѓе, а добро облечено машко кај мене секогаш привлекува внимание 8) 8) 8) 8)
     
    На srcekrsacka и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Што ако знам да се облечам со СТИЛ, а кога немам пари?
    Да, чини !!! И тоа многу! :^)

    Секој може да начекува попусти, да плети дома, да прави рачен накит, да шие и крпи, да биде многу креативен во комбинациите, да пазари разумно....,тие се помали трошоци, каде есапот на крај пак излегува поголем. :!:

    Знам и јас што е квалитетна чизма, убав капут, типски џемпер, фраерски фармерчиња, убава марама, модерна бижутерија, интересен ремен, секси ташна...итн.... но секој ден да менуваш гардероба, а пак да си облечен со стил ???? :x , требаат пари!

    А, да не ги заборавам козметичките средства, нега на кожа и лице и скап парфем. Не, ефтиниот парфем од на пазар - не ги задоволува критериумите за стил. Џабе ако изгледа убаво, а мириса ефтино. :tmi:

    Но, сепак ние повеќето девојки сме многу храбри и успешни. Од ништо правиме нешто. И со оваа немаштија, се трудиме, снаоѓаме да изгледаме убаво.

    Во било кој случај, - не мора секој да носи марка, ама секој може да биде исперен и испеглан. ;)

    Пр. еве слики, ако се соберат сите детали, ова кошта. Не знам каде да се набави ефтино. :?:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На SparkyAngel и LilBaby им се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    СТИЛОТ - ТОА Е ЧОВЕКОТ -рекол Бифон, а само брендовите чинат и прават многу пари викам јас.
    Можеш да негуваш свој стил без да трошиш вртоглави суми за облека.
    Додуша стилот е поврзан со парите, сега нема што не е поврзано со парите, но она што го носиш и ако имаш изградено свој сопствен стил по кој си препознатлив не мора да значи дека чини многу пари.
    Стилот си ти, а од тебе зависи колку пари ќе потрошиш за да го негуваш и секако од тоа каков стил негуваш.
    Ама тврдам дека нечиј СТИЛ на сосема обичен човек може парично да вреди многу помалку од некој светски бренд или од некој стил на светски позната личност, ама да изгледа многу поубаво и попривлечно и посекси, и постилски и попрепознатливо од оној што вреди многу повеќе.
    Сеуште го градам мојот стил, и забележувам дека каков и да ти е стилот сепак пари си требаат и пак ќе кажам, од негувателот на стилот зависи колку пари ќе потроши.
    Па и негувањето и изгледот на косата спаѓа во стил, па и за тоа треба пари(шампони, регенератори, маски, модни додатоци, фризери).
    И пак се се сведува на тоа дека не е битно каков стил негуваш-туку како го носиш. :emo:
     
    На FBI, Isidora-Veles, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    За да можеш вистински да го истакнеш и изразиш стилот на облекување ти требаат многу пари. Особено во зима :D
    Но, покрај пари, треба да има и каде да ги трошиш, особено оние со поспецифичен стил. За жал кај нас речиси и не можеш да најдеш нешто што ќе те издвои од другите, но тоа е веќе друга тема.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Треба пари и тоа многу!
    Не можеш да негуваш некој невообичаен стил со некои обични крпчиња. За тоа треба ем време да најдеш и кога ќе најдеш сигурно нема да биде некоја нормална цена.
    Но ако имаш пари, а немаш стил, тогаш имаш стилисти кои ке ги платиш и ќе ти бираат облека.
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Џабе ти е ова.
    Ако немаш стил, немаш оформено модно мислење, не знаеш што сакаш џабе ти се стилистите.
    Ќе изгледаш како кукла во излог.
    Стилот е повеќе од една убава комбинација. Не е само облечи се најмодерно и оди прошетај се. Сеедно ако си модерно облечен кога може не ти е комотно, те стега сукњата, штиклите ти се превисоки и одвај одиш, ти студи, парфемот ти е прејак и те убива тој мирис, фризурата т.е пунџичката те стега ... сеедно.
    Џабе ти е што си убаво облечена кога не ја носиш облеката, туку облеката те носи тебе.

    Сум за ангажирање стилист кај познатите кога станува збор за некоја свеченост, манифестација кога се носи свечена облека и се прават најголеми грешки.
    А за обичните луѓе не е битно како на една свадба си облечен, финтата е да си убаво, комотно и по свој вкус облечен секој ден.
    Е не е нормално за дневна облека да ангажираш стилист, не е.
    Ај да ти даде совет за што ти стои поубаво, која боја ти одговара, да ти каже кај грешиш во комбинирање, ама да ти дава секој ден комбинации кои ти само ќе ги облечеш и ти да се фалиш епа мојот стил е ваков и ваков... не, тоа е стил на стилистот, а ти си една кукла само.
     
    На eloves и belieber им се допаѓа ова.
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Стил не може секој да има,но факт е дека чини и тоа многу пари :)