1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали стилот чини многу пари?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 25 ноември 2011.

  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Стилот чини за оние кои редовно ја менуваат целата гардероба во зависност од сезоната, според она што е во ин во моментот и за оние на кои професијата да не речам им налага да бидат поскапо и поелегантно облечени. Браво за гореспоменатите кои имаат финансии сами да си го овозможат тоа, да ги следат сите трендови и да се облекуваат убаво, но во исто време и палец надолу за оние кои имаат, а не знаат тоа да го искомбинираат и да го носат.

    За луѓето кои имаат чувство за убавина и вкус за облекување сметам дека не претставува толкав терет на буџетот. Стилот се гради со години и во целиот тој период гардеробата се дополнува (а не целосно обновува) и со просечни примања секој може да си го дозволи тоа.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Се разбира дека чини.. И да не знае некоја девојка како да искомбинира, доволно е да погледне модно списание, но што кога цените се неприфатливи, 3 500 денари за некоја блузичка, повеќе од 1 500 денари за ташна.. Како може да има стил некој со два пара обувки? Можно ли е? Се разбира дека се потребни пари, и да не земаме парчиња што се екстремно скапи, секогаш ќе има нешто што недостига, сега во нашата земја или имаш, или немаш. Тешко дека некој достигнува “златна средина“.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не, ако го поседуваш.

    Отсекогаш сум велела, не е уметност да потрошиш милијарди за облека, уметност е истата да ја купиш за малку пари и да изгледаш - светски. Стилски. Урбано. Модерно. Привлечно. Да изгледаш како да ти е удобно во сопствената кожа па и во она што го носиш.

    Колку пати сум ја чула реченицата - џабе и се толку пари, кога не знае да се носи. Ете ви.

    Смешни ми се оние кои имаат пари, ќе се накинџурат со марки - ма то брате мора да вришти дека е армани и диор и не знам што, за светот да види што носам, а изгледа ко новогодишна елка. Уште и фали тенџере и сателит на глава, и да биде комплетна.
    Симпатични и убави за окце се оние, кај кои гледаш дека имаат квалитетна гардероба која немаат потреба да ја презентираат со марки кои вриштат, а сепак се облечени суптилно, елегантно а навистина впечатливо. Што би се рекло, помалце е некогаш многу повеќе.
    Најмногу ги почитувам оние кои имаат окце за убави нешта, и дури и во second hand да си земат нешто ги гледам дека се им е толку искомбинирано со стил и сето тоа дава смисол, а пред се ја отсликува нивната личност, ненамерно, ноншалантно, природно и пред се НЕ претенциозно. Многу е смешно кога некој глуми нешто што не е. Не е смешно да се бара себеси дури и во тоа како изгледа и делува надворешно и постепено си го гради стилот.

    А стилот Е одлика на карактер и личност. И не, не чини пари. Една таква личност имам у фамилија, ете ја, ме воспита, која навистина отсекогаш се разбирала во мода и имала уникатен начин на облекување. Финтата е што знае да направи чуда за малку пари. А зошто? Затоа што се разбира во бои и во квалитет и знае да препознае добар материјал. Башка што е стара школа и знае и да шие и да плете - па кога сакала да има нешто уникатно земала иглите или машината, евтино материјалче и се фаќала за работа.

    Лилит кажа најубаво, стилот е бесплатен, само модата чини пари. Но јас велам и тврдам, и за малку пари можеш да направиш магија, ако поседуваш сенс за убавина и естетика.
     
    На eloves, Hiii, Artemission и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Во Македонија нема ни доволен избор на облека за да создадеш некаков стил.
    Ќе дојди една мода кај нас, а во Европа и Америка веќе помината од пред 3 години, и сите бутици се преплавуваат со таква облека, таква боја.
    Едно време кога се носеа долги карирани кошули. Каде и да одиш само тоа среќавав.
    После тоа се носеше само чипкано.
    Истиот проблем.
    Така да не можам да имам изграден стил каков што сакам, бидејќи немам услови за тоа, а не средства.
    А, тука кај нас стилот чини пари, бидејќи ништо немам најдено под 500 денари,а да изгледа урбано и со стил, односно тоа се најобични еднобојни блузички или маичиња.
    Кога гледам на интернет какви се не работи има за смешна цена, срцето ме боли веќе.
    Taшни за 5 евра..
    тука не сум сретнала ташна за 300 денари,а да не е некоја за на пазар платнена.
     
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Баш и не мислам дека стилот чини многу пари. Ако имаш сенс за мода и ако си креативен- ондак имаш добитна комбинација за помалку пари.
    Се разбира дека имањето пари носи голем плус за пратењето на светските модни трендови, но сметам дека не е клучно за имањето убав стил. Мене ова ми се докажало во повеќе случаи. Има девојки кои даваат многу пари на облека и аксесоари и изгледаат совршено, но има и девојки кои фрлаат пари на облека, ама се’ тоа изгледа кичерајски.

    Според мене најдобар стил можеш да изградиш со добри материјали, идеи за модели и со добра шнајдерка или пак со сопствена машина за шиење.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    ФБИ истото го пишував, ме престигна ;) :)

    Комплетно се согласувам со тебе и ќе надополнам само дека и кај нас се наоѓаат ефтини работи и за помалку пари ако се знае каде да се бара и среќа да се начека добра пратка.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lordi

    Lordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    модата се купува,а стилот треба да го поседуваш.:)
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    88.073
    Пол:
    Женски
    Дали стил е секоја сезона да ја менуваш целата гардероба по последните трендови? Според мене не. Како може да биде тоа стил? Стил е нешто што го градиш низ годините, нешто што те отсликува.
    Често кога ќе облечам на пример патики другарка ми ми вика еј ова не си ми ти, или не знам некоја маичка. Сеедно, стилот е печатот кој личноста го остава.
    Стилот на Одри Хепберн е елеганцијата, на Монро е сексипилот.
    Стилот не чини пари ако некој го има сенсот како да ги комбинира парчињата. Убаво некој погоре пиша со вешта рака и ефтин материјал може магија да се направи. Колку само пати сум била облечена со фустанче кое ми го сошила тетка ми, а чинело 150 денари и сандали да речеме од 500 денари и сум изгледала поубаво од многу кое лупнале да речеме 3000 ден на фустан.
    Сепак на стилот треба да се работи низ годините, да се надоградува. Колку и да му е па на човекот стил да се носи пооткачено, мислам дека како созрева тоа треба малку да се смири. Денес барем има преефтини парчиња облека. Ако ништо друго барем неколку основни еднобојни маички се да речеме по 200 денари.
     
    На Cacy, FBI, spellbound и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630

    Така е,според мене не е стил да ја следиш модата секоја сезона и притоа да ги собереш сите модни парчиња кои излегле и да се дотераш во нив.Може и ќе изгледа убаво ама тоа не е стилот на одредена личност туку наметната сезонска мода.
    Стилот е многу повеќе од тоа.Да имаш свој стил е да знаеш кој моден додаток од престојната сезона одговара на твоите парчиња облека кои ги имаш и ги надоградуваш со нови парчиња и додатоци.
    Да имаш стил е да знаеш да си искомбинираш убави панталони од Манго на пример,со блузичка од Еко и накит од Бит пазар.И да изгледаш убаво,а притоа да не отстапуваш од својот изграден стил.
    Си имам изградено стил и си го негувам и следам.На некои 3-4 месеци врска,кога ќе видевме нешто на некој излог дечко ми знаеше да каже-еве нешто во твој стил.
    А стилот и не ми е некој кој отскокува од нормален женствен и елегантен стил,ама знам да си го направам свој и воопшто да не трошам многу,освен кога си ја обновувам гардеробата со повеќе работи одеднаш,ама и тоа не кошта повеќе од едни чевли Лобутин :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Напротив, стилот воопшто не чини многу пари. Стилот е нешто што или го имаш или го немаш. И да имаш само 2 пара фармерки и 3 блузи, треба да ти работи кликерот за да знаеш како да ги искомбинираш, секогаш со различни детаљи (аксесоари, марами итн. кои не чинат воопшто), и секогаш да изгледаш средено. Не се потребни блузи од 3500 и панталони од 6000 ако се погрешно искомбинирани џабе е се. :) Стилот не значи да се има гардероба во изболство која чини едно мало богатство. :)
     
  11. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36
    Кога станува збор за стилот,тоа за мене не е само стил во облекување и дотерување туку јас го сфакам како целина,односно целосно оформување и насочување на личноста кон некој определен стил,тоа е веке дискутабилна тема.

    Е сега...
    Стилот на облекување ,според мене не чини многу пари,бидејки може да се добие и се поефтина гардероба.
    Познавам многу личности кои знам дека не се финансиски јаки,но секогаш се облечени со стил,односно стил што ја одразува нивната личност.
    Деталите мислам дека играат голема улога во градењето на стилот..и мене ми се многу позначајни,отколку самата облека...едноставна комбинација,со повпечатлив накит,или пак марама и сл. е за мене добитната комбинација и на тој начин е изграден и мојот стил (а не ме чинел богатство). :)
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Има денес неколку пречки во самиот стил што донесуваат да тој чини повеќе од порано.

    На пример порано ташните од бабите, капутите од мајките, чизмите, свилени блузи, тоа се парчиња облека која трае безвременски.
    Денешниве парчиња сеедно дал се 200 денари за блуза или 2200 не вредат и не траат.
    Купуваме нискоквалитетна облека, денес Мона чантата се кине, капутите и поскапите не траат повеќе од некоја сезона, чевлите од Пеко пропуштаат вода, а патики Адидас носиш многу помалку од порано. Кога ќе ги видам патиките на татко ми од седумдесет и друга кои сеуште ги носи срце ми се кине.
    Ние денес докажано трошиме многу повеќе на понеквалитетна облека. Имаме полни плакари али облека која ретко вреди. Мислите дека дел од облеката ваша ќе остане сочувана уште 20 и нешто години за вашите деца? Тешко или тоа ќе е мал број партали. Повеќе ќе остане читава ташната на баба, него вашата чанта.

    Плус кај нас ете ефтин накит има на бит пазар само. Денес накитот е многу, многу скап. И не трае плус. Се е тоа обична сезонска бижутерија, се кине, поцрнува, пожолтува итн.
    А и не гледам кај нас облека винтиџ, нема кај нас винтиџ накит, гледам на Асос да речеме црна салонка за 1 фунта. Ве молам кога сте виделе кај нас салонка за 70 денари? Никаде и никогаш.

    И друга работа не е стилот облека, каде е негувана коса, каде се средени нокти, шминка фина, се тоа чини. А да не ги спомнувам парфемите. Не може да не се разликува долготрајност на ефтин наливен парфем, тоалетна вода и скап парфем од 50 евра. Има разлика.

    И да ние сме млади има ефтина облека, ама облека за жени деловни, мислам дека тие многу потешко поминуваат од нас. Стилизирана дама е секогаш дама облечена со вкус, со скап парфем, убав накит, кожна чанта и чевла и тоа чини пари.

    Се е до вкусот на жената. Не го прават парите стилот, но за комплетен изглед убаво негувано тело, фризура, шминка, парфем, чевла, чанта, облека сеедно дал од бабати или од мајка ти или од еко или од манго си треба пара. Поефтино секогаш поминуваат младите него постарите жени.

    И секогаш на едно женско му треба повеќе пари за облека. Никогаш нема да поведувам дека постои жена која би рекла епа доста ми е облека и чевли. Таман имам не купувам следнава година ништо.
    Никогаш се нема доволно облека во орман и пари во џебот.
    Секогаш ќе имаме недостаток, женска работа :D
     
    На eloves, BeYourself, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    88.073
    Пол:
    Женски
    Во право си, но јас искрено кај мајка ми во плакар немам видено ниту една блуза. Се се кошули, сукњи, панталони, џемпери.

    Затоа треба да се насочиме да купуваме работи кои можеме да ги носиме и понатаму. Кога ќе фатам некое маиче кое знам дека ќе го облечам 2,3 пати си се тепкам со другата рака затоа што со истите пари можам да купам кошула која ќе ја носам и понатаму. Да бидеме реални кошула од 600 ден и блуза од истите пари не трае исто.

    Правиме грешка и со накитот, купуваме пластика, дрво кои сигурно нема да ги носиме како постари. Колку и да ми е убаво облечена некоја жена ако има пластика на неа, џабе и е.

    Познавам жена која купува ефтини работи, сама се шиша, сама си прави фризура, купува накит од Битпазар и ефтини чанти па изгледа прекрасно. Исто познавам жена која лупа пари и пари па изгледа ко од контењер да и се земени и облечени.
     
  14. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Стилот на една девојка не го прави само гардеробата.За еден стил,односно изграден стил играат повеќе фактори,а облеката е дел од тоа.
    Не се што е скапо е убаво,може да биде и 200 ден а доколку девојката има вкус тоа парче да го искомбинира толку добро што нема ни да се примети.
    Стилот не чини многу односно за да изградиш стил,вкус е во прашање.Парчиња од дизајнери Диор миор ова она е луксузирање односно богаташки кои фрлаат пари на стилисти,кои им бираат облека и и кажува секој ден што да облече.Да ви кажам искрено ова за мене не е изграден стил,зашто да ја оставиш таа истата сама да се облече врска нема.
    Може да се најде поефтина гардероба и може беспрекорно да се искомбинира и да изгледа многу по убаво од парче купено во прескапа продавница.Не велам дека е ефтино,за џабе ги даваат,да бидеме реални да излезам да си купам облека за една комплетна комбинација,пример блузичка,палтенце,фармерки,штикли,ташна и накитче некое нема шанси да ме кошта помалку од 5000 ден.Но,работата е во тоа што стилот не се гради во еден ден,туку постојано денес блуза,другпат палтенце,фармерки и т.н.Сум видела 2 девојки во најобични комбинации од блузиче,фармерче и штикли.Едната изгледаше прекрасно а другата празно,недовршено,неубаво.Значи многу важна улога има држењето на девојката што би рекла јас или знаеш да го носиш или незнаеш.
    Во изграден стил пресуден ми е вкусот на девојката а потоа и парите,ако знаеш како и со помалку пари ќе се дотераш одлично,ќе знаеш да комбинираш исти парчиња а секој пат да изгледаат различно или парчиња стари 20 год.од мама,баба,е тоа е изграден стил за мене.
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Многу убаво кажано.
    Што ако јас купам ефтино (па дури и скапо), кога блузата после 2 облекувања ми се прави целата со топчиња, чизмите еден месец облечени одма се скинале, фармерките се направиле торба, кошулите одма се распукуваат по рабовите...итн....
    Мене стално ми фали нешто, затоа што облеката не е квалитетна, не е трајна.
    Денес го купувам, а веќе утре изгледа како ветво, износено.
    И така, паричникот стално е отворен...
     
  16. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Чини, на жалост. Најобична нега на лице, козметика, не па секој месец козметичар/дерматолог, кошта и тоа многу. Како мислите дека возрасна жена успева да изгледа подобро од 20-годишна, се` е тоа нега и инвестирање во истата, пак ќе речам на жалост, по принцип колку пари толку музика. Никој нема да ме убеди дека крема од 50 денари го прави истото што и крема од 50 евра, ама секој ќе си се пружи колку што му е долга чергата. Не дека нема евтини а квалитетни работи, јас самата славам кога ќе најдам нешто евтино а ми помага. Но, генерално, за одржување се потребни пари.
    Тело исто треба да се одржува, и тоа кошта... Ај некој оди на вежбање, 1000 месечно, а антицелулитни третмани и на нив слични се многу, многу поскапи и се оди по сто пати. Депилирање, солариуми, нокти пластични, коса одржување и редовна посета на фризер... Купчиња пари. За алишта ич муабет не правам, никогаш нема да се доволно, колку и да се убедуваме. Се` што сакам во моментов сега да ми рече некој еве ти оди купи истроши, после последниот денар пак ќе ми текне нешто друго дека сакам.

    И не е квалитетно, точно... Денес се оди на квантитет наспроти квалитет, што не знам колку е паметно. Мојата мајка имала помалку, но платен квалитетот и еве ги уште стојат алиштата цели дваесет години.
    Има девојка која има малку, а може да изгледа неверојатно добро средено, и такви кои пливаат во пари па пак не знаат да се облечат. Првиве за жал многу малку ги гледам, а вториве се повеќе ги има. Глупо е што некоја пуфла со кеш ќе купи партали и ќе се облече дебилно, а некој што би знаел да се спастри не може да си дозволи. Се познава скапа девојка, најреално. Ваљда е лекот да се знае да се искомбинира и со малку да се изгледа светски.
     
    На Nausicaa, eloves и danichap им се допаѓа ова.
  17. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Не е точно.
    Џабе ти се сите пари ако немаш смисла за мода, џабе ти се марки и бакрачи ако не знаеш да ги склопиш. А некои знаат од ништо нешто да направат, да изгледаат феноменално со мал буџет. Важна е креативноста. Никакво парталче, може да се преработи и да биде супер. Или уште подобро сам да си сиеш. Ти треба само материјал, машина и креативност.
     
  18. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Свртете на 03:01 :D

    И Марјан изгледа не чита 8)
     
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    За убави парчиња треба многу пари.Познавам многу луѓе со пари,кои иако на себе имаат скапи партали,не им прилега тоа што го носат и забегуваат,мешаат стилови.
    А луѓе со поскромни примања,поефтино облечени,знаат да го носат тоа на себе.И кога ќе ги погледнеш зрачат.
    Така да стилот нема врска со парите.Стилот е начин на живеење,одраз на менталниот склоп на личноста.

    И кој не сака убави брендирани парчиња,бесни чевли,модерен накит.И сето тоа чини пари.А парите не се репер дали некој има стил или не.
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Како не чини?? :tmi:
    Еве доаѓа Нова Година, а и зима, како зима, си изнакупив триста ситници, баш ситници, ништо гламурозно и скапо, баш онака од се` по нешто, шак, капа, ракавици, обетки, марама, чизми, греачи за раце......да не набројувам...ама крајната сметка беше да се вратам дома со празен новчаник.
    Ефтино, ефтино, ама за да тераш некој стил, па дури и наједноставен, си летаат парите...