1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали стилот чини многу пари?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 25 ноември 2011.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Се сложувам со тоа дека тој што има пари не значи дека има и стил. Џабе ти е чанта Луј Витон од 1000 евра, фустан Диор и чевли Лобутин ако си дозволиш да изгледаш како кловн или, актуелно во периодов, новогодишна елка.
    Но, за една дама да изгледа стилизирано и префинето дефинитивно требаат пари.
    Не велам дека секое парче мора да биде брендирано ниту со некоја енормна цена, но за се да биде складно требаат пари. Не можеш со чизмите со кои одиш на работа, да излезеш и во дискотека, да одиш и на романтична вечера и на деловен состанок.
    Секоја прилика налага соодветна облека. Со облеката одат соодветни чевли.
    Со чевлите и облеката-чанта. Па за сето тоа да е целосно потребни се фризура и шминка.
    Сето тоа чини. Еве, не мора за шминка да се оди на шминкер, но и дома да се шминкаш ти треба козметика.
    Таа чини.
    Не мора ни на фризер да одиш. Ама пак ти треба козметика за косата, препарати кои ќе ти ја држат фризурата таква цела вечер.
    Ама, ништо нема да изгледа толку убаво и стилизирано ако жената нема вкус.
    Е тој не се купува со пари. Можеш да си милијардер, ама ако не знаеш кое со кое оди, џабе ти се милионите. Смешна ќе си. Секако, тука се вметнува стилист, ама да не забегувам од темава.
    Убавината чини, модата чини, стилот или го имаш или го немаш, ама тој со пари не се купува!
     
    На Linn1 и LetsTalkFashion им се допаѓа ова.
  2. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    па сметам за да изгледаш стилски и онакака како што посакуваш треба пари ...
    а се слагам.. џабе им се на некои пратите кога немаат вкус , кога незнаат што им прилега и како се носи
     
  3. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Да ја следиш модата значи да купуваш парчиња облека од последните колекции на модните дизајнери кои чинат цело богатство за нашиот стандард. Меѓутоа да имаш стил не значи дека треба да бидеш облечен во нешто скапо и брендирано , едноставно треба да бидеш креативен и да знаеш како да ги склопиш работите една со друга , а на сето тоа да ставиш некој личен печат , односно да го запазиш својот стил. И според мене подобро е да купиш едно парче во месецот , но тоа да биде квалитетно и добро избрано , него да купиш 10 кои изгледаат ефтино. Немора да значи дека парчето треба да чини богатсво, едноставно да изгледа квалитетно , да може да се искомбинира со најмалку 5 работи од твојот плакар , да чини пример 1500 денари а да изгледа како за 5000 . Според мене треба да се инвестира најмногу пари во квалитетни чевли и чанти. Но факт е дека нашиот стандард е таков каков што е , и не секој може да си дозволи да има стил. Јас стојам на тоа дека да имаш стил не е се во парите меѓутоа во нашава држава и не е баш така, нажалост. Има луѓе кои едвај крпат крај со крај , и воопшто не им дошло до тоа да бидат модерни.
    Но има девојко кои купуваат работи кои едноставно не личат на ништо, сами по себе изгледаат ефтино , кои не се вклопуваат во нивната гардероба... Штотуку читав еден форум и останав со подзината уста колку девојкиве се без вкус и стил , од мачкици , до голи стомаци , до какви се не катастрофални модни грешки кои не треба никоја девојка да си ги дозволи а не пак гордо да ги споделува, Едноставно СТРАШНО!
     
  4. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
  5. flowerdust

    flowerdust Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    19
    Не значи дека ако нешто е на мода дека мора тоа да го носиме. Можеби на нас тоа не ни се допаѓа и не ни стои (одговара). А стилот не чини многу пари, затоа што и ние самите можеме да си сошиеме нешто или од старите парчиња облека да си напраивме нови, да експериментираме и да направиме нешто ново. Сепак, секој си има свој вкус и не треба да се плашиме да пробаме нешто ново, нешто не виднео до сега, најважно е на нас да ни се допаѓа.
     
  6. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    зависи од тоа дали е скапо или ефтино мојот стил чини многу пари затоа што се ми е марка а на некои е многу ефтин затоа што купуваат алишта од пазат на мене и чорадите ме ни се од пазар па не мозам да замислам се да купувам од там па и облека дури
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.567
    Пол:
    Женски
    Ах, мало, мало имаш уште многу да учиш што е стил. Се што е марка и скапо не значи дека стилски е добро, ако не знаеш да го искомбинираш може да изгледа поефтино и од нешто купено од пазар.
     
    На eloves, LittlePinky, Galaxia и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    :shake: ... со малку пари можеш да се облечеш убаво само ако имаш стил,ако знаеш да искомбинираш можеш со многу малку пари да се облекуваш
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Можеш ти од кај сакаш да купуваш, и гаќите нека ти бидат марка, ама писменоста, правописот сестро не се купува... :lol:
     
    На eloves, LittlePinky, Galaxia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    така е, ако знаеш да се облечеш,па макар и во шутка да е купено-ќе биде убаво
    а некој што плива у пари,незнае што со што оди,едноставно се OUT во споредба со некој кое е од пазар,или обичен бутик облечен
    инаку најлесно е, дајте ми го целиов коплет од куклава(лично ги имам слушано),дамите кои носела само марка (Excuse me aко некоја се пронајде во муабетов :lol:)
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    За некој што има стил,и знае како да искобинира со она што го има,не чини ни малку.
    Има неколку луѓе што ги знам...Немаат многу ама секогаш се најубаво облечени.
    Пари секако требат!Многу пати сум влегла во некоја продавница сум видела некое парче облека,обувка или некој додаток ама цената солена!
    Може да се помине и не многу скапо ако се има стил.Што ако имаш милиони ако незнаеш како да вклопиш се :!: Само ќе купуваш а нема да знеш како да искомбинираш.

    Се сложувам со Лилит:

    Модата чини пари,а стилот е бесплатен...
     
  12. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Дали стилот чини многу пари? - Ако немаш стил нормално дека ќе чини многу ќе лупаш пари а сепак можно е да изгледаш многу ефтино,а ако си имаш стил е тогаш со многу ефтини пари ќе си поминеш ама девојче како девојче да купи обетки,алки,чанта,штикли па како и де е мозеби стилот не чини многу пари ама сепак си се трошат парите на стилот
     
  13. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Стилот не а, скапата облека да!
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека не, но не дека не помага :)
    Сeкогаш е убаво да се има некој денар плус во џеб, а дај боже и евро вишок за парче облека :)
    Да би можела да си дозволам најголемиот дел од облеката би ми бил Манго, Мисс 60 и слични.
    Да не се жалам често си дозволувам и глупости и Манго и Аксесорис, кој не чинат малку, но човек секогаш ненаситен :P
    Полесно е со повеќе пари да изградиш и да држиш добар стил, но не е невозможно со помалку пари да се облечеш со многу, многу стил. Во последно време дури ни високата цена на парче облека не гарантира голем квалитет. Дури често знаеме да погрешиме и да фрлиме пари буквално во огин за парче облека што по 3-4 носења ќе се скине, излити, избледе и слично.
    Плитко е за мене размилувањето марка ми е вреди, од пазар е, кич е! |(
    Како прво, која марка кај нас АСАЛНА не постои, или на прсти се бројат. Голем дел од бутичињата купуваат на кило од Грчка, Турска па и Кина или апла фејк луи витон нашите трендсетерки!
    Вистинските марки од типот D&G, Versace и многу други за 90 посто од Македонците се недостижни и незамисливи. А за останатите 10 посто кои ги имаат, секоја чест, но често покажуваат дека не баш сите знаат да се носат со нив.
    Холивудскине ѕвезди ако немаат попаметна работа нека флаат пари во вода за ташна или фустан, кога некој не далеку од нив нема ни за леб. И пак многуууу пати биле кичести дури и во смешни комбинации и тоа со тон брендирана облека и тим на стилисти.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам дека стилот е бесплатен,само модата чини.
    Стилот пред се' се состои од замислите што ги имаме за нас, за тоа како сакаме да изгледаме и се коси со најнова мода,за мене лично немаат допирна точка, но! и за да реализираш најобична замисла требаат пари, а не па за дефиниран стил, кој бара постојано надополнување..
     
  16. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Не. Облеката чини пари, стилот не. Жив пример се таквите како Леон Мамичка што се расфрлаат со пари, а пак изгледаат полошо и од скитници. Треба само да имаш фешн сенс, па и да си без скршена пара, во очите на другите ќе бидеш стилски изградена личност.
     
  17. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Грешка си за да имаш стил треба да имаш и гардероба која од време на време ја надополнуваш,на тој начин и го негуваш стилот,ако немаш пари и имаш само еден пар чевли,една блуза, и еден пар панталони ќе имаш стил?

    И да стилот не чини пари ама за да купиш гардероба ти требаат пари
     
  18. pisatelka

    pisatelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    22
    Потребна е креативност! Стилот може но и не мора да чини пари. Доколку имате изразена креативност нема да ви пречи да склопите неколку парчиња од пазар, додека креативноста е намалена тогаш ќе лупате пари по скапи бутици сакајќи да ја имате комбинацијата од излогот ;)
     
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Никако!
    Само имагинација, замисла, креативност. Со многу ефтини парчиња облека + сето тоа може да се долови добар стил. :)
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Не чини но сепак треба да те бива многу мои другарки го немуваат стилот но јас не јас се држам до тој клачичниот.Не чини пари ако знаеш што сакаш ама ако не знаеш и тоа како чини.Јас кога излевам да купувамсо мене си ја земам и брацетка ми оти таа е најкритична особа се што мисле в лице ке ти каже и јас исто.Земајте ваква личност со вас и нема да имате грешки.