И да и не. Знам девојки што имаат многу пари, ама едноставно немаат сенс за комбинирање на стварите кои ги имаат иако многу од нив се брендирани (мада имам забележано дека и тие брендирани парчиња не се убави, што ако се бренд). А еве, јас немам многу пари, ама од тоа што го имам знам убаво да го искомбинирам. Некогаш и со многу пари можеш да направиш страшни утки ако го немаш самиот осет за комбинирање. И стилот не секогаш мора да чини многу. Еве, во последно време се изнакупував маички од Певекс кои чинеа 150,200, 250 денари па на многумина им се допаднале и ме прашувале од кај сум ги купила. Јас, еве да имам пари можам да купам најубава кошулка од 2000 од Котон, ама да незнам како да ја искомбинирам, да го утнам накитот, чевлите, сукњата/фармерките и ништо од севкупниот изглед.. А можам да купам некоја обична, поедноставна бела кошула од 500 денари, да облечам постари фармерки, и да ја зачинам со помасовен накит и убави чевли кои исто така може да се најдат за поефтини пари. Ама сепак, не можеш ти со пет парчиња во плакар да направиш чуда, колку и тие да бидат убави. Стилот бара постојано надоградување на себе си, а со тоа и купување на нова гардероба. Колку и таа да биде ефтина - таа сепак чини. Денес 500 денари, утре 300.. За тој што нема пари, и тоа е многу. Јас во последно време, ретко кога можам да си дозволам парче од Котон која ми е омилена продавница, па сепак гледам во која и да е прилика да изгледам скоцкано и средено, од тоа колку ми дозволуваат работите што ги имам. Значи, и со парчиња од 500 денари можете да направите чуда, ако се правилно искомбинирани. Така што, мислењето ми е пола-пола.
Сум сретнала девојки што имаат пари а немаат вкус,ќе се накитат со се што им се нашло дома и ќе се појават.Па кога ќе видам пластичен накит искомбинирано со нешто уникатно ми се . Има девојки што знаат да комбинираат ама немаат што.Заклучок,да,може да се каже дека стилот кошта,зашто тие што немаат пари не можат да си го изразат својот вкус и стил,туку го купуваат она најпотребното/неопходното//
Па јас мислам дека не. Стилот сепак не чини многу пари. Ако имаш веќе изградено стил, тој, препознатлив и ако знаеш што сакаш да облечеш а не луташ, тогаш можеш да го најдеш вистинското и за мали пари. Како што кажаа и фминките погоре, има многу личности кои имаат многу пари, ама на себе носат облека која навистина не одговара. Ете тие некои немаат стил, а имаат пари.
Јас мислам дека не. Мода и стил се два многу различни поими. Тие што тераат мода најчесто можат да најдат парчиња облека кои се во тренд моментално во поскапите бутици, а стил е да знаеш како да искомбинираш маичка од 200 денари и да изгледаш како да си потрошила илјадници денари. Така да дефинитивно не, за да имаш убав стил не мора да си богат.
како што кажал Ив Сен Лоран модата е минлива но стилот е вечен,според мене не треба многу пари ,ако знаеш како да искомбинираш можеш и со облека од 500 денари да изгледаш како девојка од милион долари
Да особено ако си металец/ка, маиците се од 950 до 1200, пантолоните 1600, капче ако сакаш 500, ланче со бенд 700.
Не мислам дека чини. Имаш распродажби,секонд хенд дуќани,имаш пазарчиња,ако те бива и за 1000 денари се на се може да изгледаш прекрасно. Никој нема да мисли еј тоа толку и толку пари а ке гледа како ти стои и како си искомбинирала. Има многу скапи парчиња а не личат на ништо. Јас за по дома сум облечена се на се за 600 денари со се гаќи си изкакупив од пазарче многу убави блузки,панталонки по 300 денари и се си добивам комплименти
Убаво е да се следат модни трендови ,следам и јас ,но не по секоја цена,може и во нај тренд облека да изгледаш како кловн. Скапата облека ,посебно на нашиве простори не е одраз за загрантиран квалитет,а исто така не значи дека некое екстремно скапо парче ќе не направи поубави.
Не многу,ама чини.... Ај само замислете си,сешто би посакале да ви се најде во плакорот ? не стил престил би имала... Сега рака на срце има и такви што немаат сенс не им дарил господ афинитет за модерење,а спиаат на пари!
Би било лага да се каже дека стилот не кошта.Факт е дека ако некоја девојка или некој дечко има сенс за мода и добра уклапање на облека и бои тоа ке може да го стори и со ефтини парчиња од шутка,но за еден стил не е битно само надворешниот изглед на облеката туки квалитетот на истата. Ретко кога по секнд хенд продавниците и продавниците од типот на Певекс и Пренди може да се најде нешто квалитетно.Друга работа битна за стилот е тоа што таа личност облеката ја прави unique и единствена,а неможе некој да биде единствен ако во град истата мајца ја носат уште 50 други луге.Да не се лажеме дека битно е како ја носиш,а не колку луге се исто облечени. Нашите продавници не нудат голем избор на облека,па мислам дека тука тешко е да се изгради некој препознатлив стил.На форумов имам забележано девојки на кои навистина многу ми се допага стилот,но од блоговите што имам забележано облеката им е или некој познат бренд или купена негде од странство. Од друга страна,без разлика колку скапо си купил некое парче облека ако не ти прилега на телото и не ти стои убаво џабе е што само ти го имаш тоа кога едноставно не изгледаш убаво. Така да на крај мислам дека едно без друго не иде.Не се што е модерно во одреденно време е и убаво и ја одразува личноста и нејзиниот стил,но и далеку од тоа дека стилот се гради со обичен партал.
Тешко прашање. Ги гледам блогеркиве , претежно убаво се облекуваат но повеќето парчиња облека им се марка. Има и такви што иако имаат многу пари , незнаат да ги вклопат парчињата облека , па така да џабе им е се. Тука , во Македонија , можат да се најдат фини работи за евтини пари. Има многу такви продавници кои нудат убави парчиња облека за ниска цена. Според ова , мислам дека не чини многу пари , секој може убаво да се облекува доколку знае како да комбинира.
Треба да знаеш и да го носиш тоа што е на тебе инаку џабе ти се модните парчиња, перфектно усогласени со некои си стандарди, кога изгледаш како униформа несмасно обесена на закачалка.
Ако имаш изграден стил не ти требаат многу пари,ако сакаш марки да носиш тогаш ти требаат пари но незначи дека добро ке ти стои.
Стилот го сфаќам како нешто што човекот сам го гради, еден вид вкус. Бидејки, можеш да се облекуваш во ретро и стари парчиња, тоа да биде твојот стил, да се облекуваш со нитни, кошни каифчиња, мартинки и сл, па тоа да биде твојот стил, можеш и од најновите парчиња од поскапите марки да се облекуваш и убаво да ги комбинираш, па тоа да биде твојот стил. Може и да немаш стил, едноставно да не те интересира мода, да имаш два пара фармерки, чизми и јакна кои ќе те стоплат, за некого и тоа е доволно. Но кога веќе се работи за мода, скапо е. Треба пари за да купуваш од парчињата кои навистина се од ‘последна сезона‘ , а и да не купуваш скапи парчиња од познати марки, повторно за да си убаво и модерно облечен, ти требаат еден куп додатоци, ваква сукња, таква, да се разбираш од модата, но и да си имаш убав буџет. А за стилистите, за мене се најлошото нешто. Попрво ако имам пари би купувала се што ми е навистина потребно, без ограничувања за да го изградам мојот стил,а не да ме облекува некој само бидејки така е модерно и на него му се допаѓа. За совет да потпрашаш да, ама да ми кажува за се што и како да носам,не фала.
Ако сакаш да купуваш брендирана облека,тогаш нормално дека скапо ќе те чини. Но мое мислење е дека стилот не е многу скап.Ако ти имаш вкус,можеш и од најевтините и најобичните парчиња,да правиш прекрасни комбинации.Не мора да значи дека ако купиш брендирана облека,тогаш таа ќе биде прекрасна.Не значи дека ако е марка,облеката мора да биде убава .Сепак,можеш да имаш толку облека што можеш да почнеш и да ја продаваш,секкао брендирана,но ако не знаеш да ја искомбинираш,џабе ти е се. Исто така,не значи дека ако нешто е периодов модерно,мора да е убаво и да ти се допадне.Ако не е убаво зошто да го купуваш? Е сега,за да се облечеш мораш да имаш облека што ќе ја купиш.Значи пак требаат пари.Но тоа не значи дека треба да купуваш скапа брендирана роба,можеш и најевтината да ја купиш,но пак да изгледаш убаво.
Стилот е нешто што се гради, и сметам дека парите не се пресудни за стилот, бидејќи стилот ја отсликува природата на една индивидуа. Што значи, битно е како човекот знае да ги комбинира парчињата, каква е неговата имагинација и вкус. Многупати можеме да забележиме како некои поевтини парчиња облека се поубаво искомбинирани од парчиња брендирана облека. Така да, според мене модата, брендираната гардероба излезена директно од модните писти, и слично - да, чини многу пари. Но, стилот - не.
За мене чини. Не премногу пари, ама чини. Ќе начекаш нешто на попуст, ќе преправиш старо на шнајдер, ќе купиш во Певекс и слични продавници, ќе најдиш интересен накит, марами, разни додатоци... Ама, вака-така, парите си одат, дај за ова 300, за она 400, кога ќе видиш, ако навистина сакаш секој ден да си дотеран со стил, требаат пари. А, со оглед на нашата финансиска ситуација во земјава, тешко е.
Па мислам дека не.Затоа што стилот е различен.Некому стил на облекување му е само една маичка фармерки и патики,пример кажувам.А со за тоа да го купиш и не треба многу пари.Е сега ако сакаш тие да ти се марка,е тогаш чини.
Па не не мислам дека стилот чини многу пари.Ако ти имаш убави парчиња и знаеш да ги искомбинираш немора тие да бидат марка за да изгледаш убаво.Секако дека секој сака да носи марка но за жал неможе секој да си го дозволи тоа,а и не значи пак дека е марка е и убаво.И Лејди Гага носи марки па сите знаеме како изгледа.Ок сеа може на некој му се допаѓа нејзиниот сти,но мене лично не ми се допаѓа.Тоа е ствар на вкусови. Спојлер Еве марка на крава.