Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали стилот чини многу пари?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 25 ноември 2011.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Многумина со начинот на облекување сакаат да привлечат внимание, да се истакнат како оригинални, екстравагантни, елегантни итн итн, а очигледно е дека она што го носат во себе не се вклопува никако со она што го носат на себе, па цела нивна појава делува така извештачено и никогаш некој таков не би го нарекла-човек со стил. Дури и да има пари и да знае да искомбинира, ако од таа личност не зрачи духот на комбинациите што ги носи, џабе е...
    И секакво комбинирање на облека за мене не значи оригиналност, стил...Не е доволно само да нафрлиш некоја марама, брош, старо здолниште, летни и зимски материјали, мешање на бои и да речам-вау, како ти текна, многу си храбра и оригинална, ма дај...
    А за тоа дали кошта-и да и не. Сум се нашла во ситуации кога не сум можела да купам парчиња облека кои биле љубов на прв поглед па сум се задоволувала со...компромис некаков :D
     
  2. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Не.Човек кој има стил може и во шутка да се облече на пример.Јас барем голем дел од естрадава сум видела таму,така да нема тука некое правило.
    За мене барем не е битно да е марка.Никогаш не сум гледала на тоа.
    Јас си купувам облека од каде ќе стигнам и во големи количини,затоа и ми се преполни плакарите. :lol:
    Да дадам многу пари за едно нешто што ќе го облечам само два три пати нема.Подобро 10 ќе земам барем повеќе ќе се ако ништо друго.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека без пари може да се облечеш убаво со стил.
    Најважно во стилот според мене се добри чевли,чизми,добар капут,добра чанта.А тоа мора да признаете не е баш ефтино.Она што се наоѓа помеѓу може да се помине поефтино.
    Па каде се тука чорапите или хулахопките кои се речиси за еднодневна употреба,повеќе видови на кошули,панталони,џемпери,марами,соодветен накит,добар парфем...
    И ќе речам да стилот чини МНОГУ пари,и никој не може да ме разубеди.
     
    На LittlePinky и t-sweet им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Точно,кој вика дека треба многу пари значи нема вкус и стил.
    Ако купувате брендирана облека тогаш треба пари многу,но тоа незначи дека добро ке ти стои,значи треба да имаш изграден стил,и со поефтина гардероба можеш да биде топ,јас не купувам скапа гардероба ама сите ме фалаат како сум добро облечен.
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Стилот неможе да се купи со пари. Џабе ќе купувате скапи парчиња облека ако не ги комбинирате убаво или ако едноставно не ви стојат убаво. Сум видела многу девојки со скапа облека но во очајна комбинација или градбата на телото не е за таква облека...
    Пред се она што ќе го облечете треба да одговара за пригодата и да ви стои убаво.
    Точно дека секој неможе да си дозволи постојано да купува нова облека и не секогаш можеме да си дозволиме да ги исполниме нашите замислени комбинации но стилот на некој начин го претставува она што сте вие.
    Многу малку луѓе имаат изграден стил. :!:
     
  6. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Искрено да зборуваме за да оддржаваш стил треба и пари, иако тоа не значи ако купуваш брендирани парчиња облека ке имаш и добар стил.
    Пример ако одржуваш рок стил или хипи или било каков треба да купуваш за да се држиш до стилот.
     
  7. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Може да имаш многу пари и да купуваш секакви модни парчиња и притоа да незнаеш како да ги искомбинираш..Не мора да бидеш облечен во марка за убаво да изгледаш..едноставно треба да знаеш како да ги искомбинираш работите и да го облечеш она што ти одговара.Стилот-па да речеме да,чини!Нормално потребни се пари за да се облечеш убаво и со стил..,но ако ако купуваш паметно едно парче можеш да го искомбинираш со мал милион работи,но зависи и од човекот,пак ќе речам џабе ако имаш многу пари а незнаеш како да се облечеш + не е само стави на тебе марка и тоа е тоа или да форсираш нешто што не ти стои..
     
  8. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .. :D ....да,за добар стил треба пари,секогаш да си топ,последен тренд,почнувајќи од петите па до главата..
    ..на пр дали е брендирано или од Шутка сепак треба да е добро искомбинирано,ама мислам дека и личноста што ги носи тие парчиња на себе,треба да знае да ги носи и да се прилагодени према неа......
    ....дополинтело кон стилот за да биде комплетен мислам дека жената треба да има и добро одработен маникир,средена коса,негувана кожа.. :$ ....
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Може овде да се доразвие дискусијата од Модни критики, сепак темава е супер за дебатирање.

    Јас бендисав некои ситници, со кои навидум ќе изгледам супер, а ефтино.
    Ама тие ситници не излегоа баш "ситници".
    Најобична мала марама за околу врат (која беше од ефтин материјал), беше "само" 399 ден.
    Значи и оние ситници сега се скапи, дај за ова, дај за она пари, ќе се изнакупиш глупости.

    И втора случка, пролета бев на свадба и очајно барав фустан (зошто немав ништо пролетно). Можев да си дозволам до 3500 ден. тогаш. И матурите беа, ама стварно ништо не ми се допаѓаше, или накинџурено, или немаше број, боја, или дрпнато (пазите кај фустаните, многу се со осетлив материјал и често имам гледано потскинати фустани)...
    И на крај си одам дома со празни раце, и случајно гледам едно забаталено продавниче, и како некој да ме турна внатре (а, не би влегла ни со сила да ме тераат).
    Продавничето скроз неугледно...и гледам едно супер фустанче.
    Многу типско, интересно, поинакво, не копи пасте на другите...за само 1000 денари !!!

    Го пробав, ми стоеше пресупер и го купив. На свадбата сите ми го пофалија и ме прашуваа од каде ми е. Другарките не веруваа дека сум го нашла за 1000 ден.
    И летото го носев неколку пати, го имам перено, материјалот е супер.
    Значи и купувањето е уметност, да знаеш кога, каде да начекаш нешто.. :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Па многу зависи и од каде купуваш. Јас во Македонија не сум била на купување којзнае од кога.
    Не сум задоволна, кога последен пат бев во метал шоп во Скопје немаше ни избор ни некое парче убаво а и цените беа многу високи.
    Но затоа во Софија купувам во Metal Heaven, огромна продавница со многу избор за малку пари.
    Летото од моловите во Софија се изнакупував исто така добри парчиња ми се погодија убави.Така да многу зависи од каде купуваме и што сакаме.Секако оваа облека што ја спомнав е и со многу подобар квалитет. Исто така кога збориме за стил, многу побитно е да си креативен и свој, а не сега ако сите носат иста маичка да ја имаш, или ако е нешто скапо или незнам какво дека ќе биде убаво, ако не ти е по кеиф џабе е.Исто така сакам дизајнирана облека, да се ослободам од обврски и треба да купам кожа и конечно да направам некој корсет, освен ако не идам пак во еден друг готик шоп каде што прават работи по нарачка, па со мојата кожа да направам само некоја алка или ланче.И многу ми е глупаво стилот да ми биде заради внимание, исто колку што се напињам кога ќе видам дека некој несака да биде свој заради другите мислења.Затоа јас мислам дека не е во парите, важно е да знаеш да се носиш и да го истакнеш на еден подобар начин. :)
     
  11. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    немора да значи :?:
     
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    И парчињата купени ефтино,може и да изгледаат скапо.
    Зависи како личноста ги носе на себе,и изнесува.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Според мене не чини!
    Може и маица или било што друго и од пазар да купиш, само да знаеш како да го искомбинираш е важно. :) Стилот не се купува, туку се гради!
     
    На summer-lover и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
  15. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Се сложувам ама сепак зависи ]:)
     
  16. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Aко знаеш како да ги искомбинираш парчињата на облека можеш да си поминеш многу евтино а да изгледаш тип топ :)
     
  17. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Секако дека не...а пак можеш да купиш нешто скапо ,а да изгледаш ефтино,зависи од стилот :)
     
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Можеш и со малце пари да имаш добар стил ама за да ти биде одличен е тогаш според мене ти требаат повеќе пари.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Според мене не.Битно е да си креативен и да умееш добро да ги комбинираш парчињата облека,а уште поважно е како ги носиш.Едно парче облека,не остава ист впечаток на две личности.
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Дали стилот чини многу пари? Воопшто не! Се додека се има сенс за мода, уникатна комбинација може да се добие и со парчиња купени од пазар :)