Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали стилот чини многу пари?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 25 ноември 2011.

  1. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Според мене не. За малку пари знам да купам преубава облека. Купив многу маици од 150/200 денари кои си ги перам на рака и сеуште се како нови. Не мора да давам 300/400 денари за маица само затоа што била купена од бутик или била некоја си марка. Воопшто не ми е важна марката најважно ми е да сум си јас убаво облечена и затоа најчесто си купувам облека која ќе можам да ја комбинирам со повеќе работи и затоа секогаш сум во ралзично. Да не излезе ова фалба ама имам повеќе од 30 маици и може 10 пара фармерки. Пред се знам да си ја чувам облеката внимателно и не ја раздавам секому оти имам лошо искуство со раздавањето, еднаш дадов и повеќе не. Имам фармерки црни, црвени, плави, кремасти и маици неколку црни, бели, кафеани, само една кремаста, плави и си ги комбинирам секогаш различно. Исто и џемперчиња си купив плаво, сиво, црно, вело, кафеано според облеката и за во есен и пролет можам да си направам најралзични комбинации. Имам и марами тигрести, во различни бои, бели, црни тетка ми ми ги соши за во зима супер ми се како шал. И каиши имам неколку со фармерките најчесто оди и каиш ама не носам толку често. Патки само црни и едни кремасти балетанки.
     
  2. DivineFM

    DivineFM Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Според мене не. Познавам луѓе со многу пари,и најаскапата гардероба ја купуваат па на се личат само на луѓе не.Едноставно немаат осет за облекување. Тој што го бива да си се облече,и две парчиња облека да има знае како да ги облече. ;)
     
    На The-fallen-one и Leichka им се допаѓа ова.
  3. Leichka

    Leichka Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    8
    Според мене стилот нема врска со тоа дали она што го носиш чини многу или не... Едноставно е, или имаш вкус или немаш. :lol:
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Да имаш стил не значи дека треба секоја година да ја обновуваш својата гардероба во зависоност од трендот кој се диктира. Стилот или го имаш или мислиш дека го имаш, не е стил ако го менуваш секоја година во зависоност од тоа што е во мода годинава. Стилот ако го имаш треба цел живот да ти остане тој, тој те отсликува и треба да ти е огледало. Се носиш онака како што најдобро се чувствуваш, сметаш дека најубаво ти прилега, удобно ти е во тие парчиња облека и знаеш дека така сакаш да се изразиш преку парчињата облека и додатоци. Ако имаш изграден стил нема да го менуваш секоја година ако нешто е ин. Тогаш значи немаш стил туку си пратиш модни трендови затоа што стилот не е нешто што се менува. Е за да пратиш модни трендови ти требаат малку повеќе парички.
    Стилот исто така може да чини многу пари ако на пример сакаш да се носиш елегантно, а сепак да биде со вкус искомбинирано. Да не се лажеме ама се познава кога е нешто многу скапо и по материјал и по се, не дека ефтино парче неможе да изгледа скапо и добро сепак поголемиот процент е така.
    Ако ти е стилот да речеме хипи или рокерски, оние ко џипси стил што има незнам како се викаат тогаш не ти треба многу пари, затоа што поентата не ти е да изгледаш скапо облечен, а се наоѓа и доста ефтина гардероба за овие стилови. Одиме на друг стил - спортски да речеме, е тука ти треба доста кеш. Неможеш да имаш спортски стил со ефтини патики да се разбереме или некоја АдиБас тренерка.
    Во темава нема да ги спомнам оние кои имаат многу пари, а се облекуваат кичерајски или незнаат што со што да искомбинираат, не вреди да се дискутира за некој што е далеку од стил во тема за стил. Тие едноставно незнаат кај тераат во живото и што сакаат, мислат дека се што е скапо е убаво и едноставно тоа не спаѓа во стил.
    Лично за мене не се сметам за личност со некој си изграден стил. Не дека го менувам стилот туку не ми е нешто посебно па да сепувам демек имам стил. Има работи и бои што ги сакам и секогаш сум со нив, а има и некои парчиња облека што никогаш не би ги ставила на себе, како и некои бои. Сакам да кажам дека не се облекувам нешто да се одвојувам многу од толпата се облекувам многу обично, секојдневно да кажам, кежуал бе кежуал. Сакам земјени тонови, несакам дреч бои, сакам фармерка, патика, високи потпетици без платформи и мразам балетанки. Е за моево облекување, ако веќе го викаме стил се наоѓа гардероба за ефтини пари. Имам во плакарот маички и по 200 денари и чевли кои сум ги купила по 600 денари, имам и доста поскапи парчиња за кои сметам дека вреди да се инвестира ко капути и кожни чизми, ама пак стилот ми е тој, дали ќе купам нешто за 6000 или за 600 денари нема да се види некоја драстична промена во изгледот. :)
     
    На КикиМаус, realGirl, ToksycznaReakcja и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.019
    Пол:
    Женски
    Потпис на постов, немам што да додадам. :) Поготово првите неколку реченици. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Е да! :up:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    Мислењава погоре ги копирав од друга тема, сметам дека се поврзани со оваа и апсолутно се согласувам со секој збор.
    Потполно и апсолутно се согласувам со секој напишан збор.
    Има луѓе што навистина имаат и можат да си дозволат секакви скапи брендирани парчиња облека ама од друга страна го немаат стилот, не знаат да искомбинираат, па изгледаат смешно.
    Има друга група на луѓе кои немаат толку многу финансии ама го влечат максимумот од секоја комбинација. Со некое парче накит, каишче, и те како комбинацијата може да изгледа убаво и пристојно.

    Исто така сметам дека има работи на кои не им минува модата во кои пример треба да се вложи и некој денар повеќе. Пример поубава ташна, часовник, квалитетни фармерки, црн обичен фустан, квалитетен капут и убави чевли. Тоа не значи сите овие работи да се носат наеднаш тоест една иста комбинација, туку комбинирани со поефтини парчиња може да изгледаат убаво и скапо.
    Прост пример, во мојот град има убави големи чани и по 250 денари ама квалитет нула. Имам купено три и сите се распаднаа. По неколку носења рачките им се раслабавуваат, на едната имаше машни им паднаа и просто изгледа невкусно, неубаво. За некој месец кога ќе имам редовни примања пример место во 4 такви ташни би вложила во една ама поубава, поквалитетна која ќе ми оди со повеќе парчиња облека. Да спомнам и дека од една продавница си купив ташна 300 денари убава кафеава ја носев неколку месеци и уште е како нова, значи финтата е да си земеме слободно време да прошетаме, да разгледаме, лично тврдам дека и за помалку пари може да се најде нешто поквалитетно само треба време и трпение. И златно правило ми е кога купувам нешто размислувам дали можам барем со 2/3 работи да го искомбинирам. Исто и за обувки, место во 2 пара чизми кои за 1 месец ќе се излупат, искинат, буквално распаднат, ќе си вложам во едни поскапи кои ќе ми одат со повеќе парчиња облека и така. И за летните маици со натписи, има по 200, 250 денари блузи со солиден квалитет. Со другарките си купуваме мајци од исти места нивните се избелеани од перење, а моите се и ден денес како нови. Ама обична маица што си ја облекол еднаш евентуално два пати и ја переш само зошто мириса на друг парфем, не се става во перална, се пере на рака во млака вода и со течен прашок.
    За мене не е стил секоја година да купуваш нешто ново што излегло на пазарот зошто сите го имале и се сметало за модерно, напротив стил е нешто што се гради со годините и само се надополнува плакарот со други работи кои ќе може да се искомбинираат едни со други.
    И не стилот не чини толку многу пари пари, само треба малку креативност и да го извлечете максимумот од секоја комбинација.
     
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.270
    Допаѓања:
    40.687
    Кратко и јасно, стилот е израз на личното чуство за естетика .
    Е сега дали тоа ќе е кич, класичен, спортиски, рок или друга категорија, зависи од човекот.

    Парите само ти даваат можност да носиш поскапи парчиња облека.

    Што би се рекло, стилот е релевантен, и чини многу пари само ако купуваш скапа облека.:!:8):)
     
    На BojanaLegija, kjukli, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. pink95

    pink95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Да.. Во бутикот кај што работам само брендирана облека има и само од таму купувам облека.
     
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    13.643
    Пол:
    Женски
    И чини, ама и не чини.

    Тоа зависи од материјалот, марката, квалитетот, а пред се’ од вкусот на вклопување комбинации.

    Материјалот го има и скап, но и ефтин.И тука, битна улога игра квалитетот.
    Ако се дојде до она дека квалитетот ни е во раце, а се нема општ поим од комбинирање (на она што се сака да се постигне, т.е. секој има своја претстава за индивидуалниот стил).Тогаш, дури и најскапите парчиња да се ,,нафрлаат‘‘ на вас, пак ништо.

    Во секој случај, дискутабилна тема :)
     
  11. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    "Многу пари" е поим различен за секого. За некој многу се 20.000€, за некој 500€, за некој и 1000 денари. Факт е дека за да си скоцкан 90% од времето треба доста финансии. Може да се купуваат поевтини парчиња, меѓутоа сепак со 3 маички не се минува година а и самиот квалитет си покажува, нема повеќе корист од 4-5 месеца. Кај нас согласно финансиската состојба едни никакви ланци за облека(читај H&M, Bershka, Pull&Bear) се форсираат како "брендови" зошто се солени за вкупниот македонски пазар, додека пак во странство се дно дна. Ако сакаш да следиш мода, мора да инвестираш неколку пати годишно. Стилот е друга приказна, можеш да поминеш поевтино ако тераш тинејџерски или кежуал стил. Сепак за деловно-професионална, елегантна или облека за свечености/ноќни излегувања се бараат многу повеќе пари. Пак ќе кажам, ако за мене луксуз е диор, за некој друг е зара. Не сме сите исти родени, не ги сфаќам оние што до гуша во долг ќе влезат колку да бидат видени дотерани, не дека убавото облекување ги исполнува.
     
    На t-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.868
    Допаѓања:
    325.916
    Пол:
    Женски
    Стилот со следење на мода не е поврзано.Стилот е нешто што се гради со години,уникатно е,свое е ,негувано е
    Следење мода и трендови е моментален фанатизам по нешто што е актуелно сега и никогаш повеќе.а не му седи секому
     
    На eloves и Askopje им се допаѓа ова.
  13. loveyouuu

    loveyouuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Стилот не чини многу пари, сенсот за мода или го имаш или го немаш ама да бидеме реални и искрени за една жена да изгледа убаво, пристојно, без разлика кој стил го негува си требаат пари.
    Со некои работи некогаш може да се мине ефтино ама не со се.
    Поназад читам и со ефтини парчиња се минувало добро, тој муабет држи вода ама колку се квалитетни тие ефтини парчиња е навистина дискутабилно прашање. Мене лично одсекогаш ми бил побитен квалитетот, отколку кванитетот. Ќе си кажам дека сум купувала парчиња од разни марки и поефтини и поскапи, па можам да направам една споредба.
    Конкретно пренди, цените за нашиот стандард се солидни, може да се најдат добри прашања ама квалитетот е 0. Еднаш си купив една преубава блуза 220 или 260 ја земав, не сум сигурна два пати ја облеков, по првото перење буквално ми се истенчи материјалот како проѕирен стана и се истегна надоли, а не беше таква ко ја купив.
    И пижами едни имав земено за 220 денари, по првото перење ми се собраа.
    Така да не ја гледам поентата во имањето повеќе парчиња облека ама неквалитетни, кои ќе се соберат, рашират, излитат и сл.
    Подобро да имам 5 блузи ама квалитетни, отколку 10 кои по првото перење не се носат повеќе
    И не е дека ние во Македонија имаме којзнае колку избор или којзнае каков квалитет ама искрено има разлика меѓу облеката од пренди и облеката од зара или манго.
    Фармерки купени пред 2/3 години од еден бутик за 1500 денари ги носам и ден денес и се како нови, додека од шутка начекав за 350 денари преубав модел на фармерки и по 2/3 месеци меѓу нозите ми се скинаа и почнаа да оставаат линии од перењето.
    Пак ќе се повторам, стилот не чини пари тоа е нешто што ја одсликува личноста и се гради со годините ама за една жена да изгледа убаво и пристојно си требаат парички.
    Има луѓе кои имаат сенс за мода ама немаат доволно финансии, има и обратни случаи имаат убава и квалитетна облека ама пак изгледаат кичесто, не знаат да искомбинираат.
    И тука освен облеката си треба и козметика, парфем, накит и други работи, што не чини баш ефтино.