1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали стрејт маж кој е во врска со трансродова личност е навистина стрејт маж?

Дискусија во 'Секс' започната од Mr. Right, 23 август 2018.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Мене никaд лoгикa слaбo не ми oди.

    Уште нештo, ме зaинтересирa oвa сo пoлoви oргaни и кoлку некoј е геј aкo пример се зaинтересирa зa oдреденa личнoст aмa не и зa пoлoт нејзин/негoв. Пa пoстoел и термин -хoмoрoмaнтик. Акo дoсегa oд милиoните нaзиви не сте збунети еве ви уште еден. Гo привлекувa емoтивнo ист пoл, нo не знaчи и сексуaлнo. Мoже еве типoт тoa е. Мaдa шoмиегaјле и кoјкурaц и зoштo гуглaм глупoсти??
     
    Последна измена: 23 август 2018
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Концептов на емисијата наликува на српската - Zivot Prica.
    Добро е што и во Македонија макар медиумски одвреме навреме преку разоткривања табуа се прават обиди да се сменат старите патријархални концептуализации и шаблони, иако според мене тоа требаше да се случи многу по одамна, многу по гласно и често.

    Конкретно за дечково, остава впечаток на добар искрен и интересен човек, кој се заебележува дека во текот на детството се соочил со мноштво предизвици, кои можеби одиграле круцијална улога при формирање на неговиот идентитет. За пофалба е тоа што има храброст јавно да говори за својата поинаквост и определба, и се надевам дека има луѓе кои искрено го подржуваат и сакаат.
     
    Последна измена: 23 август 2018
    На Ketchup, KateKane, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    И мене логично ми е да бисексуалец затоа што без разлика што "женска" му има женски полов орган она се идентификува како машко и така се однесува значи он има афинитети и кон машки пол ете мене не може да ме привлече маж со феминизирани покрети.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Тебе какви те привлекуваат не мора да е правило за стрејт луѓе.
    Познавам трансексуалци... тие како се гледаат е едно, ти како ги доживуваш, може да е сосема друго..

    Затоа реков... ако дечко му е стрејт, за него (трансексуалецов) не чини, бидејќи не го гледа онаков како што тој себе си се доживува..

    Меѓучовечките односи се комплексни....
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Како може некој емотивно да те привлекува а не сексуално тие ми одат рака под рака комплементарни се. Освен асексуалец ако е :D labels колку сакаш. :D

    @WildMk Не велам правило дека е туку логично е дека ако изгледа како машко и така се однесува едноставно дечкото го привлекува musculinity и би требало да е бисексуалец.
     
    На EvAngelos, Bitter-Sweet и Joi им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Логиката нема многу врска со емоции и нагон...
     
    На Someonespecial и Mr. Right им се допаѓа ова.
  7. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Темава ќе испадне како тие со фустанот и со Јени и Лорел..

    Јас како што знам, транс лугето се идентификуваат и сакаат да ги сметаш како родот во кој се пронаоѓаат. Така да штом имаме машко+машко, не може никој од нив да биде стрејт.

    Не ми е јасно само како на транс дечкото не му смета тоа што дечко му се изјаснува како стрејт, тоа значи дека го смета за женско, а не за машко.:?:
     
    На Bender Rodriguez, EvAngelos, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Рековме комплексно е... Темава е излишна.
     
  9. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Комплексна е ама затоа сме тука, да цепидлачиме. :D

    Алекс се идентификува како машко.

    Дечко му се идентификува ко машко.

    Штом се во врска, значи дека се машки што ги привлекуваат машки. Можеби се геј, можеби се би, можеби се пан..maybe it's maybeline.. Ама стрејт не е никој од нив.


    **************************†***
    Ќе беше убаво ова да беа најголемите расправии во врска со LGBT луѓето...
     
    На Bender Rodriguez, Yowannty, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    :D Еве:

    Сума-сумарум: Шо ве/не ку*о боли кој на што се палел и со кој бил во врска!
     
    На ane.bella и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.941
    Пол:
    Женски
    Не дека не боли кој каков бил туку темата е овде отворена за коментирање. Кој не сака да чита туѓи мислења слободно нека ја скролне надолу.
    Го гледав видеото и немам некое посебно мислење. Едноставно така се гледа самата како да е машко. Тие реакции кај луѓето кај нас се нормални затоа што ретко гледаат нешто такво како трансексуалец. Нема точно или неточно мислење за ова зашто сите мислења се субјективни или до некаде треба да се гледаат од медицинска точка за да се објаснат точните терминологии.
    Според мене, нејзиниот партнер е 1. Стрејт затоа што ја доживува како женско под облеката, 2.бисексуалец или 3. пансексуалец. Не можеме да знаеме бидејќи не знаеме што прават во кревет. Инаку интересна персона, ми се допаѓа:inlove: Битно е каков си во душата:!:
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.562
    Допаѓања:
    78.834
    Пол:
    Женски
    Не ќе да е стрејт. :^) Кога го видов насловот на темата, мислев дека се работи за маж во врска со жена која претходно била маж, но вака... пак маж со маж му иде.
     
    На candy.cane, Lella, EvAngelos и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.929
    Допаѓања:
    12.429
    Пол:
    Машки
    Имаше еден подкаст од една позната транс ХХХ актерка, баш помнам дека рече дека маж и од секогаш бил стрејт и имал девојки, и дека сеуште се води како стрејт од како се во брак. Активен колку што помнам.

    Што знам, тие што се геј што ги знам не ги привлекуваат трансродови личности, а тие што се стрејт се нетолерантни и кон геј/лез/би, па така да...

    Лично мислам дека да.

    (не го гледав видеото)
     
    На Someonespecial, Joi, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    За сите што не го гледавте видеото. Дечкото би раскинал со него доколку он целосно го смени полот.
    Алекс физички е сѐ уште женско. Не прима хормонска терапија, нема операции, ништо, освен тоа што се претставува и носи ко машко. Така да, и јас би рекол дека е стрејт дечкото. Може и такви женски го привлекуваат. Има милион девојки кои се носат ко "машко", па се со дечковци. Ништо ново.
    Малку комплицирана ситуација, ама тоа е реалноста на трансродовите лица кај нас.
     
    На Shmizla94, Mr. Right, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.963
    Допаѓања:
    48.730
    Пол:
    Женски
    Според мене не е бидејќи еве пример Алекс се води како машко сега но има дечко што значи дека дечкото може да е хомо или би.
    Еве јас да станам пример Марко ако се водам себеси ко машко ќе фатам девојка за партнер бидејќи така се квалификувам себеси ко машко.Ова е моја логика
     
  16. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Ако ми се свиѓа женско што се идентификува ко машко и со стил/став и со однесување тогаш лез/би сум или стрејт?
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Јас не се идентификувам како машко, ама не сум воопшто женствена... Машкуданка сум.
    Ако се определува сексуалната ориентација на моите партнери, по тоа како јас се облекувам и однесувам, тогаш сите до еден се геј!
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Ама има огромна разлика од машкуданка до трансџендер лик без направена операција. Тој ако се идентификува ко машко, не разбирам како дечко му е стрејт. Или е геј/ би/ пан/ whatever, или некој од нив е во заблуда.

    Не дека е важно, отсекогаш ми биле глупави тие етикети.
     
    На Bender Rodriguez, Mr. Right, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Пишав уште на првата страница: Ако е дечко му стрејт, тогаш не го гледа, онака како што Алекс сам се гледа.. и тоа е лошо за Алекс... Ама нивна работа си е..
     
    На Mr. Right, Someonespecial, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.598
    Допаѓања:
    173.536
    Пол:
    Женски
    Од една страна ич не сакам етикетирања, од друга страна пак, зошто да не постои соодветен термин за опишување на одредена ситуација или дело. Тоа што ние честопати термините кои се однесуваат на машко-женски односи ги поистоветуваме во негативна конотација е скроз трета работа. Доколку истите бидат користени без намера да навредат истовремено така и доживеани од другата страна и наменети исклучиво да опишат нечиј начин на живот, никој не би имал мака со тоа. Нејсе...

    Дечково според мене е стрејт оти девојката, односно дечкото е жена што сака да е маж, ама освен гардероба сеуште ништо круцијално не сменила.
    Постоењето на моментот “ако и навистина смени пол, дечкото ќе и раскине” укажува на тоа дека тој испод машката гардероба и желбата за машкост, сепак ја доживува како жена, па според тоа, веројатно и имаат секс како помеѓу маж и жена.

    Имав машкудаста другарка која по понашање, држење и став беше ептен машкудаста па имаше и врски со дечковци. Никогаш не се изјаснила дека сака да е машко, напротив, муабетот ми е дека има машки кои што можат да бидат привлечени од девојки со таков став и стас, како што може да е и во актуелниов случај.
     
    На Mr. Right, candy.cane, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.