1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали студентите на Медицински факултет го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни доктори?

Дискусија во 'Образование' започната од eli25, 7 ноември 2019.

  1. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Фкат е дека еден куп Доктори,Медицинари поминувале со врски,како и се останато во Државава.Затоа ке се појавуваат луѓе ко Иван Исцелител,и народов повеќе ке верува во такви црпнати него ли во Доктори.
     
    На Dust, злоба, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.868
    Допаѓања:
    178.875
    Ургенции на медицина... ко и на секој друг факултет де|(
    Ургенции за средно, за упис на факултет, за завршување факултет, за вработување(y)
    После се чудам оти луѓето одат по бајачки:|
     
    На Ambitious, Bezimenka90, Billy Idol и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Божеее, од 70 предмети на медицина, ако положиш хемија со врски си бил лош доктор. Јас ич нејќам врски, ама толку ја нападнавте ко бог знае што да направила. Факт е дека на секој факултет има поневажни предмети и исто така сфаќам како е да не ти оди нешто, а тоа не значи дека нема да си добар. Само присетете се дека за да запишеш медицина потребни ти се сите 5ки, а под сите спаѓа и физичко и музичко и ликовно, скрос небитни за медицина. И наставниците во средно редат 5ки за да не ви кршат просек, а не дека по сите предмети сте заслужиле 5ки, никој не е таков, секој има преференции, не може се' исто да не интересира. Пак ќе речам не оправдувам врски, на факултет не сум поминувала воопшто со врски, ама хемијата е клучна на ПМФ отсек хемија, не толку на медицина за толку лом да ја направите.
     
    Последна измена: 2 јули 2020
    На Fallen.Angel, Glowy, Принцезичка1 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Изгледа тебе не ти се остварил сонот па сега си гневна, ама имаш време да си пробаш пак.


    Ургенции има сегде, и има разлика од ургенција до ургенција. Моите ургенции беа на предмет кај што имав учено и ме буткаа за глупости. Тоа беше во прва и втора година, а сеа сум шеста.


    @Snow-Star Средно учев исто медицина, сум спремала терапија и сум боцкала мускулно, интравенски и субкутано. Апсолутно нема никаква врска израмнувањето равенки со ова.
    2 плус 2 во медицина никогаш не се 4. Тоа ни го кажуваа и најдобрите доктори кај нас.
     
    На *Amethyst*, PureEnergy, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Види, јас не те напаѓам тебе за разлика од другиве. Да речеме хемија не е битна за тебе ама фактот дека има ургенции на медицина за луѓе што утре животот во раце ќе ни го имаат, мене ме шокира. Сама кажуваш за твои колеги што не знаат клучни работи што се битни во медицината. Ти може за хемија си искористила врска, ама друг за анатомија ќе искористи. Тоа е веќе лошо.
     
    На ElenaOfRivendell и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Лошо е многу. Затоа и пишав на темава, гледам мои колеги завршиле пред мене а не знаат што е утерус или хипотензија.
    Епа колку сакаат нека ме напаѓаат, ама не е ни приближно исто до тоа што јас не знам да решам задача по хемија.
     
  7. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Еве @christinnn е правник и на некој начин и нејзината професија е поврзана со животот на човекот. Ќе има утре случај на судење и од нејзините способности ќе зависи тоа дали човекот ќе иде во затвор или не. Ама не, она не знаела многу информатика и лош адвокат е.
    Истото е и со мојот случај со решавањето на задачи. Медицината е напред никој не решава задачи, почнаа роботи да не оперираат ние за што збориме побогу.
    Све искомплексирано.
     
    На *Amethyst*, PureEnergy, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ae бе...Од авион ви се гледа егото
    Лани имав предмет кој го учев од скрипта од 90 страни. Пред да почам си викав - пих што се 90 страни, за недела ќе ја поминам
    И почнав. Предметот беше Систематика на виши растенија. Куп поделби, латински имиња, класи, редови, фамилии, па родови, па од секој преставници, па секој ред и фамилија карактеристики, дали е растението дрво, грмушка, каков е цветот, каков е плодот, какво е семето, каде живее, колку прашници и ливчиња има, какви се листовите и како се распоредени и куп други ствари што само на памет се учат. И освен ако сакаш специјално да се занимаваш со ботаника, нема шанси да го памтиш ова понатака.
    Ќе полагав во јуни прво ама не стигнав, ми се измеша се. После во август две недели искинав живци да ги запамтам сите податоци до едно. На моменти најсериозно плачев над книга. Заборавав кој род имаше ваков, кој таков цвет, каде беа вакви, каде такви листовите.
    Полагав усно и поминав супер, 9ка, Кога излегов од канцеларија на професорот се осеќав преродено. Мислев дека никогаш нема да го положам иако првпат го полагав. Жими се' горда бев што издржав:rofl:
    Еве денес да бидам искрена многу малце памтам од тој предмет освен нешто што случајно ми останало во глава. Никогаш и не ми биле омилени систематиките. Ама се стегнав и научив бе.
    А дома ми велеа исто - те ма, за 90 страни ли се нервираш...

    И понатака не верувам дека некој ќе ме праша цвет на грав каков плодник има. Па не кукав да ме пуштат без да научам.
     
    На Dust, ElenaOfRivendell, злоба и 4 други им се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Мене ми е шубе да се фаќа врски баш на МЕДИЦИНСКИ.
    Да де не се битни хемија и биологија.
    Аминокиселини, циклуси, митохондрии итн не се битни?
    Фаќајте си врски после нечиј живот ќе треба да спасувате.
     
    На Tan4ence, simonna.a, edna_malecka и 8 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сега скоро рамнев хемиска равенка, ме интересираше да видам дали уште знам како се прави тоа.
    Замисли, знаев. Средно завршив пред 10 години, на факултет немав хемија. Значи сум можела нешто тотално бескорисно да научам, и тоа за средно.
    70-80% од испитите на факултет никогаш не ги користев. За чудо некои ми се најдоа последните 2 месеци иако мислев дека никогаш во живот нема да ме интересира. Нужда се прави :D
    Да рамниш равенки од хемија може ема да ти треба, ама ќе ти дојде некој на токсикологија што мешал солна киселина и варикина и нема да знаеш дека се затрул, оти ти треба таа хемија за да знаеш дека
    NaClO + HCl = Cl2 + NaCl + H2O
    И дека тоа Cl е хлор кој е отровен ако се вдише. Дневно по неколкумина завршуваат на токсикологија само од таа причина, а да не тргнувам дека само од средствата за чистење во домакинството може да се направат 5-6 експлозиви. Кај се сите други хемиски хазадри понатаму.
    Ваљда од искуство ќе научиш, еднаш-два пати нема да знаеш дека нешто хемијата збркала во нечиј организам, после на третиот ќе се научиш. Што се двајца со погрешна дијагноза :D
     
    На An-na, Dust, Lella и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Куп труења со се' и сешто се базираат на биохемија, ама вие си знаете.
    И може нема директно да го најдеш во книга ама да поврзеш со логика и ќе сконташ.

    Eдит- не ми кажувајте само дека и Кребсов циклус и гликолиза никогаш не сте ги учеле.
     
    Последна измена: 2 јули 2020
    На simonna.a, Angie1432, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  12. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Браво преметна си (y)
    Има предмет токсикологија кај шо се учат тие работи и да, положен ми е, и немаше израмнување.
    Не ни планирам да продолжам токсикологија, ама ај :D
    Никој не ти дава да даваш терапија и дијагноза на своја рака кога стажираш не знам дали тоа го знаеш. Докторите со искуство многу често бараат мислење од колега.
     
    На *Amethyst*, PureEnergy и Anie93 им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Труења се обработуваат во посебен предмет Ургентни состојби, @thequeen95 кажи шо оценка имаш по ургентни?:D
    се шалам, не оправдувам врски, ама не комплицирајте толку :)
     
    На PureEnergy, ElenaOfRivendell и Alishan30 им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А ти планираш учењето да ти заврши со стажирањето?
    Дефинитивно си го утнала факултетот. Цел живот ќе учиш, или ќе бидеш никаков лекар. Ама ваљда целта ви е административни работници да бидете, пренасочувачи на пациенти. „Не си за кај мене“ стил.
     
    На An-na, Dust, Dentina и 4 други им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Трај. Кребсов после една година се заборават делови па па го учеме по друг предмет.
    Јас се сеќавам кога прв пат учев структура на холестарол. Мислев нешто покомплицирано нема :D
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.447
    Допаѓања:
    165.466
    Пол:
    Женски
    Сите предмети се важни и со умисла. Дури и предмет како информатика шо се спомна погоре. Сега се е дигитализирано, иако не е во склоп со професијата - важно е. Хемија, биохемија во природни науки и медицина? Нормално дека е важно.

    Туку од прашања шо ме мачат, зошто би се рамнеле со колеги кои го одбрале полесниот пат? ТиЕ мОжАт Па МоЖаМ и ЈаС или ...?
     
    На simonna.a, PureEnergy, Amellie13 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Добро некој ензим ќе заборавиш, не да не.
    Ама на пример појма да немаш што е и која му е целта пошто нема да ти треба? Зборам за студенти на факултети каде се изучува детално.
    А можам да речам дека е централен процес во метаболизмот на органските соединенија кој патем е биохемија.
     
    На PureEnergy, ElenaOfRivendell, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Осмица. Бркав просек во прва година и престанав :rofl:


    Ако ти е таква струката треба да знаеш нормално, како што јас треба да знам што е хобб, клетка, вирус, бактерија, астма итн.
    Фармакологија учев еден куп лекови, а голем дел од нив не се произведуваат со години и сеа не ги памтам.


    Не се рамниме, ама многу е нервозно. Недела навечер јас учам 6 саати а колегата се шета во Охрид и другиот ден на испит положил со ниеден кажан збор, а јас ќе паднам.
    Ќе специјализирам нема да бидам општ лекар. Знам дека цел живот докторите учат.
     
    На simonna.a, *Amethyst*, PureEnergy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.447
    Допаѓања:
    165.466
    Пол:
    Женски
    Така и викаат тие без ургенции шо врват и за тебе. Ама поќе боли друг ко ќе прај, не?
     
    На simonna.a, Lella, ElenaOfRivendell и 9 други им се допаѓа ова.
  20. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Секој студент поминал некој предмет со помош, тоа е факт. Медицина е многу тежок факултет и има многу заебани професори. Доколку јас не знам да израмнувам равенки, ете не ме интересира тоа ако можам да поминам со помош, радо би :) Огромна разлика има да полагаш со ургенции физиологија и хемија што те малтретира 3-4 пати.
    Прашајте како се полагаше имунилогија кај Трајков и патологија. Колку солидни студенти губат години за тие предмети. Јас сум ги положила тие па ќе се секирам за хемија :D
    Во странство никој нема да те прими на работа ако не си спремен, така да свесна сум колку знам и што можам. Ќе бидам дипломиран доктор по општа медицина за 2 месеци :inlove: Богами е за фалење и гордеење.
     
    На Anod10, simonna.a, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.