Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали студентите на Медицински факултет го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни доктори?

Дискусија во 'Образование' започната од eli25, 7 ноември 2019.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Зошто имаш таков дрзок пристап? Тоа што некој седнал да ги прочита комбинациите и му се паднале на полагање, не значи дека студентот не учел дома и се крстел на прашањата за да положи. Да, има и такви исклучоци, ама нека им е на совеста. Зошто имате потреба да генерализирате и напаѓате, па дури и исмевате? Не е доволен нехуманиот однос и притисокот врз лекарите, па сега и на студентите удрете.
    Дали знаеш зошто студентите не одат на предавања? За да учат. Да, бидејќи од 8 до 8 му е исполнет распоредот со вежби и со предавања, а за временски интервал од три недели полагаат три или четири предмети од по 300-400 страни. Значи, не се криви студентите, туку самиот систем на образование кој очекува од нив да се однесуваат како роботи.

    Има и такви, ама како што кажав погоре, нека им е на совеста. Нема потреба за генерализација и напади кон сите лекари, па и сите студенти. ПОСТОЈАТ И ТАКВИ КОИ УЧАТ ОД САБАЈЛЕ ДО ВЕЧЕР, ЗА ДА НАУЧАТ, АМА ПОРАДИ ВАШИОТ ДРЗОК И БЕЗОБРАЗЕН ОДНОС И ГЕНЕРАЛИЗАЦИЈА ПРИНУДЕНИ СЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ТАТКОВИНАТА И ДА ЛЕЧАТ ТУЃ НАРОД.

    Почитувани колеги, како што беше некој пишал погоре, не се осврнувајте на ваквите коментари од страна колку и да се фрустрирачки. Ова е тек почеток на тоа што вистински ве чека во ова сурово општество. Фокусирајте се на студиите, учете пред се за себе.
    Селектирајте ги предавањата, на оние предавања на кои вреди да се оди и да се научи нешто одете, а на оние на кои професорот го чекате 20 минути, за да на крај само ја прочита презентацијата, имате право да го искористите времето попаметно. Нормално дека некои предмети се поприоритетни, поважни и захтеваат повеќе време и труд, но не ги занемарувајте ниту оние помалку важните предмети, кои еден ден можат да ви помогнат многу.
     
    На malerozna, lovestoneddd, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  2. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Па тоа секаде го има де, што се напна ти само за медицината.
    Исти презимиња се вртат и во МВР,Судство, каде се не...

    А и второ имаш право да бираш лекар такада ако не сакаш "врскаџија" да те лекува одбери си некој што сам со труд го завршил факултетот. :)
     
    На Lining и mache007 им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Dali si seriozna so ova sto me prasa? Aloo, se raboti za covecki zivot. Zamisli tatko mi eden lekar go lecese od prelada, a toj da imal bakterija. A ne bese poznat so prezimeto(ima i takvi sto kojznae kako zavrsile)
    Zatoa se napnuvam. Sfakjas?
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ама не ти се криви идниве студенти. И мене дедо ми го оставија на милост и немилост ама не ми се криви студентиве.
    Сите имаме по некој што не погодило.
    Драма безвезе, секој што запишал медицина знае што тешкотија е тоа и знае колку труд да вложи.
    Не може студент да те лечи. :)
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Не.
    Одбери си друг лекар ако не си задоволна. Не можеш да генерализираш.
     
    На sj *O*, ElenaOfRivendell и Lining им се допаѓа ова.
  6. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не, никако не сфаќам како заради тој еден лекар, тебе сите лекари ти се исти и како заради тој еден лекар ти ги напаѓаш студентите по медицина, идни лекари? Наместо да го искористиш во позитивна конотација и да ги мотивираш како не треба, ти тука шириш демотивирачки вибрации и ги напаѓаш студентите уште недипломирани.
     
    На sj *O*, Alishan30, ElenaOfRivendell и 4 други им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.481
    И јас учев и полагав, на вежби и предавања до 21:00 седев. Медицина е , бара жртви и откажувања. И нема логика да не одиш за да учиш,многу лош изговор
     
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ако си студирала медицина, знаеш дека е тешко и дека бара жртви и откажувања, треба да бидеш колегијална и да му пружиш поддршка на твоите колеги, а не да плукаш зошто прочитале прашања пред испит како и сите други студенти.
     
    На sj *O*, MeckaCia и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.481
    Друго е да прочиташ прашања друго да учиш само од нив. Воопшто не се согласувам.
     
    На Harper, SummerGirl, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Добро девојко, што студираш ти ако може да споделиш, зашто очигледно е дека не е медицина, не си запознаена воопшто со работите, а тука нас ни попуваш како треба и што треба да правиме.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.616
    Допаѓања:
    39.155
    Пол:
    Женски
    Да, има логика затоа што за времето што се троши на предавања на кои пола ќе слушнеш што се предава, пола нема, ќе седнеш и научиш поголем дел од материјалот.Одењето/неодењето на предавања воопшто не дефинира кој е добар студент а кој не, и на крајот на краиштата не знам зошто го споредуваш твоето организирање на времето со нас помладите студенти - секој си знае за себе како е најдобро.
     
    На Maša8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Па никој не уче само од прашања for God sake. 80% од студентите запишани на медицина се одлични ученици кои се квакнати над книгата од сабајле до вечер. Останатите се тие заради кои генерализирате, а тој процент е далеку поголем на другите факултети.
     
    На Lining му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    За ова дека на другите факултети само се поминува со прашања морав да реагирам. Не значи дека само на другите факултети се учи од прашања и прелесно се поминува. Си знаат студентите кои студираат таму.
     
    На Harper и Purplelilac им се допаѓа ова.
  14. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    А што студираш/е ти?
     
    На Lining и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не реков дека на другите факултети се учи само од прашања, туку реков дека процентот е поголем.
     
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со ова. Секаде има студенти кои учат само од прашања и после заглавуваат. И после проблемот е во професорите и сл.
     
    На SummerGirl, coldbaby и eli25 им се допаѓа ова.
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ок не се согласувај.
    П.С истото го зборуваме, само на различен начин го кажуваме.
     
  18. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Женски
    Зошто трошите време за да објаснувате на личности кои не сакаат да разберат... Студенти на медицина знаат само како е на медицина, не сум достојна да коментирам за други фкултети како е од што се учи бидејки не сум била на нивно место, немам доволно информации и затоа немам мислење за другите... Сите што учарт општ медицина зборам знаат дека на предавања не се оди од причина што на предавања предаваат карлица а ние полагаме абдомен, и сеа вие мене ме убедувате дека мене ми е корисно да седам на предавања од 8 до 5 и да слушам работи што ми се за 3 колоквиум а јас уште немам полагано 2? И тоа што јас не одам на предавања ме чини несовесен и лош лекар? Дај ве молам не се мешајте во работи за кои немате поим, само медицинари знаат како е на медицина. Имајте малку почит и разбирање, имаме 14 предмети, учиме од книги, практикуми, прашања, помагала, атласи по цел ден, никој нема право да ми каже мене дали сум добар студент, на кој начин да учам и дали ке присуствувам на предавања или не... Оставете темава да си биде за помош на медицинари а не за осудување и карање
     
    На sj *O*, Ambitious, mazikeen и 8 други им се допаѓа ова.
  19. ladyantebelum

    ladyantebelum Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Девојки,уживајте во викендот,насочете ја вашата енергија и расположение кон нешто продуктивно,овие мизерни провокации се на луѓе кои што имаат екстра време на располагање па дремат на форумот.Учете,се ќе положиме,не дозволувајте никому да ве натера да се посомневате дали вредите,сите ние сме најдобри на свој начин.Оваа љубов наша,наречена Медицина:inlove: никој не може да ни ја одземе.Среќно!
     
    На Maša8, sj *O*, mira.mira и 2 други им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Видете другари.Секој факултет си има своја тежина.
    Но,несомнено е дека медицина е факултет во кој треба многу да се вложува.Независно дали е физиотерапевт,заболекар,општ доктор.Сепак,станува збор за наука која спасува човечки животи.
    Со ова не ги понижувам останатите факултет како економски,филолошки,драмски итн.
    Учењето теорија е едно,но истото применето во практика е сосем друго.Посебно во медицината,една мала грешка и недај Боже може фатално да се заврши.
    Затоа јас не се сомневам дека студентите на сите факултети,посебно на медицински не вложуваат во своето знаење.
    Пошто тоа знаење еден ден ќе се исплати.
    А,има предмети во кои малку да вложиш труд и одма ќе се научат.А,има предмети со кои месеци учење пак е малку.
    И,пак ќе се повторам од минатите теми.
    Не е секогаш до студентите,повеќе пати самите професори се без култура и глумат демек нивниот предмет е најбитен.
    Никој не е будала да фрла по 100 или 200€ по семестар и да оди на жими мајка на испити.
    Иако,да има примери такви.
    Има и примери со врски дека завршуваат.Ама тие со врски сигурно нема да прашуваат по форуми што е за учење.
    А,ова,за редовноста на предавања е глупост.Може јас да идам на предавање да се потпишам и цело да го преспијам.Кај некои професори вреди да се оди,кај други не баш.
     
    На ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.