Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали студентите на Медицински факултет го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни доктори?

Дискусија во 'Образование' започната од eli25, 7 ноември 2019.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.481
    Па тебе најбитно ти е да положиш или да научиш? Кого прашуваш ако нешто не ти е јасно пример?
    И не, не можам да разберам да не одиш на предавање на било кој фак.особено па не медицина. Ако анатомија ти предавал карлица а полагаш абдомен , значи абдоменот веќе ти го предавал така?
    И како што викаш, дека сте учеле од 100 книги, да така е и така треба да е. И не си лош лекар, зошто не си ни лекар.
     
  2. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    А мислиш се памти нешто од на предавање анатомија еве конкретно?
     
  3. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Прашуваме на вежби или одиме на консултации.
    Членката никаде не се пожали дека учиме од 100 книги, таа само потенцираше дека за да се совлаадаат сите тие книги, мора да скратиш на предавања, зашто едноставно се нема време.
    Со @ElenaOfRivendell чекаме одговор на прашањето што студираш/е.
     
    На sj *O*, MeckaCia, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.481
    Што ти е толку битно?
    Демек не ве сфаќаме ако не сте на медицина ли? упорно тоа го верглате|(
     
  5. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    А ти зошто не одговориш?
     
  6. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Чекам одговор
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Очигледно медицина и срам и е од вакви идни генерации.а кога ве читам и мене страв ме фаќа.
     
    На Nisse, An-na, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Од што те фаќа страв? Од тоа што секој ден по цел ден учиме и немаме време за на предавања? :D:D:D
    И ако студирала медицина, слободно нека го сподели нејзиниот начин на учење кој е изгледа најдобар, така нема да и биде срам а ни тебе страв од нас.
     
    На Glowy и mache007 им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Што ескивирате.
     
  10. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    А како положуваме ако ескивираме? Немаш право да генерализираш, ако се поминуваше туку така, немаше од 300 примени студенти, помалку од 100 да дипломираат во рок, туку сите ќе си завршуваа фино лепо, немаше да плачиме и да се стресираме за анатомии, туку нели, лесно ќе ни беше, и немаше факултетов да е еден од најтешките.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.616
    Допаѓања:
    39.155
    Пол:
    Женски
    Браво за вашата генерализација за помладите генерации, прекрасна мотивација и поддршка за луѓе кои еден ден ќе ве лечат :inlove:
     
    На Lostinparadise, Unicornus, Ambitious и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не е медицина, зашто не знае за кој предмети зборуваме, ама изгледа неостварена желба и' е да студира медицина или нешто поврзано со неа.
    А ескивирмае затоа што сме нападнати од личност што воопшто не е информирана. Само ние медицинарите знаеме како е на медицина, секој си знае за својот факултет, додека не искусиш на своја кожа само зборуваш на празно без факти и аргументи. Ние за секое прашање и секој нејзин напад дадовме образложеие зошто е така, а таа упорно ни попува како била примерна студентка и затоа произлезе прашањето што студира/ла.

    И да темава е за да си помогнат студентите едни со други, а не да трпиме напади. И после ќе се прашате зошто бегаме од државава.
     
    На Alishan30, Peperutce1115, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Женски
    И после се чудите зошто немаме лекари? Хахах па која будала ке учи 6 години за да плукате по него... не се секирајјјтее, ние што не седиме на предавања и што читаме прашања ке си одиме, чао пријатно нема да ве лечиме, ке ви останат мамини татини синови да ве лечат
     
    На Maša8, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  14. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.058
    Допаѓања:
    118.918
    Пол:
    Женски
    Полека бре идни колеги, зошто се дискутира вака во тема која треба да им биде помош на идните генерации.
    Ако не сте вие од тие студенти кои само од прашања учат, зошто ве тангира муабетот.
    Ете не сака да каже што студира Ели25, нејзина работа. Но не скокајте веднаш, седете си, учите си, сакате одете на предавања, сакате не одете. учете или не учете од прашања.
    Само да ви кажам јас како веќе завршена на медицински факултет во Скопје, секое дупче кое ќе го оставете недобро научено на факултет, еден ден ќе ви се втати како бумеранг во работењето. И најмало да е.
    Сум учела материјал а последните 2 дена никогаш не учев пред испити, читав комбинации и прашања од претходни генерации, баш е проверка на знаењето, само врз основа на прашања неможе да се оди на испит.
    На предавања битно е да се оди, имало прашања баш од предавања кои ги нема опишано во книга, за на усно исто сте им познати на професорите од предавањата, и тоа ви оди во прилог.
    Ете јас одев и на предавања и на вежби и имав време за учење, ќе си го распределите времето.
    За жал за кафиња и седенки ќе немате време баш, но потоа здравје боже ќе имате кога ќе дипломирате:D
    Бидете културни и не се расправајте, и не е само нашиот факултет најтежок, секој си има своја тежина, не се вообразувајте дека сте над сите, ќе ви треба тоа во иднина, и прифаќајте критики без расправање, тоа ќе ве исчеличи во иднина:sun:

    Ќе ве плукаат и одкога ќе завршите, навикнете се. Народот е незадоволен во секоја сфера, ќе има ќе ве благословуваат но и ќе ве плукаат, нека не ве дирнува ни едното ни другото.
    Кој има шанси ќе замине во странство, кој несака како мене ќе си остане овде и ќе си ја сака професијата, па макар и била плукана од народот. Има кој да врати таму, не јас, не ти. Постои карма.
     
    Последна измена од модератор: 10 ноември 2019
    На Lolipop23, Harper, malerozna и 30 други им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Па според одговориве вие сакате уште од сега да ви се клањаме дека нели, ќе не лечите.
    Јас пример претпочитам помлади доктори. Повеќе се во тек со работите, поотворени се, поенергетични. Значи, не скокајте одма.
    Секоја чест на средна класа доктори, доцни 40ти и рани 50ти кои се повеќе ме изненадуваат.
    Учете си и немате гајле :)
     
    На oblace1, SummerGirl, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  16. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Женски
    Не, никако... Не сакам никој да ми се клања ни сега ни коа ке бидам лекар, не сум Бог, човек сум а лекар а пациент сите сме луѓе. Не учам за да ми се клањаат, учам затоа што сакам, учам за еден ден да помагам на некој со моето знаење, ама не е но во ред некој уште од сеа да плука по нас и да ми диригира и кажува што сум требала д направам што не.. Секоја професија има своја тежина, секој факултет ина своја жртва и сите треба да бидат почитувани затоа што вложиле труд во нешто. Не мора да фали, ама нека и не плука по млсдите лекари и студенти. Дајте подршка на сите студенти не само на медицинари, подржете ги да го учат тоа што сакаат, дајте им малку надеж, а не вака...
     
    На Alishan30 и kukla21 им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Како не им дадов надеж.
    Јас пишав дрка преферирам млади доктори :) Ако се згодни е плус :D мала шала.:rofl:
     
    На Abeja, candy.cane, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Dance92.

    Dance92. Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Сме оделе и на предавања и на вежби и сме завршиле, не е дека нема време или не е битно. Небитен предмет не постои, ама тоа покасно ќе го сфатите. Само организација на време
     
    На Harper, An-na, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    МОДЕРАТОР: За да не ви ги бришам мислењата од темата за Медицински факултет, ги преместив во нова тема.

    Дискутирајте без навреди. Во спротивно темава ќе заврши во канта.

    Ви благодарам за разбирањето. :)
     
    На Feminka22 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  20. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Јас сум за темава да заврши во канта. Во спротивно нека се отворат и други теми од типот на:
    "Дали студентите на Правен факултет го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни судии и јавни обвинители?" или "Дали студентите на Педагошки факултет го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни просветни работници?"

    FB_IMG_1573404080181.jpg
     
    На mazikeen и Angie1432 им се допаѓа ова.