Дали студентите на Медицински факултет го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни доктори?

Discussion in 'Образование' started by eli25, Nov 7, 2019.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    11,863
    Likes Received:
    173,411
    Gender:
    Female
    Јас да сум на медицина и да кажам дека учам од прашања ќе сакам да пропаднам во земја од срам. Ама најнајнајсериозно...
    Уште па во другана тема сите надолу сте се заредиле со тоа дека и вие учите од прашања..
    Па и горделиво изјавувате дека ако не учите од прашања 90% од генерацијата ќе паднела..

    Епа дечки, седнете и научете за да не паднете.. просто како грав. Џабе сте набубале прашања на памет кога до утре ќе ги заборавите...


    И не се прајте на три ипол дека врска немате оти се поминуваат испити со дебели евричи или без нив ако си дете на доктор...
    На времето имав 2 братучедки иста генерација.. едната ја примија на медицина во Скопје иако немаше 5.00 просек (нема да кажам како успеа, не е мое да зборам) а другата со 5ка просек не ја примија..
    Едната плати 2000 евра за да помине анатомија а другата отиде да студира во Бугарија.. викаа дека таму полесно се поминувало, ама оваа отиде затоа што повеќе од се ја сакаше медицината..
    Сега е една од најуспешните во нејзината област т.е специјализација..
    Другава со тек на годините поднаучи нешто и она.. ама тие 2000 евра не знам дали успеа да ги научи..
    И затоа уплав ме фаќа кога треба да одам на доктор.. од доктори што учеле по прашања..
    Ајде од општите лекари не ми е страв ама да легнам глава или срце некој да ми оперира а да знам дека учел од прашања па и горд е поради тоа... богами страшно е..

    Тие отвараат книга и го гледаат членот по кој ќе се повикаат..лесно ја маскираат глупавоста и незнаењето..
    Овие медицинариве додека губи пулс некој во операциона сала, на гугл ќе бараат решение?
     
    sj *O*, Doozy, Harper and 29 others like this.
  2. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Joined:
    Jan 18, 2014
    Messages:
    2,488
    Likes Received:
    22,686
    Повикувањето на членот нема да ти го реши цел случај. Ти треба да го имаш потребното знаење добиено од Правен факултет за да знаеш да го решиш случајот. Глупавоста колку и да ја шминкаш не се маскира, надалеку се слуша и гледа.
     
    srcence1607 likes this.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    11,863
    Likes Received:
    173,411
    Gender:
    Female
    Ќе ти ја прикрие и те како.. не сите правници стануваат адвокати па одат на судења..ниту обвинители и судии затоа што имаат и друга академија за филтрација
    Вистината е дека мнозинството од правниците седат во канцеларија и пишуваат договори, жалби, тужби, опомени.. или работат кај некој нотар или и самите се нотари па само претходно спремени образци си штанцаат..

    Оваа година славев 10год од матура а во моето средно (борис правен смер) сигурно преку 30% запишаа правен факултет..
    Ниеден од нив не е фактички адвокат ама сите се правници и мнозинството со адвокатура..
    Тоа збори многу за нивната "способност"
     
    boomsleng and cresa-jagoda like this.
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Joined:
    Jun 16, 2018
    Messages:
    7,084
    Likes Received:
    119,224
    Gender:
    Female
    Доколку темава заврши во канта би сакала моето мислење да се врати во темата за медицински факултет, сметам дека е потребно за да се чита:)
     
    Dust and cresa-jagoda like this.
  5. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Joined:
    Jan 18, 2014
    Messages:
    2,488
    Likes Received:
    22,686
    Ај кажи ми, ти како обичен човек, кој нема никаква допирна точка со медицина, како може да знаеш дали студентите на медицина го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни лекари? Или како јас, како обичен човек, кој нема никаква допирна точка со правен факултет, би знаела дали студентите на правен го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни судии и јавни обвинители? Нонсенс.
    И упорно се генерализира на темава . . .
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Joined:
    Nov 19, 2009
    Messages:
    5,908
    Likes Received:
    14,597
    Gender:
    Female
    Првиот проблем е што воопшто постојат тестови со прашања.
    Се знае како било со години, добиеш пациент и снајди се. Дијагностицирај, па раскажи се што знаеш за болеста, па кажи/покажи како се лечи.
    Во медицина 1 и 1 не се секогаш 2, и затоа мора СЕ да знаеш, а не само 3 клучни точки од било која тема.

    Јас завршив стоматологија. Истиот проблем е.
    Тестови за возачка исто се полагаат, со прашања.
    Кога постои финта, секогаш ќе се најде и некој да ја злоупотреби. Треба сосема начинот на пренесување на знаењето да се промени од корен, особено во медицинските науки. Пациентот е комплекс од состојби, и блиц прашања не даваат добра дијагноза.
     
    sj *O*, Doozy, Harper and 17 others like this.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Joined:
    Jan 18, 2014
    Messages:
    2,488
    Likes Received:
    22,686
    Епа ете, тоа е проблемот. Коментирате само од страна, а не знаете како е.

    На медицински факултет, прво полагаш писмено тестови, а потоа усно и практично. ФАКУЛТЕТОТ НЕ СЕ ПОМИНУВА НА ПРАШАЊА. УЧИШ, ЗА ДА НАУЧИШ И ДА ПОЛОЖИШ.
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    11,863
    Likes Received:
    173,411
    Gender:
    Female
    Така што самите признавате дека учите од прашања! Зошто воопшто се брукате до тој степен?
    Кој научил било кој предмет од прашања жити се?
    Јас стигнав до магистратура и никогаш не успеав да разберам како целиот предмет се учи по прашања.. било да е вовед во медицина или некој мој предмет..
    Јас ќе умрам од срам утре да ме прашаат нешто а да не знам.. само затоа што сум учела само од прашањата, ограничен материјал
    Патем и јас не сум правник..мање више битно..
    Секој факултет си има своја тежина и материјал кој што МОРА да се знае...
     
    sj *O*, Doozy, Harper and 9 others like this.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Joined:
    Jan 18, 2014
    Messages:
    2,488
    Likes Received:
    22,686
    Види златна, прво и основно мене не ми се обраќај во второ лице множина. Јас сум сигурна во себе и во моето знаење. Тоа што сум седнала да го научам, сум го положила, а тоа што не сум го научила, не сум го положила. Ќе го научам и ќе го положам. Јасно ми е дека и се не можам да знам, па тоа што сега нема да го научам некогаш ќе морам пак да го читам. Сум се нафатила на тоа, знам каде сум, спремна сум доживотно да се борам за тоа што го сакам. Значи, ТЕ МОЛАМ НЕ ГЕНЕРАЛИЗИРАЈ.

    Како колешка, застанав во одбрана на студентите кои беа нападнати од страна на немедицински лица, зошто прочитале прашања пред испит. Нивниот однос не беше конструктивна критика, туку беше дрзок и безобразен.
     
    ElenaOfRivendell, MeckaCia and Glowy like this.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Joined:
    Aug 28, 2017
    Messages:
    3,097
    Likes Received:
    6,692
    Gender:
    Female
    1 во 500 души е добар студент по општа јас мислам другите го утнале смерот
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Joined:
    Nov 19, 2009
    Messages:
    5,908
    Likes Received:
    14,597
    Gender:
    Female
    Имав и јас предмети на Медицински Факултет. Разликата од стоматолози и медицинари беше дебелината на книгите, од стоматолозите помалку се бараше. Ама прашањата беа исти. Нажалост за нас имаше медицински предмети за кои немаше практично и усно, и многу мои колеги положуваа само на прашања.
    Мене муабетот ми беше нема потреба да има прашања воопшто. Само практичен тест кој опфаќа се. Утре со пациент, нема прашања блиц "кои се симптоми на левосрцева слабост" (лупам банално прашање), туку човек кој набројува симптоми кои се заеднички за повеќе патолошки состојби, па студентот како иден лекар треба да знае да направи диференцијална дијагноза. Да знае да постави правилни прашања, и да ги поврзе информациите кои ќе ги добие. Сама така може да стане добар лекар. Затоа бубалиците се далеку од најдобрите практичари, во сите области, не само медицината.
     
    Lella, sj *O*, Doozy and 16 others like this.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Joined:
    Jan 18, 2014
    Messages:
    2,488
    Likes Received:
    22,686
    Целосно се согласувам со тебе. Нема потреба да има писмено. Доволно е практично и усно.

    Поентата ми беше дека студентите кога идат на усно имаат и практичен испит на пациент.
    Еден испит се одвива така што добиваш пациент. Го распрашуваш и прегледуваш целосно. Пишуваш анамнеза и статус по системи. Кажуваш каква дијагноза мислиш дека има пациентот, зошто, диференцијално дијагностички кои други болести доаѓаат во предвид, како ќе ја поставиш дијагнозата и каков третман би му дала на пациентот. Тоа е што се однесува до самиот пациент и неговата болест, а после тоа добиваш уште неколку прашања плус.
     
    Alishan30 likes this.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Joined:
    Nov 19, 2009
    Messages:
    5,908
    Likes Received:
    14,597
    Gender:
    Female
    Студент кој ова може да го положи, не му треба тест со прашања. Тој што не може, џабе му е и 100% да добие на тестот со прашања. Затоа тој тест е излишен.
     
    sj *O*, Annath, Glowy and 4 others like this.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Joined:
    Sep 3, 2016
    Messages:
    2,417
    Likes Received:
    34,778
    Gender:
    Female
    Не студирам медицина, но ќе се вмешам во темава.

    Прво што сакав да кажам е дека сметам дека образовниов систем ни е крш, првин во поглед на селекција на студенти кои ќе се запишуваат на факултетите.
    Сметам дека на секој еден факултет треба да има приемен испит за најпрвин да се видат претходните познавања од материјата која во иднина ќе се изучува подетално.
    Не може во држава како нашава, оценките од средно да се доволна гаранција дека некој треба да биде примен на одреден факултет.

    Второ што сакав да кажам е дека гледам дека упорно некои од вас го споменуваа бројот на предмети во година дека изнесувал 14.
    И тоа упорно се нагласува како да е така само на Медицина.
    Луѓе, факултет е. Бара учење, труд, работа, нерви и мноогу жртви.
    Еве само да ве утешам, кај мене максималниот број предмети кој сум ги имала во година изнесувал 15. :D
    Значи, ве сфаќам во тој поглед дека е напорно, но мора да се помине и тоа. Понатака сигурна сум дека во подоцните години и бројот на предмети се намалува. :)

    Трето, темата за Медицински факултет на неколку пати сум ја отворила како и други теми од образование.
    Извинете ама толкава дрскост и желба за расправање (со чест на исклучоци) никаде на другите теми од образование не сум сретнала.
    Генерализации секогаш имало и ќе има. Нема потреба толку многу да се потресувате ако некој кажал дека има многу неквалитетни доктори.
    Имаат кажувано и за многу други професии, тоа не значи по дифолт дека кога некој ќе спомене за мојата професија веднаш треба да ме тангира.
    Ако јас знам што правам, ако вложувам доволно време, енергија и труд во она што го изучувам, нема зошто да ме навредуваат таквите мислења.
    Всушност и ќе се согласам дека има и многу неквалитетни за мојата струка, затоа што сум видела се' и сешто.
    Исто и кај вас, не можете да гарантирате за знаењето на другите.
    Гледајте вие да не сте дел од неквалитетот, но не заборавајте понекогаш да сте и реални во согледувањата и за себе и за другите колеги.

    И за крај, нема ниту една професија која носи поголема одговорност од вашата.
    Ниту една.
    Не се сеќавам некој некогаш да рекол најбитнo од се' ми е програмата на која работам, кредитот во банката дали ми е покриен, куќата во која живеам дали има тераса или не, тужбата дали ќе ми ја уважат или не знам што друго. (рандом примери) :D
    Секогаш, пред се' иде најбитно ми е здравјето.
    Па оттука, за себе и за хуманоста која е главнa нишка во вашата професија, трудете се да бидете претставници на квалитетно здравство. :)
     
    Lella, Annora, sj *O* and 22 others like this.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Joined:
    Mar 8, 2016
    Messages:
    4,940
    Likes Received:
    53,169
    Gender:
    Male
    За ваква хумана професија треба да имаш желба а не да биде ради реда. Не сакам да генерализирам, тоа го мразам ептен, ама се кладам дека у најмала рака 1/4 од упишаните студенти на медицина се таму јер тато или мама се доктори па мораш синче/ќерче и ти да ни бидеш докторче.
     
    sj *O*, Doozy, cresa-jagoda and 10 others like this.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Joined:
    Aug 7, 2012
    Messages:
    17,252
    Likes Received:
    118,914
    Gender:
    Female
    Се надевам дека коментарот на членката - иден ДОКТОР дека на медицински факултет учи од прашања е мајтап или трол, оти ако не е ќе треба посовреме да запишам медицински факултет за сама да си се лечам :|
     
  17. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2012
    Messages:
    350
    Likes Received:
    2,774
    Gender:
    Female
    Стварно треба сама да се лечиш :( Во најмала рака да идеш на 1000 мислења по лекари зошто 9/10 од скрипти учеле. Нејќам ни да ја отворам таа другата тема за Медицински, ќе се нервирам.

    Него, студенти медицинари сфаќате колку ви е одговорна професијата? Дека за животи се работи и дека на ваша совест ќе е секоја грешка и погрешна дијагноза или лекување? Ама не сте вие криви, професорите ви се криви што не се замараат со вас. И родителите на повеќето што сакаат да ви наметнат професија. И што ви средуваат оцени и испити. Секоја чест на исклучоците.
     
  18. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2011
    Messages:
    2,871
    Likes Received:
    10,838
    Gender:
    Female
    Грешен е образовниот систем,какво бе писмено оценување во 21 век. Се злоупотребува. И готови прашања бе. Па толку ли вашите професори ценети доктори и асистенти немаат време да сменат нови да дадат?


    Еве на правен и економски е исто,имаат готови прашања,нели вие сте на тежок,најтежок факултет,зошто како останатите факултети што ги омаловажувате.
    Зошто да се повторуваат секоја година.
    Као нема материјал за идните генерации?
    Се знае, приемен испит и усно полагање,да влечиш прашања пред цел амфитеатар,полагаш практично. А доколку ти недостига бод/два нека даде писмено да те оцени. Тогаш секако ке го знаеш материјалот.
    И што е тоа подценување на останати факултети?
    Демек ако си на медицина си најобразован,најхуман...:wasntme:.
    Не се жалите.
    Студирате во време каде што се е поедноставено,а бајачките тријат раце од ваквиве доктори.

    И да е најитересно,пишуваат бруцоши. Уште што не се изгореле,и не ја виделе тежината прво на животот па потоа на факултетот.

    А во друга тема,ке ве поддржам после спрецијализација колку не сте платени. И во какви услови работите.
     
    Last edited: Nov 11, 2019
    sj *O*, Doozy, candy.cane and 4 others like this.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    23,920
    Likes Received:
    203,168
    Gender:
    Female
    Жалосно е колку суетата ви е развиена. Уште од старт, уште без да сфатите што навистина значи медицината. Ниеден предмет, ниедна вежба, ниедно предавање не се за пропуштање, ниеден испит, па колку и да бил банален (каков што велите дека е „Вовед во медицината“) не се учи ради реда, колку да се помине. Пошто се работи за професија со голема одговорност. Одговорност за човечки живот. Суетата тргнете ја настрана и фокусирајте се на она што е примарно во медицината, човечкиот живот.
    Порано, после завршен факултет и положен државен испит се одело на стаж и работа во селска амбуланта, далеку од градска средина. Пракса сосема поинаква од случувањата во болничките ходници. Да беше денес така 85% од сите што студираат медицина немаше да работат како лекари.
     
    SummerGirl, sj *O*, Doozy and 12 others like this.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,391
    Likes Received:
    17,613
    Gender:
    Female
    Ова колку не ти е на место :x Јас имам правен и правосуден ама не работам како адвокат, иако имам и предмети со застапување. И тоа ме прави неспособна?:D Абе ајде. Мене па адвокатурата не ми е некој предизвик, таков тип сум што не знам да манипулирам со луѓето, да лажам, да извртувам факти.
    Сега ќе се скараме и за правен.

    Во врска со темава, медицината ми беше предизвик и опција уште од средно. Не продолжив на медицина, можеби избрзав, сега по малку и се каам. Сакам науки кои се живи, практични, постојано во развој.
    Кога учам сакам да анализирам, да поврзувам и секогаш барам дополнителни информации за нешто (за било која област). Друго е да научиш дефиниција од некоја општествена "мртва" наука, тоа е тоа и навистина можеби само пола од теоретскиот материјал ќе ти се најде во пракса. Правниот е примена на закони, кои секој ден се менуваат. Додека ми е несфатливо да научиш само одговор на прашање од областа на медицината. Таму се е поврзано едно со друго. Како ќе научиш даден одговор а да не знаеш како дошло до тоа или што друго следи после тоа. Затоа сметам дека испитите на факултетите треба да бидат усни, со прашања и потпрашања. И мноооогу пракса, која исто ќе се оценува.

    Знам дека имаат пракса студентиве и специјализантиве. Но како што неодамна кажа еден доктор специјалист, за специјализантите кај него на работа, 9 од 10 специјализанти не се интересираат за работата и ретко доаѓаат на работа туку учат германски и специјализираат со идеја да се иселат а само еден еден ја сфаќа сериозно работата. Значи голем е процентот што спие на тоа уво, да заврши и да бега. Ама таму во Германија нема како тука батки, таму за да отидеш ти треба знаење и со самиот прв кикс се враќаш дома. Не е само научи германски, дипломата во рака и авионот за Германија.

    И јас сум сведок на тоа колку младиве специјализанти и специјалисти не се трудат да напредуваат. Мене тоа и ме плаши. Квалитетните кадри, професори итн.заминуваат во пензија. Страшно е кој останува. Па уште и ќе ги мотивирале докторите да останат тука. Како? Со вработување преку врски во јавниот сектор? Така ли?

    А тоа дека се вртеле исти презимиња(дедо, татко, син) има вистина ама и не мора да значи. Пример ќе дадам со др.Миле Тантуровски на ГАК, татко му е др.Драган Тантуровски. Значи и таткото и синот си ја имаат сфатено најсериозно професијата и се големи стручњаци. Имав среќа да се породам кај него. Не е воопшто опуштен или дигнат како некои млади, дури ми изгледаше пресериозно и стабилно за негови години.
    Додека на ГАК се имам сретнато со исто толку млад доктор/специјализант што не знаеше да ми најде фоликули :o Исто така, кога бев бремена со близнаците, една таква млада докторка, не знам дали специјализант или вработена не знаеше да ми ги најде бебињата во стомак и тоа на втор скрининг, вртеше со камерата, вртеше и на крај изгледа ги препиша мерките кои ми беа од матичната или Ремедика. Не ми текнува како да се викаше,изгледа Ема.
    После умирале бебиња, родилки. Тешко нас.За средниот персонал да не зборам, ги носеа бебињата за нозе како прасиња (чест на исклучоци)

    Значи студенти, сегашни и идни, не чекајте некој да ве критикува што учите по прашања. Прво научете го материјалот па после барајте прашања, ако веќе образовниот систем го дозволува тоа.
    Ако не ја сакате областа што ја студирате, за доброто на сите откажете се, има и други факултети кај што може да се пронајдете. Да учиш медицина со сила, да не разбираш како функционира човековото тело, да немаш желба да прочиташ дополнителна литература, да не пратиш светски трендови е навистина опасно, но по пациентот.

    Како одговор на темава-ќе кажам дека се зависи од студентот/човекот. Секаде има и такви и онакви. Разликата е што во медицината не треба да има такви заебанции, или те бива и учиш или не те бива и откажи се, човечки живот е во прашање.
     
    sj *O*, Doozy, cresa-jagoda and 6 others like this.