Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали студентите на Медицински факултет го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни доктори?

Дискусија во 'Образование' започната од eli25, 7 ноември 2019.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Со теоретско познавање од било кој факултет, знај да ги рецитираш напамет сите книги на светов во доменот на одбраното поле на образование, пак не си ни најмалку спремен за реалниот живот после завршувањето, кој со себе го носи и вработувањето и допринесувањето во полето на професијата.
    Праксата е клучна, пак ќе напоменам, за секој факултет, без разлика на тежината.
    Практикантите кои се вољни да се надоградуваат немаат можност за истото, пошто најчесто немаат некој свој со фирма, кој без проблем ќе ги прими и ќе им предава вештини од секојдневието. Принудени се да идат во фирми и институции кои рејтинг градат врз основа на нив, а таму се само бројка и потрчковци. Имав колешки кои беа примени на пракса во банка, и практиканството им се состоеше во китење на новогодишна елка, изигравање на лични асистентки на госпоѓите администраторки, идеа по доручек, кафиња и цигари.
    Едната од нив, пред мене заврши, не знаеше која е разликата од една уплатница до друга, ниту пак знаеше да ги потполни, а дипломиран економист. Кому да замериш ? Нејзе или на системот, кој ја трупал со милион, слободно ќе речам непотребни демагогии во книгите, наместо да ја запознае ете на пример, со еден од основните инструменти во платниот промет.
    Постојат и добри фирми кои имаат отворени врата за практиканти, кои вистински пренесуваат знаење, али нив можеш на прстите на раката да ги изброиш, немаат капацитет да ги опфатат сите заинтересирани кандидати, па затоа и доминираат првиве, пошто мора да трпиш за да земеш потпис и да запишеш година.
     
    На sj *O*, Doozy, oblace1 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Луѓето што коментираат од страна, а не се запознаени со обемноста и безпотребноста на некои предмети кои се учат се смешни. Поентата на учењето не е цела книга да се научи на памет. Заинтересиран студент ќе го има потребното знаење, за разлика од некој што се запишал само за да добие диплома колку да ја има.
    Кој како учел нема што да ве интересира. Вие како учевте и на кој факултет или со средно сте и хипохондрици па сега тука ќе трубите. За успешен доктор да си треба да имаш знаење од пракса што се добива кога работиш, а ако не работиш и само знаеш факти што си учел тогаш имаш само знаење, не си успешен.
     
    На ElenaOfRivendell, Angie1432 и Glowy им се допаѓа ова.
  3. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Хахахахаха хипокондрици бе. Дај Боже да не треба да идеш по лекари па да се соочиш со реалноста, па да си вака позитивна.
    И ме интересира кој како учел, зошто мене ќе ме лечи утре од пари што секој месец ги одвојувам за здравство. Не е ова лична карта вадење па ај вработи кого било. Иначе мастер имам, не сум со средно. Нас маста ни ја вадеа од 100 типа на полагања + проекти. И те како ќе ме интересира дали утре тој што ќе ме лечи полагал ко прваче на заокружување.
     
    На sj *O*, coldbaby, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Така со заокружување на приватен само. Мастер имам и јас и сега кога ќе се сетам секој испит од вкупните 45 сме го полагале по три часа. Ако веќе си издвојуваш пари сигурно нема да одиш кај некој што не го познаваш. Да не се лажеме кај доктор сите одат по препорака, а се очекува добар да е тој што носи презиме на претходниот што бил добар. Тоа важи за секоја струка.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.460
    Допаѓања:
    165.623
    Пол:
    Женски
    Би коментирала на темава, ама аргументите се исти како: „ако не си мајка - не коментирај“, така да ако не трошам време веќе ни на нив, нема да трошам ни тука. :hug:
     
    На sj *O*, candy.cane, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  6. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Сите одвојуваме пари де. Од бруто плата. А ова второво стварно веруваш во тоа? :D
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Ти од мајка ти или од татко ти си ја избра професијата ?
     
  8. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Од никого. Затоа ме чуди зашто мислиш дека е добар тој од добро презиме по дифолт.
     
    На sj *O*, candy.cane, Sejfullai и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Не реков дека мислам, туку дека се очекува од него да е добар, за да не ја наруши репутацијата на фамилијата доктори. Кажав претходно, ако некој сака да се истакне и да е добар во работата ќе биде. Ако не сака да работи со пациенти ќе биде представник и ќе шета по аптеки со актовка.
     
  10. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Не не, тато ќе му среди место на клиника на овој шо не го бива па ќе носи луѓе на душа најчесто. Тој шо го бива веројатно ќе го земат на некоја приватна клиника, ама нема да ме чуди и таму веќе врски да работат.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Се очекува од секој дипломиран академски човек (без разлика за што студирал) да биде добар во својата струка.
    А за тоа што го кажуваш имам пример кадешто таткото е фантастичен доктор, а синот основни работи не знае, да не зборуваме за поставување на диференцијална дијагноза. Тоа за него е виша математика.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Dentina и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Тој што го бива стварно не знам ни дали ќе остане тука. Најверојатно светла иднина ќе има во странство. Ако носи луѓе на душа тогаш ќе е разочарување и срам за фамилијата, што не смее да биде, ако татичко бил угледен. Врски имало и ќе има, не само за медицина, за се.
     
    На nightingale и Dentina им се допаѓа ова.
  13. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Се очекува, но колку бил заинтересиран за струката во текот на студирањето и дали стварно сакал да го работи тоа што го студирал, или само онака одел на факултет колку да заврши е проблемот. Сите сме имале колеги кои биле незаинтересирани, па се труделе да се провлечат на некои подмолни начини. Си мислеа дека ако најдат некои проектни од минатите години или ако препишат или ако некој друг ги потпише на спиток се паметните, а ние што учиме сме глупави. На секој факултет ги има и одвратни се.
     
  14. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Не можам уште да поверувам дека сум ви инспирација за отворање нови. Ама мило ми е што сум иницирала создавање на ваква тема, но толку сум исцрпена од други работи што немам време да објаснувам како, што и зошто се прави.
    Не сум била разочарана од образовниот систем СЀ УШТЕ во средно, откако дојдов на факултет и видов дека од нас се бара само да примаме информации, да учиме по 300страни за 2 недели и да полагаме три предмети, да не зборувам за НЕСИНХРОНИЗИРАНОСТА НА ВЕЖБИТЕ СО ТЕОРИЈАТА и оскудната пракса која и те како е битна.
    Студентите по медицина не оделе на предавања, по 10 куцал еден човек. Кажете ми како да одиш и на предавања од 8 до 3, а да стануваш секој ден до 6, да се посветиш ИСТО НА СИТЕ ТРИ ПРЕДМЕТИ, да зачуваш и физичко и ментално здравје?
    Па да, секако дека ќе барам алтернативни начини да ги поминам испитите како што можам и како што ми дозволува времето и за третиот предмет кој имено не го делам на најнебитен, ама нормално ќе го класифицирам во полесен и нему ќе му се посветам помалце.
    Точно дека секоја книга ја полагаме по неколку пати, имаме и усни полагања, а и завршен испит - така што нема да остане ниедна книта непомината ако сте се загрижиле за тоа, ама ќе ве разочарам дека докторите и идните доктори од моја генерација нема баш да ги знаат најситните детали со кои сега се замараме ама ни требаат да за ги поминиме. Основата е многу битна, теоријата е неопходна за праксата ама колку е тешко без визуелизација да памтиш анатомија и сл. предмети и како се бара баш да се учи напамет тоа е друго.
    Значи не се секирајте, здравјето си го даваме на коцка за да ве лекуваме. :)
    И притоа не се жалиме, немојте и вие.
     
    На ElenaOfRivendell, Angie1432 и Glowy им се допаѓа ова.
  15. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Ко и сите други студенти и на други факултети што на време земаат испити. Не си спешл сноуфлејк.
    Ако не можеш да го издржиш темпото откажи се и работи нешто друго.
     
    На sj *O*, Doozy, macysh и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Добредојде на факултет.
    Ненаспаноста е верен пријател кој ќе те следи во текот на целото студирање.
    Сите одиме полунаспани на факс, не си само ти.
    Сум одела со недели со по 3 часа сон дневно. Не е убаво чувството, ти паѓа главата, ти се затвораат очните капаци и чувствуваш дека веќе губиш сила, но тоа е студирањето.
    Ментално и физичко здравје нема да зачуваш затоа што е лоша организацијата на сите факултети, но не си само ти студент, so deal with it.

    Цел пост ти е жалење, ама не се жалиш. Ок. :D

    П.С. Добродојде назад на форумов. :D
     
    Последна измена: 11 ноември 2019
    На sj *O*, Doozy, Lianna Anna и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Многу критикувате, може едноставно да нѐ оставите да студираме, океј?
    Не сум јас посебна ама тврдам дека ниеден факс не може да се спореди со овој.
    Да не бев спремна немаше да се запишам и не туку спамајте.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Па шо се жалиш ако си спремна?
     
    На sj *O*, candy.cane, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Се жалите дека не се диференцираме во стручни кадри и може да го трпиме тоа, а ние не смееме ни збор да кажеме, значи поздрав.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Има начин за се. Не си единствен студент на медицина. Порано било многу потешко да се студира, немале при рака толку многу книги, нагледни средства и интернет. Барем денес благодарение на интернетот многу информации се подостапни за разлика од порано. Па излегувале феноменални доктори со генерации. Но тој број се намалува. Денес при толку многу технологија немаме добри дијагностичари, а порано со еден преглед и добра анамнеза знаеле што се случува.

    Иначе, за медицина, пиши пропало ако не ги совладаш анатомија, физиологија и биохемија до најситен детал. При тоа не зборам за учење на памет и бубање од книги. Туку, со нагледни средства, поврзување на материјалот од еден со друг предмет и користење логика - особено за физиологија. Додека не научиш како е изградено човечкото тело и како функционира до најситна клетка, нема да бидеш успешен лекар. Ако добро ги совладаш тие предмети, многу полесно ќе ти биде да ги совладаш патологија, патофизиологија и понатаму клиничките предмети и да станеш добар дијагностичар, што е клучно во медицина. Штом си поставил соодветна дијагноза, понатаму е полесно.
     
    На sj *O*, Doozy, Lianna Anna и 11 други им се допаѓа ова.