Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали студентите на Медицински факултет го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни доктори?

Дискусија во 'Образование' започната од eli25, 7 ноември 2019.

  1. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Точно, ама тука и не треба многу да се филозофира ниту да се плука на било кој студент, било да е на медицина или на друг.
    Сите студенти, а не верувам дека има таков запишан на медицина што не се труди и што не сака да е успешен.
    :)
    Go with the flow, прифаќаш и тоа е тоа.
    Ако денеска е олеснато и нема професионални кадри, мислите дека е само до студентите?
    А, што е со професорите кои си ги положуваат своите деца?
    Дупките во здравствениот и образовниот ситем се поврзани.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Секако дека не е само до студентите. Јасно ми е дека целиот образовен систем ни е за никаде. Ама кога веќе одбираш да студираш нешто што носи голема одговорност, барем да се научи како што треба. И суетата настрана.
     
    На sj *O*, Purplelilac, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Ама ако веќе и одбираш факултет во Македонија, треба да одбереш што ќе вреди, со друг факултет на кој имаат завршено многу и седат дома, подобро и не вложувај.
    Зборував во името на сите студенти, не сум само јас засегната во едукативниот систем, ама најзасегната сум во дискусии и секогаш капата на мене паѓа, а нема потреба, што и да пишам значи.
    :sweat::sweat::sweat:
     
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Не може ниеден факултет да се спореди со друг. На секој се учат различни работи.
    Што да кажат дечките од електро кои учат по 1000 задачи и исто толку теорија?
    Така што секој факултет е посебен и не значи дека медицина е најтежок а другите се само онака. И те како има и други доста тешки факултети.
     
    На sj *O*, Purplelilac, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Да, и ФЕИТ и машкински, па и градежен, не знам други што ми паѓаат на памет.
    Е сега не можам да го речам истото за филолошки за жал... Не викам дека е прелесен ама не може да се спореди.
    Не ги потценувам ниту тој ниту тој, јас пример не би студирала филозофски ниту право, сметам дека ако немаш желба и најлесен да е - нема да сакаш да учиш и ќе заглавиш, ама има разлика во материјалот.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Медицина не се учи само заради перспективност и финансиска добробит. Ако е тоа причината поради која си одбрала да го студираш тој факултет, тогаш е погрешна. За медицината треба да имаш љубов, и со љубов да ја работиш.
     
    На buba4e89, sj *O*, Purplelilac и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Па да немавме љубов поливина запишани за главната цел(толку е процентот на завршени на крај дури и помалку), реално немаше ни да помислиме 6 години да ги вложиме.
     
    На mache007 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Не може да се иде со генерализации. Има многу разлика и меѓу смеровите на ист факултет. На филолошки имаат многу материјали и книги за читање. Така што секој факултет си бара посветеност и учење,и правен и филозофски и филолошки, па дури и педагошки.
     
    На senza.parole, sj *O*, Pepi17 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Ќе се согласам тогаш. :)
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Овде така не звучи

    Човек што свесно одбира медицина, знае што го чека. Не е животот Grey's anatomy.
     
    На sj *O*, Purplelilac, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  11. ladyantebelum

    ladyantebelum Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Темава треба да биде затворена.Ова делува крајно демотивирачки и стресогено на студентите.Секој одговара за своите постапки,оставете секој да студира онака како што сака.Нека се стави крај на оваа дискусија,не е се само лекарите,тука се и идните економисти,правници,архитекти.
    Најубаво без сегментирање,отворете тема дали идните студенти сите во глобала ќе се добри во својата дејност.
     
    На Peperutce1115, Angie1432 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  12. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Не баш.
    Можеш само да претпостсвуваш, тек кога ќе се запишеш - тогаш вистински се запознаваш што тоа значи, ама нека, сѐ си знаете вие.
     
  13. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Ne sum del od medicinata no spored moeto skromno razbiranje medicinata ne moze da se sveduva samo ucenje i praktika tuku i na istrazuvacka dejnost.Treba aktivno da se sledat svetskite trendovi vo medicinata.Sekoja godina desetici i desetici iljadnici novi naucni trudovi se objavuvaat od oblasta na medicinata.Edni teorii se pobivaat so drugi teorii.Se kreiraat novi posovremeni i poefikasni tehniki na dijagnoza,hirurgija,materijali i taka natamu.Akademskata fela vo Makedonija treba da se zanimava so preveduvanje na najnova svetska literatura.Drzavata treba da stipendira doktori koi ke odat na usovrsuvanje na svetski instituti.Toa e cela niza na kletki sto pravat edno zdravstvo i obrazovanie da ima kvalitet.Od toa sto mi ima kazuvano eden sto studiral medicina vika seuste ucime od skripti od jugoslovensko vreme.
     
    На Angie1432 и Glowy им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Уште една работа сакам да кажам со која никако не се согласувам. Пак станува збор за генерализацијата ваша.

    Не сум дете на доктори, немам врски на факултетот, се што сум си положила било исклучиво со мојот труд и знаење. Немам по се десетки, ама имам убав просек со кој можам да се пофалам. Се дружам со колеги чии родители се лекари и апсолутно не се согласувам дека истите тие колеги дремат со скрстени раце и чекаат положување од мама и тато. Напротив, седнати се во прв ред во амфитеатарот, редовно одат на предавања и вежби, одлични студенти, си учат и положуваат. Тоа што се деца на доктори за нив е само плус, олеснителна околност, кога нешто не му е јасно, имаат кој да го прашаат. Познавам и такви деца на доктори, кои изгубиле година, но не добиле никаква помош од нивните родители. Значи, секакви не има.

    Сите предмети се важни, ниту еден не потценувам. Но дека постојат приоритети, секако постојат. Денови, недели и месеци сум потрошила за анатомиите и патологиите, за имунологија пак да не зборувам. И без разлика колку сум учела, пред полагање пак сум читала прашања, како сите студенти, како сите вие, без разлика за кој факултет станува збор. И во средно се сеќавам дека пред тестови, редовно комунициравме со учениците од другите класови за да размениме некое прашање. Тоа одсекогаш го имало и секогаш ќе го има. За џабе ги нападнавте студентите.
    Од друга страна, предметов заради кој настана целата фама е предмет кој со едно читање на книгата се положува и тоа со прилично убава оценка. Гарантирам. Како што некој спомна погоре, предмет од општа култура.

    Вистинското знаење се применува во пракса. Учам и вложувам многу од своето време, бидејќи не само што ќе лекувам луѓе кои не ги познавам, еден ден кај мене ќе дојдат и луѓето кои најмногу ми значат. Задоволна сум од својот избор, си ја сакам мојата идна професија и доживотно сум спремна да се надоградувам и да му служам на мојот народ. Мене совеста ми е чиста.
     
    На senza.parole, buba4e89, sj *O* и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Овие две работи се обратнопропорционални, а ти се напишани во ист пост. Сега кое е, сите на медицина се трудат или има и врски?

    Јас ќе ти го дадам одговорот: Секако дека има врски. На сите факултети има и од сите факултети излегуваат недоквакани студенти кои завршиле со мама и тато, а потоа и ќе се вработат кај нив и сѐ ќе ги научат. Страшно е за сите професии, но особено за доктори, затоа што од нив зависат човечки животи.

    На темата, не мислам дека ако некој учи од прашања по некој небитен предмет од прва година ќе стане лош доктор. Мислите дека вашиот доктор го памети целиот материјал по сите предмети од сите шест години? Секако дека има поважни и помалку важни работи. Проблемот не е учење од прашања по два-три предмети од сите шест години студирање, проблемот е постојаното полагање со врски, препишување со бубици, давање мито за да се положи, понатаму давање специјализации со врски и слично, и тоа се докторите од кои треба да се плашиме.
     
    На senza.parole, sj *O*, Doozy и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Да не навлегувам многу во дијалозите овде, само како одговор на прашањето од насловот на темата: мислам дека НЕ. Само ако некој индивидуално е заинтересиран и мотивиран, ќе стекне знаење кое потоа мора со пракса да се надоградува и со постојано читање, па макар да останеш и општ лекар, без да специјализираш.
    Јас за мојот факс можам да кажам поточно: стоматолошки фак. не те спрема да бидеш добар стоматолог. Потпросечен до просечен најмногу. За добар треба сам да се избориш. Тргнувајки од врски, застарени книги бар јас кога студирав до недоволна пракса, можеше да дипломираш без ниеден изваден заб или целосно изработена протеза, за мост или визил да не збориме. Врскаџии, плаќање испити и мизерија беше вообичаено, се надевам сега е подобро. А за медицина знам дека е исто барем за тие моите генерации. Ако те интересира ќе научиш, ако имаш врски или си син внук на оној овој ке дипломираш , и после во министерство или фармацевтска куќа ќе те убутаат. Има и хирурзи кои ВООПШТО не оперираат, дремат така и боље за пациентите и да не оперираат , оти ...страв ми е да мислам на тоа..
    Со среќа на сите студенти, и земете и тоа книгите малце..покрај прашањата:D
     
    На sj *O*, Purplelilac, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ги ставивте на клада децата за прашања, божем вие не сте биле студенти...тоа има цел факултет што го завршуваат со врски и мито (си имаат и јавно тарифа кажано за патологија чинам беше), а секако одат и на писмен испит и на практично истото да го полагаат, на вас од медицина мислам орден треба да ви се даде за полагањата, јас да одам 5-6 пати еден предмет да го полагам ќе се скренам мислам дека:Dа сега дека е битна и захтевна професија е, ко и секоја друга, ама апсолутно не најбитна, мислам не знам како споредувате медицина со електро, економија, право и градежништво(facepalm)кога секоја е скроз различна гранка ама е еднакво потребна, мислам што знам јас па членови само препишувам...
     
    На Angie1432, Golden, ElenaOfRivendell и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Не, немаат поима од животот, а па да не праиме муабет шо пола и више од нив не знаат ни македонски да зборат.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Сo љубoв се зaпишaле, кoи тoa? Oд мoјa генерaцијa oтприликa се зaпишувaa зaтoa штo рoдител имaaт дoктoр, зaтoa штo имaле преaмбициoзни рoдители кoи цел живoт сoнувaле oд гoлемoтo дoбрo утрo дa се aмa не успеaле и сегa дететo имa дoктoр дa биде, зaтoa штo петките им беa кaкo пoтврдa зa нивнaтa генијaлнoст и oткaкo се зaпишaa увидoa декa сепaк не се тoлку пaметни кaкo штo мислеa...ретки зaвршијa, уште поретки знаат повеќе од вирус, бактерија, диши диши и со 5 дијагнози ја поминаа целата своја кариера.
    Познавам и од поспособните, поамбициозните, повеќето заминаа во странство, учеа јазик, специјализираа...секоја чест и за нив и за тие што до ден денес учат и се надоградуваат и се одлични во својата работа, каде и да се.
    Да не се ставате сите во ист кош, знаеме колку е тешко да се заврши медицина ама знаеме и дека многумина со туркање завршиле и не ни значи баш вашето дремење над книга 10 години и немање социјален живот ако на крај не се видат резултати. Просечна интелигенција ако си, нема да излезеш гение ако се затвориш дома со тежок материјал кој едвај го разбираш. Пошто гледам често обожавате да потенцирате кои жртви сте ги направиле за разлика од многу други.
     
    На sj *O*, SummerGirl, joy1 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Незнам зашо судете на некој шо не познавате... Девојчето во темата пишало за некои прашања како шо разбрав и шо сеа? Од каде знаете дека не уче и не се труде? Можеби имала здраствен проблем или смртен случај па неможела да постаса и бара прашања. Не ја судите книгата според насловот.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.