1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали студентите на Медицински факултет го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни доктори?

Дискусија во 'Образование' започната од eli25, 7 ноември 2019.

  1. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    Еве во однос за идење на предавања самите студенти си направиле пародија :)
     

    Прикачени фајлови:

  2. mache007

    mache007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2018
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    621
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да те ставиме у групата од факс, па ќе не следиш полесно што правиме, како учиме? :rofl::rofl::rofl:
     
    На Maša8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се студира медицина со голема љубов, а не поради алчноста за слава, 2-3 бомбониери од пациенти, привилегии во секое поле, неостварените амбиции на мама и тато, можеби тогаш ќе биде нешто од здравството кај нас. До тогаш барајте комбинации од испит. До некаде и родителите ви се криви што ви всадуваат морални вредности за човекот прикажани преку образованиетo..
    И да не ве бидува, тато ќе пушти екстра кеш, или тато е познаник со декан, асистент...
    И нека не не вреѓа ова. Пред да се запишете знаевте колку е захтевен факултетот и знаевте дека ќе ви биде ускратено спиењето и дружењето, на крај краева запишете се на нешто друго.
    Али од коњ на магаре тешко...
     
    На Fleur-De-Lis, sj *O*, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    не секој учи на ваков начин. Е ама професорите знаат за ваквиот начин на учење па не даваат исто прашања. Еве прва година коа бев по предметот етика испитот закажан за во 11 саат професорот дојде во 2. Затоа што разбрал дека некако сме дошле до прашањата и правел и составувал нови тестови. Исто имаше случај по онкологија ни даде прашања може 50 Тина да имаше и ни даде скрипта да си ги бараме одговорите и да си ги научиме.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Девојчето рече дека вовед учело по прашања, а направивте како цел факултет така да го учи. Да се учеше се по прашања, секој еден ќе завршуваше и тоа со мн. јак просек, а не само 20-30% од тие што биле примени на почетокот.
     
    На Glowy, Angie1432 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  6. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    На било кој факултет не се стекнува знаење како пред 25 год. а имајќи го во предвид фактот дека денес можат 80% да завршат факултет(имаше статија).
    Тежината на факултетот не е иста,уште малце и задолжителен ќе го направат.По списоцине гледам запишани во трет рок со по 45-50 поени од средно.Џабе се расправиите :)
     
    На Fleur-De-Lis, Glowy, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Maša8

    Maša8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Не останува ни еден предмет ненаучен, не се секирајте. Покрај толку пати полагање, писмено, усно, практично, не е возможно да не се научи. Така да спијте мирно. Параноичните дома нека се лечат.
     
    На LoveHope, Glowy, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Пак мислите дека нешто сте посебни и дека само кај вас се полага повеќе пати ист предмет. Дајте малку свртете се околу вас и видете дека голем дел од студентите така полаагаат.
    Пак ќе речам, сигурна сум дека има супер студенти меѓу другото и на медицински кои се поамбициозни од другите. Ама фактичката состојба е друга.

    А вие ако сите ви се параноични и хипокондрици, колку и да сте спремни од факултет, никад нема да сте добри лекари, зошто пред се емпатија ви фали. Поголем дел од луѓето што пишаа тука не пишуваат ради реда. Веројатно се соочиле со здравствениот систем кој е полн со неспособни лекари, погрешни дијагнози и грешки за жал. Тоа е факт. Не е тоа параноја. Ве разбирам, млади сте, веројатно многу малку сте се соочувале лично со болести, па сфаќам зошто мислите дека е толку розево. Не е. Воопшто. Ужас ни е здравството. И вие сте тие кои треба да се борите први да се подобри квалитетот ако сакате да сте добри лекари.
     
    На cresa-jagoda, Golden, sj *O* и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.318
    Пол:
    Женски
    Баш убаво нѝ кажа, параноичните дома нека се лечат,а?
    А дипломата за што ја зимате?
    Замисли некој кој ,,не верува” во судството или полицијата и да речат ,,параноичните нека ја земат правдата во свои раце” знаеш што ќе се случува?
     
    На Fleur-De-Lis, Mrs. Lovett, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  10. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Не е фер да се обраќате генерално односно дека сите студенти не чинат, бидејќи има и такви кои се трудат и вистински учат, а тие што не прават така не положуваат и тоа е тоа.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.586
    Допаѓања:
    38.897
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум прва година, повторно ќе се свртам кон анатомија и ќе ја земам како пример - по тој предмет мораме да полагаме најмалку 7 пати семестаров ако сакаме да го положиме .Ако паднеме на некој од колоквиумите, плус уште 2 пати за полагање итн.Понатаму, имаме уште 6 предмети кои бараат задолжителни положени колоквиуми за да се полага испит.А ние сме уште на основата, не сме ни вистински навлезени во медицината, првава година може да се каже и дека е најлесна.

    Не го сфаќај ова моево како некакво докажување дека само нам ни е тешко(верувам и знам дека и на други одредени факултети е вака) и се жалиме, туку пишувам затоа што низ секој пост читам како ни се минимализира трудот што го вложуваме.

    Нормално дека не очекувам некој да ни се поклони, ама се добива мнооогу погрешен впечаток дека на медицински се учело од прашања, се поминувало туку така и секако тоа вечното дека сите сме "нечии" деца па пак сите си наоѓаме кривини и врски.
    Сите знаеме дека здравството како целина ни е на многу ниско ниво, ама да ги ставате како виновници на прво место студентите, кои пак ќе потенцирам - вложуваат огромен труд, е една голема грешка за во држава која не вложува во здравството онолку колку што треба а поставува мизерни услови.
     
    На senza.parole, Glossy-girl, Unicornus и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Секоја чест ако ти не си од тие децата на некого. И да си, ако се трудиш и учиш е сосема ок. Ама тоа "вечното" дека многу има што се од некој е реалност. И дека има врски. Не само кај вас на факултет.

    Инаку огромен труд и треба да се вложувате. На секој факултет не само вашиот. Секој студент треба сериозно да го испоти столчето за да заврши и да биде професионалец. А тоа што критериумите се ненормално паднати, па само амбициозните загреваат столче посериозно, тоа е друго. Не е ова нешто против тебе, верувам дека сигурно вложуваш труд да научиш. Но тоа треба да е стандард, а не исклучок.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Just.do.it и 6 други им се допаѓа ова.
  13. ladyantebelum

    ladyantebelum Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Не правите поделби
     

    Прикачени фајлови:

    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Го прочитав насловот и веднаш ми дојдоа мал милион работи кои сакав да ги дадам како одговор на прашањето од интерес. Како што навлегов во темава, читајќи ги мислењата од поедини форумџии, се предомислив неколку пати околу тоа што и како да напишам. И еве неколку дена веќе, одлагам да се изјаснам и мислам дека ако почнам да пишувам ќе нема крај, АМА еве сега ќе се потрудам да бидам што е можно по концизна:

    1. Од “дискусијата“ која се води просто се изненадив колку злобен народ има. Значи први сме да осудиме, да нападнеме, да дадеме остри критики без притоа да го чуеме и да размислиме за спротивното мислење. Ехх, луѓе мои драги, кога ли станавме толкави сезнајковци и толку нетрпеливи еден со друг. Камо да бевме олку гласни и упорни за да се избориме за некои добри реформи во општествово наше. Тогаш сигурно немаше да се водат дискусии од овој калибар. Наместо да се сплотиме и да создадеме шума, ние ги отцепуваме и последните дрвца што ни останале!! (метафора е! се плашам некој буквално ќе сфати, па недоразбирање, па кавги - беспотребно! )

    2. Во врска со прашањето.. Секој може различно да го дефинира епитетот УСПЕШЕН , и последователно, добиваме различни одговори. Многу малку форумџики реалната слика ја имаат претставено, за тоа какво ни е образованието, здравството, системот и тн. Не би сакала да навлегувам и да го разглобувам прашањето и одговорот, бидејќи навистина, ама НАВИСТИНА, ќе се расприкажам до утре сабајле. Исто така, не сакам да се објаснувам со луѓе кои не признаваат ничија перспектива(колку и да е реална), сем нивната(колку и да е утната). А има такви, и сигурно ќе најдат нешто што не им штима во моето мислење и веднаш ќе се нафрлат како волци на плен. Еве да не биде дека па ептен се кукавичам и јас, само едно нешто ќе кажам: секој човек станува онолку успешен , колку што ќе се потруди самиот!

    3.И за крај, една молба до модераторите: доколку се продолжи со напад-одбрана методава на дискусија, каде си ги проектираат личните фрустрации луѓево, а не реалната слика; ве молам ставете ја во канта. Некој погоре имаше пишано дека делува тотално демотивирачки на идните и сегашните студенти/медицинари, и навистина не е фер. Мислам сите со доволно безвезни ситуации се соочуваме секојдневно,на едукативно и на работно поле, па уште ова недостасува, дополнителна омраза наместо поддршка. А верувајте, многу значи и еден мал утешителен збор, особено на оние кои со љубов студираат/работат. :nod:

    пс: Претходното мислење го дадов во темата за Медицински факултет, пред да биде префрлено тука, и беше конкретно за дискусијата таму што се водеше до одреден момент. А ова сега е формулирано врз основа и на останатите мислења кои се изнесени во оваа тема, а и на прашањето кое го опфаќа истата.
     
    Последна измена: 12 ноември 2019
    На sj *O*, Glossy-girl, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Maša8

    Maša8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Кој рече дека сме "нешто посебни"? Тука дискусија не се сите факултети, туку конкретно ги напаѓате студентите на медицина. Нормално дека ќе ти објаснам како стојат работите, затоа што не знаеш. И не реков дека сите се параноични, ни хипохондрици, едноставно не може некој за ракав да ве влече да се лекувате каде што се лекувате. Верувам дека имало непријатни случки и знам каков ни е системот, свесна сум, тука живеам. Ама кажи ми што треба ние како студенти да направиме?
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто уште се дебатира на оваа тема.
    1. На секој факултет треба да се учи. Така лесно никаде не се поминува.
    2. Секој факултет е различен и затоа споредбите мислам дека не се издржани. Како што напоменав и претходно, има и други доста тешки факултети. Иако поделбата на тешки и лесни не сфаќам зошто уште доминира меѓу студентите. Секој избрал тоа што го интересира, или барем во најголем дел го избрале тоа што ги интересирало (исклучок оние кои имале друга мотивација за запишување на одреден факултет).
    3. Во странство многу чудно им е на студентите кога ќе ги прашаат дали им е тежок факултетот. Пример разговарав со девојка која студира на електро (не е од Македонија) и ја прашав дали и е тежок факултетот. Беше зачудена од прашањето и одговорот беше дека неа тоа ја интересира и се труди најмногу што може и поради тоа смета дека не и е тежок.
    Заклучок, труд треба секаде. Лесно не се стекнува диплома и не се станува стручњак без вложен труд.
     
    На cresa-jagoda, Oxymoron, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  17. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Леле ќе ми објаснела како стоеле работите не сум знаела.... У реду е. Арно ви кажаа погоре суетата да си ја заборавите...
    А тоа за ракав дека ќе те влечел некој воопшто не ти држи муабетот. Демек ако не ти се свиѓа лечи се кај друг. А ако ми се погодиш ти дежурна? М?
    И не ве напаѓа никој лично. Факт е дека критериумите не се во ред ако полагате со дадени прашања од напред, што впрочем е поводот за отворање на темата.
     
    Последна измена: 13 ноември 2019
  18. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Зошто упорно викате дека е "суета" во прашање, кога вие сте тие што напаѓате?
     
    На Maša8, Glowy и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  19. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите. Како студент по медицина се почувствував тангиран во дискусијава, па затоа ќе дадам мое мислење. Во повеќе наврати велите дека не сме "посебни". Така е, не сме ништо посебни поради титулата доктор, општествен углед и сл. Но сме "посебни" поради фактот што најмалку 6 години посветуваме на апсолвирање знаење за да помогнеме некому плус со нашето знаење сме столбот на здравствениот систем во државата. Сите знаеме колку е битен здравствениот систем и уште повеќе знаеме што значи интерпретирање на лоша здравствена почитика што е секојдневие во Македонија. Токму поради ова ви ги разбирам фрустрациите и недовербата во системот. Ама другари за тоа не ви се криви студентите по медицина, крив ви е системот! Како што сте волку жестоки во препукувањата, бидете исто толку силни и гласни во борба против системот кој се заснова на "врски", партиски вработувања и создавање на хендикепирани кадри без морални вредности. Се најдобро.
     
    На Glossy-girl, Maša8 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  20. Natalyy123

    Natalyy123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Би сакала и јас да кажам неколку зборови на оваа тема.
    Лично како студент на медицина, многу ме боли кога ќе слушнам како луѓе од страна веруваат во тоа дека ,,нашите доктори се за нигде,, , знаејќи не само јас, туку и моите колеги и колешки колку се трудат да добијат што повеќе знаење. Многу пати сум го одбила друштвото за излегување, сум плачела кога не сум можела да сфатам некој дел од материјата, не сум била наспана со денови, да не правиме муабет што се случува во испитна...Ова не го кажуваме за да не жалите или да се ,,фалиме,, колку сме јаки. Ова е само дел од реалноста, колку ние се трудиме, а и образложение зошто се иритираме кога некој не го цени доволно нашиот труд.
    Е сега, иде моментот на кој не може да се миже, а тоа се колегите кои буквално цел факултет го поминаа на прашања и со ,,повикај пријател,, хаха таканаречените врски. Верувајте има такви и кои не се појавуваат. Да не беше ова вистина, здравството ќе цутеше и немаше да ги има проблемите што се денес присутни. И сите ние сме многу лути што покрај нивниот, го црнат и нашиот образ. Настрана тоа што они полесно поминуваат и што не виделе што е мака во животот, да треба 10 пати повеќе да се трудиш за да успееш. Ама така се успева на крајот на денот, зарем не?
    И пак се се сведува на моментот дека ниеден труд што бил вложен не е залуден, и дека вистина еден ден ќе исплива на површината :)
     
    На Maša8, TeonaZ, Fleur-De-Lis и 4 други им се допаѓа ова.