1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали студентите на Медицински факултет го стекнуваат потребното знаење за да бидат успешни доктори?

Дискусија во 'Образование' започната од eli25, 7 ноември 2019.

  1. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Биохемија и хемија истиот професор беше и буквално паѓав за глупости. Теорија знаев ама на задачи паѓав ми дојде преку глава веќе. 3-4 пати паѓав и кога беше ургирано теорија се кажав како што треба. А, биохемија ми се запнуваше исто за глупости еднаш ме бутна зашто не сум знаела да продолжам кај што закочила колешката, а јас не слушав туку си повторував во памет нешто сосема трето. Те вадат од такт. За да поминат децата од докторите другите си плаќаат. Ова не е нешто ново секогаш и секаде било така.
    Никој не ми ги положил тие 65 испити. Сум паѓала многу пати ама учев и тоа здраво. За овој денес не бев баш спремна не ми се учеше, ама у август нема кај да бега.
     
    На WildMk и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Всушност на ниеден факултет нема скрипти со само по 50 или 60 стр.
     
  3. PureEnergy

    PureEnergy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2020
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе биде се, ќе научиш и ќе ги положиш, само не се опуштај и заинати се, дај вложи последни сили. После најважно е да откриеш во која област се пронаоѓаш и ако имаш можност и воља, запиши специјализација што сметаш дека ти лежи и се пронаоѓаш, немој да заглавиш на ниво на општи лекар или по ново спец. за семејна медицина. Медицината нуди многу повеќе, само амбиција, воља и учи со разбирање за да ти остане знаење. И да ти се погодат добар тим ментори кои несебично сакаат да научат и споделат искуство и знаење. Дека ваквиве се ретки во последно време.
     
    На thequeen95, christinnn и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Специјализацијата те прави специјалист во таа една гранка, ама пред тоа треба да знаеш сѐ што е поврзано со човекот како жив организам оти си доктор. Тоа е избор кој самата си го направила.
    Биохемија е важен предмет, не знам како го сметаш за неважен. Ако не знаеш како треба да се измери и да се рапредели точно количество на реактанти за да добиеш некаков краен продукт, стварно не знам како ќе даваш терапии на пациентите. Важно ти си зела испит со врски, после 2 пати полагање јер не си сакала да се нервираш, но коментираш други кои го прават тоа, иден докторУ. (fingers)

    И како што има некој што не знае што е матка, и како да измеша раствор за некаква инфузија, така има некој што знае сѐ погоре наведено. Ама се ретки, а тие првите се мнозинство и затоа имаме ваков здравствен систем и (не)грижа.
     
    На Alisa22, Bezimenka90, annii и 10 други им се допаѓа ова.
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Луѓе дајте не се понашајте ко од марс паднати, ко да немате воопшто студирано.
    Јас на правен сум, доста полесен факс од медицина ама моментално спремам испити од по 500-600 стр и ич не е лабаво.
    И никогаш не сум поминала со ургенции или дадени прашања.
    Ама на предмети, како информатика или англиски сум одела без книга да пипнам пошто се скроз небитни.
    И на медицина сум сигурна дека во 100годишните студии ќе се погодат предмети шо во најмала рака немаат врска со медицина па ќе сакаш да ги поминиш лесно. Не би да разглабвам за горенаброените предмети пошто стварно не знам колку се битни, немам појма од медицина, зборувам општо.
    И то не значи дека ќе биди лош лекар во иднина, или па јас лош правник пошто замислете информатика не сум научила.|(
     
    На *Amethyst*, edna_malecka, Принцезичка1 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Јас па стварно не сфаќам што е со оние што кукаат додека да се запишат на одреден факултет, ќе ги примат па цел свет мора да знае како им се исполнила желбата и после плукај по сѐ живо и диво, и предмети и професори.

    Не оти со ланци ве држат, не разбирам што не заминете оттаму ако не ви чини толку, ионака не ја заслужувате таа позиција кога некаде можеби има некој што сѐ би дал да е на ваше место и што го посакува ова повеќе.

    Особено смешно ми е кога за некоја ваква сериозна професија како медицинско лице ќе речат дека некој предмет е неважен. Тоа што човечки живот од тебе зависи еден ден, неважно ли е? :D
     
    На Waverly Raven, CoverGirl10, black-angel и 18 други им се допаѓа ова.
  7. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Да, битни се ама не може јас да знам се хемија. Фала богу, знам основата ама равенките искрено не ми се корисни. Никој не израмнува веќе во пракса. Биохемија знам што се протеини, јаглехидрати, масти, витамини ама сфаќате ли дека некогаш се запинаат за глупост и лечат комплекси со студентите? Кажав погоре зошто ме бутна вториот пат и тоа никако не е тесно поврзано со моето знаење. Биофизика исто ми беше тапа предмет положив на втор пат, а учев све на памет и сега да ме прашаш немам поим, и не само јас туку сите студенти.
    За терапија што спомна фармакологија положив на прво. Можам да ти кажам дека повеќето лекови и дози не ги памтам затоа што има Преееемногу и никој доктор, баш никој не ги знае сите.
    Све се учи на пракса. Студентите кога ќе почнат со стажирање се како изгубени Германци зашто многу е различно теорија и пракса. Во медицината 2 + 2 никогаш не се 4.
     
    На Alishan30, Lovelynne, PureEnergy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. PureEnergy

    PureEnergy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2020
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Женски
    Малку дискутабилно е ова дека не може да се рамни информатика и англиски со биологија и хемија, ај да беше муабетот за некој изборен предмет кој и така се полага само со семинарска или промоција на здравје пример( иако со должна почит кон проф. и тука има некоја мудрост и знаење ако редовно се слуша што е најбитно и што потенцира на предавања проф.) па да можеше да се спореди некако. Ама биологија и хемија се битнички, некако како римско и уставно право кај вас на фах( мислам овие ви се во побитните во 1ва ако не се лажам).
     
    На Alisa22, Angie1432, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.091
    Пол:
    Женски
    Ај да не си правиме филмови, не секој предмет и не цел материјал е потребен за да бидеш добар доктор, факт.
     
    На *Amethyst*, Alisa22, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Да бе замисли седиш на кафе и гледаш како човек го удира кола, стануваш нели како доктор должност ти е да помогнеш и? Дали тогаш ќе е битно да знаеш да израмниш равенка или треба да знаеш прва помош?
    Или шеташ на планина те каснува змија?
    Или некој во близина има епилептичен напад?

    Имав предмет хигиена кај што учев димензии на гроб. Да. Ова учев и не полагав, туку си земав техничка осмица. Срамота каков доктор ;(
     
    На *Amethyst* и edna_malecka им се допаѓа ова.
  11. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.091
    Пол:
    Женски
    Многу ми се смешни вакви муабети, имаш студирано медицина ли?
     
    На *Amethyst* и thequeen95 им се допаѓа ова.
  12. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    А што мешаш прва помош што всушност мора секој да знае, со факултетска диплома и со тоа статус и позиција на човек што професионално се занимава со нештово и нечии животи зависат од него? :D
     
    На Alisa22, Bezimenka90, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.091
    Пол:
    Женски
    Ај пробај со свој труд заврши медицински па да те видам дали ќе го пишеш повторно првиот дел
     
  14. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    95% од луѓето не знаат што да прават во таква ситуација или прават погрешно. Сигурно и ти.
     
    На *Amethyst*, edna_malecka и Anie93 им се допаѓа ова.
  15. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Се читате ли некогаш што пишувате? Со чиј труд да заврши, ако не со свој? Жално што сте го зафатиле местото на некој што со желба и љубов би учел и би полагал без врски.... Срам да ви е!
     
    На An-na, CoverGirl10, Star_dust и 16 други им се допаѓа ова.
  16. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Тоа не значи дека треба да се земаат предмети со ургирање.
    Ако си за запишал на тој факс од старт си знаел какви предмети ќе имаш, се гледа секој година шо предмети ќе учиш.

    Па уште ќе браниме сега дека ургенции на некој предмети е океј а ? (facepalm) За медицина мислам зборувавме, не згрешив.
     
    Последна измена: 2 јули 2020
    На An-na, Alisa22, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.091
    Пол:
    Женски
    А луѓево што мислат дека биологија и хемија се основата и најбитните ан медицински.... Како да ви кажам ама не се:)и додека пола држава работи нешто за кое што нема ниту завршено, пикната е со врска, со завршени курсеви, со ќе се снајде кога ќе почне да работи. Многу за право си даваат да ги критикуваат медицинските лица:D секогаш нели сите се знаат како медицинско лице треба да се однесува. Дај гледај си во професијата, не се мешај во штипки. Пробај да бидеш подобар во својот домен, а не секој втор зборува за хипократова:lol:
     
    На *Amethyst*, Alishan30 и thequeen95 им се допаѓа ова.
  18. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.091
    Пол:
    Женски
    Па јас сум со желба и љубов запишана и со свој труд и со каснење година па ми е скурчено од факсот и општо од поголем дел од проф:Dа ова сум сигурна дека е мислење на повеќето студенти, така да мислам се знае кај да се бара проблемо.
    Ама извинете светци, не ве познав на форумов:rofl::rofl::rofl:
     
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Ургенции на медицина? Прв пат слушам дека постои такво нешто? Не се криви студентите и тие што сакаат врски да фаќаат, овие докториве што прифаќаат и што пуштаат се ненормални. Кое здравство го имаме сега, а замислете кога ќе дојдат овие да не лечат. И после ќе се лечиме со интернет. Катастрофа, страв ми е за иднината во оваа држава :worried:
     
    На Alisa22, Alishan30 и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    А кој некогаш би знаел СЕ' хемија? Тоа е природна наука, и секој ден подлежи на некакви модифиакции како таква. Поентата е да се потрудиш да научиш доволно, она што треба да го знаеш, а после и повеќе ако сакаш.
    Изравнувањето равенки е најпростата задача во хемијата, треба да имаш исто количество на сите елементи во сооединенијата. Ако ти не знаш како да измешаш една инекција, што ќе ти е знаењето за како функционираат мастите, протеини и витамините во организмот? Ако ти не знаеш како да ги контролираш во една таква ситуација кога има некаков проблем. Се' е поњрзано тука измеѓу, не знам како можеш да кажеш дека Биохемијата е неважен предмет во медицината.

    Секаде има авторитети кои лечат комплекси, а факултетите се најголем пример за тоа обично. Ама секој може да научи барем за 6ка, место да фати врски. Ако не може иден доктор да се позанимава повеќе од 2 пати за еден предмет кој не може да го положи, и да побара протекции место тоа, резултат може да бидат страшни последици.
    Жално е што некои персони не сфаќаат колку одговорна е дадена позиција во нивната професија.

    А тоа дека се' се учи во пракса е скроз погрешно, посебно во браншата на медицинарите каде човечките животи се коствени. Во пракса применуваш знаење кое веќе го имаш барем во теорија, или преку некое друго искуство.
    Ако на тебе ти требаат прво неколку лешови за да 5ттиот пациент го спасиш, дај биди доволно хуман без дипломата и оди доучи пред да почнеш да практикуваш.
    Тоа дека 2+2 не се 4 е најголемата глупост во една компарација. Оти 2 плус 2 се секогаш 4, ама ти треба да знаеш и да бидеш сигурен дека собирателите ти 2ки, а не други бројки. Тогаш добиваш друг резултат, и има причина за тоа.
    Продолжи да си се смееш на сопствените мислења:
    Не се основата, ама во комбинација со сите други, се'.

    Најсмешно ми е кога некој околу мене поставува прашања од типот "зошто учи тоа што го учи, и зошто ќе му треба"... :D
    За да имаш знаење во момент кога ќе треба да го искористиш. Ако не сакаш да учиш, што бараш во образовна иституција? Или евентуално, нема да положиш со (нај)добра оценка.
     
    На Ambitious, Alisa22, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.