Ти мила никаде не пиша дека си имала надворешен удар, туку пиша имав удар во стомакот. Друго, мачнини.. не можеш да имаш мачнини а нај малку не 2 недели пред циклус. Има бремени тек после 7 8 недела чувствуваат мачнини ама никако 2 недели пред циклус. Исцедокот може да ти е од овулацијата. Мене ми изгледа дека ти не знаеш како доаѓа до бременост. Тоа е цел процес кој што не постои шанса да се случи 2 недели пред циклус. Ако нешто не ти е јасно, слободно пиши ми, ќе ти објаснам.
Навистина се мислев за коментаров, ама ке го пишам па ако не е соодветен нека го избришат. По 85% од мислењава се гледа дека девојчиња мили навистина воопшто не сте информирани како се создава плод, како се прават деца да кажам, а сте сексуално активни, не знаете да се заштитите, кондом користите за заштита од бременост, а воопшто не мислите на сексуално преносливи инфекции кој можат големи проблеми да ви направат, не посетувате гинеколог од срам.. јас не знам во 21 век, во време на интернет, каде со два три клика се може да дознаете, вие поставувате смешни прашања по форуми, прашајте било кој лекар и матичен нека е ке ви објасни, блиска постара братучетка, сестра.. Имате тема во темата Секс, каде може да прочитате основни информации, за сексот и заштитата..Не е срамота да знаеш да се заштитиш од инфекции и болести. Има луѓе со вистински проблеми, а вие си правите проблеми од не информираност, не знаење и не заинтересираност.
Оф леле македонска работа одма напад, можи јас сум млада и неинформирана и згрешив што пишав овде, ама ова однесување е крајно безобразно, али нема врска не ми доликува да ја продолжувам оваа дискусија, фала што се потрудивте да ми објасните , секое добро поздрав
Да, ние тука на гравчиња си гледаме дали ти си бремена или не 2 недели пред циклус. А за ударот, не објасни убаво, џабе се лутиш.
Е не сум знаела дека од посебна така биднувало. Да научам и јас нешто ново. Ауу, 30 години ќе направам уште малце, а да не знам ова...
Здраво женски, ве читам подолго време, никогаш не сум пишала затоа што не сум планирала бременост, ова е првиот пат да се обидуваме за бебче, па сакав да ве прашам вака..последна менструација на 22ри октомври во траење од 5дена,овулација негде околу 8ми ноември,секогаш добивам на 31 или 32 дена, тука во овулација имавме незаштитени односи и обиди за бебе, после тоа тек на 21ви ноември пак обид, ама утредента на 22ри добив, еве јас ко медицинско лице знам дека нема многу шанси чим сум добила ама во гинекологијата не се 2+2=4,секогаш постои можност, па сакав да прашам дали има некоја од вас слично искуство на моето,зошто имам другарка која остана бремена на 4ти ден од добиено однос кога имале ама тоа не значи дека тогаш зачнала, зошто нели сперматозоидите живеат до мсксимум 7 дена во таква средина, па такс што можно е и отпосле неколку дена да се случило зачнувањето, ама и кај нејзе е друго зошто никогаш немала редовна менструација ама што знам се е можно, иначе од кога добив имав 3 дена само после тоа по капка две на ден и еве денес нема ништо, обично секогаш ми е вака секоја менструација
Мислам дека не си бремена. Овулацијата ја следиш или претпоставуваш по некои симптоми дека тогаш ти била? Можеш да земеш тестови за овулација и да видиш кога точно овулираш, пошто не е секогаш како по книга. Така ќе ти биде полесно да забремениш. Со среќа.
J80 Фала ти за одговорот, иначе ја осеќам овулацијата а и пратам па да не речам скоро секој месец, и секогаш сум мислела дека е така лесно и дека се фаќа од прва, ама нема, кога ке пробаш баш и мозокот многу ти мисли се оптоваруваш сама себе и несака, следениов месец се надевам ке си го опуштам мозокот највеке што можам па ке видиме, ако не се случи некое чудо
Нема потреба од толку оптеретување и следење на апсолутно секоја дата и час. Опушти се, така стегнати и психички и физички ќе ви влијае. Како што те разбрав и не така одамна сте почнале, така да се е нормално.
Пробај да не си толку оптеретена психички пошто тек сте почнале со обиди. Пробувајте си интензивно, ама опуштено и без притисок и бебе ќе си дојде. Ако недај Боже нема ништо за некој месец, ќе си направите основни испитувања со партнерот.
Луѓе имав после 45дена на породувањето однос.. без заштита и дојам, незнам дали има паника дека може бремена да сум???! а ниту знам кога ќе добијам ништо..цело време мислам..и гледам доле на раната дека сум шиена крв тече не многу.. и мноогу болеше, повеќе од прв пат однос.. дали има место за паника??
Секако дека е можно да си бремена. После 2 недели од односот направи тест и ќе знаеш. Апстинирај од односи додека не заздрави раната.
Devojki deneska bi trebalo da dobiem uste nema nisto imam pogore pisuvano sto simptomi imam E sea deneska bazalna temp mi se pokaci na 37.1 dali ima shansi za bremenost Vcera pravev test shur chek imashe slabo bleda 2 linija
Сликнија да ја видиме линијата, ако е слаба втора линија тоа значи рана бременост, по 2-3дена ке биди жар црвена.супер.