Na slikaata voopsto ne se poznava no vo zivo se gleda bleda bleda linija ne mi docni ima nedela i nekolku dena pominato odkako imav nezastiiten odnos, no vo zivo se poznava
Разглоби го, поубаво ќе се познава (од искуство ). Ако има бледа цртка, тоа е рана бременост. Честитки.
Ако е за толку кратко време можно е да има, ајде стискаме палци почекај да ти доцни па направи пак тест
Здраво девојки. Овај месец втор пат примав кломифен на 15 ден имав два фолекули едниот ми беше со димензија 25.5 мм но немав оволуција. Другата ден имав болки во јајниците а истата ден омавме и однос со сопругот, дригата ден бев на контрола и докторот ми кажа дека сум имала убава оволуција и ми препиша дабрастон кој почнав да го пијам одма од дента. Е сега немам никакви симптоми денес ми е 4 ден од овулацијата. Сега ми е чудно немам ни симптоми за добивање како досега градите ме болеле од првата ден по овилација. Можно е од дабрастонот да немам симптоми. Се извинувам на долгиот пост.
@IRBBB Не се разглобува, тука да го разгледаш поубаво дали стварно има втора линија @Sweet girl.. Ама пак повтори го за една недела. Со лесно
Јас искрено гледам втора бледа линија. Веднаш ја видов, кога ја отворив сликата. Се надевам не грешам.
јас гледам бледа линија , би ти препорачала утринска мокрача и нов тест за два дена за да видеш сигурна , вака изгледа како многуууууу рана бременост ..... кај мене беше вака одма два дена после имплантација
И јас гледам пребледа линија,исто и јас сум ги разглобувала тестовите за поубаво да видам за три четири дена повтори го, скоро сигурна сум дека ќе има јасна линија
Луѓенца ми доцни 2 дена а пред 2недели имав незаштитен однос,тестот испадна негативен(фрухтест земав што детектира рана бременост) , има ли шанси да не е точен?(инаку не сакам да е позитивен,ама се плашам да не испадне позитивен)
Здраво феминки. Ве пратам веќе некое време, но ова е мојот прв пост. Од пред неколку дена ги имам следниве симптоми: болка во левиот јајник, повремено и цел долен дел од стомакот, лошо расположение и нервоза без посебна причина и малку зголемен апетит. Имам болни менструации, но пред да добијам немам никакви симтоми (со исклучок на нервозата) болката во јајникот ме тера да помислам на бременост. Имаме редовни односи (секој ден или преку еден ден), особено околу овулација. Немам направено тест бидејќи е сеуште рано; треба да добијам за 5 дена. Имам редовен циклус и пред два месеци ги имам направено сите контроли на гинеколог и се беше во ред. Со мм сме во обиди за бебче втор месец. Иако знам дека секое тело и организам се засебни, ме интересира дали некоја од Вас, пред да дознае дека е бремена имала вакви симптоми? На сите ви посакувам што поскоро да си видите две цртки
Јас ви пишав пред една две недели кога го правев првиот тест на кој идкочи бледа линија,сега пред неколку дена уштр едрн направив на кој е потемна линијата ама не е уште скроз црвена,што мислите? Еве ги двата
Позитивен е ептен рана бременост е повтори го пак кога ќе ти доцни еден ден и појако ќе ти ја покаже линијата